You are on page 1of 7

Кочанска котлина

Местоположба

• Се наоѓа во источниот дел на Македонија, во


средниот слив на реката Брегалница, помеѓу
планините Плачковица од југ и Осогово од
север. На исток од неа се Малешево и Пијанец,
од кои е одвоена од средновисоките планини
Голак и Обозна, а на запад е кратовско-
злетовската област кон која како граница се
јавува нискиот но долг Рајчански Рид, потоа
Овче Поле и штипскиот крај од кои кочанската
област е одделена со ридот Шаренковец,
сатеската на Брегалница кај с.Крупиште
Настанување
• Според досегашните испитувања, дојдено е до научни сознанија
дека Котлината настанала по тектонски пат. Пресудно значење за
денешната форма и релјефната структура одиграле тектонските
движења
• За одделни делови од Кочанската Котлина постојат посебни
имиња. Така, средишниот дел е познат како Кочанско Поле (или
само Кочанско), југоисточниот како Виничко, а западниот дел како
Злетовица. Територијата пак околу поголемите села се именува
како: Оризарско, Истибањско, Зрновско, Облешевско и сл.
Занимање

• Котлината има релјефна погодност и


плодна почва, која заедно со
расположивата хидрографска мрежа
овозможува природно движење на
водата и дозволува житните култури,
посебно оризот, да егзистираат во
извонредни природни услови.
Земјоделство

Најразвиена стопанска гранка во Кочанската Котлина е


земјоделството, односно првобитно полјоделството и
градинарството, а потоа и сточарството. Најпознатата
земјоделска и житна култура кој се одгледува од дамнина, а по
која Кочанската Котлина е надалеку позната и прочуена во 
Македонија и на Балканот е оризот. Одгледувањето на ориз е
застапено во илјадници хектари најповеќе во средишниот
рамничарски дел на котлинското дно, а во функција на
оризопроизводството се отворени и работат посебни погони и
претпријатија како лупилници за ориз и оризова арпа.Останати
житни култури кои се одгледуваат во голема мерка се
пченицата и пченката, како и стрмните жита пред сè овес . Се
поголеми размери добива и градинарството, пред сè
одлгедувањето на познатите „кочански“ домати (патлиџани)
кои се се повеќе застапени на пазарите во Скопје. Покрај
домати, се одгледуваат и зелка, пиперки, компир, кромид,
морков. Сточарството е најзастапено во северните делови на
Кочанската Котлина и во подножјето на Осогово,
Останати индустрии
Од останатите економски гранки, најразвиена е трговијата и лесната преработувачка
индустрија, концентрирана во главните градски центри на котлината, Кочани и Виница.
Најпознати претпријатија се индустријата за автоделови „Руен“, печатницата „Европа 92“.

You might also like