You are on page 1of 8

Шарска област

Изработил:
Матеј
Совкаровски II-6
Шарската област се протега од најзападниот дел на Република Македонија. Планините
од Шарскиот предел се протегаат на југ од македонско-грчката граница до македонско-
српската граница на север, на запад од македонско-албанската граница до
Пелагониската област на исток, од која е одделена со Преспанската, Кичевската и
Полошката Котлина. Шарската област е составена од млади верижни планини кои се
издигнале во кенозојската ера. За време на дилувиумот највисоките делови од
планините се наоѓале под ледници. Остатоци од ледничката ерозија денес има во
речиси сите планини од овој предел. Шарскиот предел е богат со пасишта, шуми, но и
со руди, како што се: хром, железо, манган и неметални руди: мермер, гипс итн.
На Шарската област и припаѓаат младите планини: Шар Планина, Бистра, Стогово,
Караорман, Јабланица, Кораб, Дешат, Крчин и Галичица. Во оваа област се наоѓаат
Преспанската, Охридско-струшката, Кичевската, Полошката, Дебарската, Мавровската
Котлина и котлината Дебрца. Со долината на реките Радика и Црн Дрим и со Охридската
Котлина, Шарската област е поделена на два дела: внатрешна и надворешна зона.
Внатрешната зона е составена од планините: Шар Планина, Бистра, Стогово, Караорман
и Галичица и котлините: Полошка Котлина, Кичевска Котлина, Дебрца и Охридско-
струшката Котлина.
Шар Планина е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија.
Самата планина зафаќа повшрина од 1.600 км². Пространото планинско било го
сочинуваат две големи и пространи висорамнини - Враца и Рудока. Шар Планина се
наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Шарпланинскиот масив се
протега во правец североисток - запад – југозапад во должина од 76 км. Најпознати
врвови на Шара се: Титов Врв (2748 м), Мал Турчин (2702 м), Бакрдан (2700 м),
Љуботен (2499 м), Бистрица (2540 м), Црн Врв (2580 м), Голем Срт (2520 м),
Трапезница (2599 м), и тн.
Бистра е планина во Македонија која се граничи со 6 други планини, и тоа Шар
Планина, Буковиќ, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб. Позната е по своите пасишта, на неа
се наоѓа голем скијачки центар, а бидејќи се граничи и со Мавровското езеро поголем
дел од планината спаѓа во Националниот парк „Маврово“. Заради особените природни
убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските
предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750
хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица
којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се
карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете езера - Охридското и
Преспанското.
Дешат е исто така дел од Шарската област. Највисок врв е Веливар со 2.373 метри. Има
неколку мали леднички езера. Најпопуларно е езерото Локув, кое се наоѓа на
североисточниот дел на планината на 1.560 метри надморска височина и е
најниско ледничко езеро во Македонија. Од источната страна тече реката Радика, која ја
дели од Бистра и Стогово. Поголем дел од планината е во подрачјето на Националниот
парк Маврово.
Караорман — средновисока планина што се протега во западна Македонија. Највисок
врв е Орли Врв (1.794 м). Во правец север–југ планинското било постепено се спушта
во Охридско-струшката Котлина.
Западниот дел на Шарскиот предел го сочинуваат планините: Кораб, Дешат и
Јабланица, а тука се наоѓа само една котлина - Дебарска Котлина.
Кораб е планина во Македонија, на границата со Албанија. На неа се наоѓа
највисоката точка во земјата - Голем Кораб кој е висок 2764 метри надморска
височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север.
Јабланица е планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-
струшката и Дебарската Котлина, западно од Црни Дрим и брегот на Охридското
Езеро. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки
речни долини, карстни и фосилни глацијални облици. Врвови повисоки од 2.000 м
се: Стрижак 2.233, Крстец 2.186 и Чумин Врв 2.125 м.
Од котлините кои се наоѓаат во источниот дел на Шарската област, најголема и
најзначајна е котлината Полог. Од западната и делумно и на северната страна
Полог е ограден со Шар Планина, од источната страна е ограден со планините
Сува Гора и Жеден, а на југ е ограден со падините на Бистра и Челоица. Во
југозападниот дел на Полог се наоѓа изворот на најголемата македонска река
Вардар-Вруток . Просечната надморска височина се движи од 360 до 430 метри
во Долни Полог и од 430 до 580 метри во Горни Полог.

You might also like