You are on page 1of 2

АВСТРАЛИЈА

Австралија е најмал континент на земјата. Се наоѓа со целото


свое пространство на југ од екваторот и зафаќа површина од
7.686.850 км2. Таа е единствена држава во светот која зафаќа еден
континент.
Во поглед на бреговата разгранетост, Австралија е слична на
Африка. Нејзиниот источен и западен брег потполно се
неразгранети. На нив нема ниту еден поголем залив и
полуостров. По должината на северниот дел на источниот брег,
паралелно со брегот, се протега Големиот Австралиски Корален
Гребен, кој е доста опасен за бродарството.
Австралискиот континент претставува ниска висорамнина која
во источниот дел преминува во планинско земјиште. Австралија
во просек е најнизок континент.
Најголемиот дел од австралиското копно е пустина или полу-
пустински предел и со тоа Австралија се смета за најрамен
континент во светот со најстара и најнеплодна почва. Само
јужниот и југоисточниот дел од Австралија се плодни и погодни
за живот. Највисок врв во Австралија е Кошчушко (2234 м) и се
наоѓа на Австралиските Алпи, во источниот дел на континентот.
Австралија лежи целосно на јужната земјина полутопка, што
значи дека кога во Европа е зима – во Австралија е лето и
обратно. Во северните делови владее тропската клима. Летните
монсуни дуваат од морето и носат врнежи. За време на зимските
монсуни, во северниот дел на Австралија владее суво време.
Јужниот дел на Австралија има суптропска клима. Во целина
земено, Австралија е топол континент. Единствено на
Австралиските Алпи и Тасманија во зима редовно паѓа снег.
Поради пропустливото земјиште и недоволно количество
врнежи, реките во Австралија се малубројни. Најпознати се Мари
и Дарлинг во југоисточна Австралија, а Флиндерс во северна
Австралија.
Австралија има население од околу 21.8 милиони жители и скоро
сите се потомци на колонијални доселеници, најчесто емигранти
од Европа и Азија. Официјален јазик е англискиот. Во однос на
верската определенот, најголем дел од населението се
христијани. Австралија е уставна монархија со парламентарен
систем на власт. Кралицата Елизабета II е австралискиот монарх.
Австралија се состои од шест држави, три територии на матично
копно и седум мали прекоморски територии. Државите се: Нов
Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија, Викторија
и Западна Австралија. Две значајни континентални територии се
Северната Територија и Австралиската престолнинска
територија.

You might also like