You are on page 1of 4

Тема: Движењето на Земјата

Наставна содржина: Земјата и Сонцето

Вовед
Вселена
Големиот воздушен небески простор кој не опкружува е познат под поимот
вселена или космос. За настанувањето на вселената постојат повеќе научни
претпоставки или хипотези. Најчесто луѓето кои се стручњаци за астрономија,
тврдат дека вселената настанала после една голема експлозија наречена Биг-
Бенг.
ГАЛАКТИКА
Сите ѕвезди и соѕвездија што може да се забележат со телескоп, го
формираат големиот ѕвездест облак, кој во науката е познат како Галактика
или Млечен Пат. Овој ѕвездест облак кај нашите народи е познат како
Кумова Слама кој има над двеста милијарди ѕвезди.

Сончев систем
Во галактиката се наоѓа нашиот Сончев систем. Сончевиот систем го
сочинуваат Сонцето (ѕвезда), планетите и другите небесни тела (комети,
метеори, атероиди..). Планетите се најголемите и најпрепознатливи објекти
во структурата на Сончевиот систем после Сонцето. Во споредба со ѕвездите
кои се светли, овие небески тела се темни и потешко се забележуваат од
површината на Земјата. Во Сончевиот систем има осум планети: Меркур,
Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун. Планетата Плутон исто
беше дел од Сончевиот систем , но поради тоа што е многу оддалечена од
Сонцето и е мала планета, научниците имаат поделени мислења дали таа
припаѓа или не припаѓа на начиот Сончев систем. Планетите кружат околу
Сонцето по неправилни кружни или елипсоидни патеки наречени орбити.
Научи ги планетите по редослед!
Земја
Земјата е трета планета во низата планети од Сончевиот систем. Како и
другите планети таа е темно небесно тело. Земјата прави две движења:
РЕВОЛУЦИЈА-е движење на Земјата околу Сонцето , во обратна насока од
движењето на стрелките од часовникот, кое Земјата го прави за една година или 
365 дена и приближно шест часа по патека наречена орбита.
РОТАЦИЈА- е движење на Земјата околу нејзината замислена оска во спротивна
насока од движењето на стрелките на часовникот односно од запад кон исток за
време од 24 часа

ЗЕМЈИНА ОСКА-Замислена линија околу која Земјата ротира која


минува низ Земјата , поточно низ Северниот Пол и  Јужниот Пол на Земјата.
Земјата има елипсовиден облик. Таа е сплескана на половите, а издолжена на
Екваторот.
Доказите за ваквиот облик на Земјата можеш да ги проследиш во презентацијата,
„Планета Земја“.
Околу Земјата кружи природниот сателит наречен Месечина. Земјата има еден
природен сателит-една месечина. Месечината е студено и
темно небеско тело;

Пречникот на Месечината е четири пати помал од пречникот на Земјата.

Сонцето
Сонцето е наша најблиска ѕвезда. Ѕвездите се усвитени, гасовити
тела кои зрачат сопствена светлина и топлина.
Тоа спаѓа во групата на малите ѕвезди -„џуџиња“ иако има пречник кој е 108 пати
поголем од пречникот на Земјата.
Сонцето припаѓа во групата ѕвезди со средна усвитеност со температура на
површината од 60.000 до 70.000°C. Има ѕвезди кои се многу поголеми од Сонцето,
но затоа што се многу далеку од Земјата, можеш да ги забележиш само како многу
мали, светли и трепкави небески тела.
Повеќе информации за сонцето,земјата и месечината можеш да добиеш ако
ги погледнеш видеата
на следните линкови:
:https://www.youtube.com/watch?v=RzkJkEKV8Yk&ab_channel=HappyLearningEnglish

https://www.youtube.com/watch?v=riMAITbLqZI&ab_channel=SmileandLearn-English

You might also like