You are on page 1of 3

КИЧЕВО

Кичево — град во средишниот дел на Западна Македонија и


административно седиште на истоимената општина. Градот лежи во
Кичевската Котлина под југоисточните падини на планината Бистра. Кичево е
оддалечено 110 километри од Скопје, а се наоѓа на речиси половина пат
меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар). Градот Кичево со
својата местоположба претставува еден од најважните сообраќајни и
транзитни центри во Западна Македонија.

Потекло на името Кичево


Кога дошле Словените во овој крај основале нови населби. Во тоа време
најверојатно бил основан и денешниот град, кој, како населено место првпат
се споменува во една повелба на византискиот цар Василиј Втори од 1018
година со топонимот Кицавис. Во 1316 година во близината на градот
Кицавис (Кичево) бил изграден манастирот „Св. Пречиста“ во кој некогаш
престојувале и се школувале нашите први преродбеници Јоаким Крчовски и
Кирил Пејчиновиќ. Народните легенди поинаку го објаснуваат денешното
име на градот Кичево. Според легендата на Марко Цепенков, името на
Кичево го поврзува со тврдината над градот што ја изградил Волкашин за
ќерка му Кита. (сестра на Крали Марко) . По нејзиното име тврдината
(калето) била наречена Китино Кале, односно Китин Град. Подоцна под
Китино Кале била основана населба која според името на Кита (Ките, Киче –
нагалено) била наречена Кичево.

Старата кичевска чаршија


Во вековите под турска власт, Кичевската чаршија го добива денешниот
изглед (веројатно не многу поразличен од оној пред тоа). Сите цркви се
уништени. Доаѓа до масовна исламизација на населението кое станува
значително муслиманско. Но во првите векови од владеењето на
Османлиите забележлив е и нов процут на трговијата во чаршијата кога
почнуваат да се градат многу занаетчиски дуќани. Чаршијата добива повеќе
убави чешми, се гради градската џамија, саат-кулата (1741 година) која гледа
накај неа. Се градат и неколку теќиња (дервишко, бектешко...) кои постојат и
денес. Куќите кои се градат тоа време, биле со дуќан долу и простор за
живеење горе. Првите векови од владеењето на Турците се карактеристични
како мирен период. Впрочем и самата империја доживува полет на секој
план. Чаршијата пред нешто повеќе од еден век го добива денешниот
изглед. Во неа, како и во Кичево (во 1903 брои нешто над 4.000 жители)
зајакнува христијанскиот елемент. Население се доселува во безбедноста на
градот каде е помалку загрозувано од разбојничките банди. Се градат нови и
убави чорбаџиски куќи, анови, пекарници. Тука се одвиваат и некои од
активностите на ВМРО пред Илинденското востание. Во 1907 година,
веројатно со засилувањето на христијаните, се обновува црквата Св. Петар и
Павле на темелите на постарата црква. Стариот антички пат, кој сега е
централна градска улица е калдрмисан. Калдрмата постои до денес. Но во
1938 година чаршијата губи еден од најголемите нејзини белези, саат-кулата,
која горела во пожар, веројатно во 1926 година. Српскиот управител на
Кичево не сакал да ја обнови и наредил да ја урнат бидејќи го потсетувала на
турското владеење.

Туризам
На само 3 километри од центарот на градот на падините на Бистра се наоѓа
познатото излетничко место Крушино. Во центарот на градот се наоѓаат
остатоците од средновековниот град Китино Кале. Исто така веднаш по
Крушино на само 6 километри се наоѓа селото Кнежино и манастирот Св.
Ѓорѓија. На околу 9 километри јужно од Кичево, на регионалниот пат кон
Битола, се наоѓа манастирот „Св. Богородица Пречиста - Кичевска“,
најголемиот духовен центар во Кичевско, како и еден од најпознатите
христијански и воопшто верски храмови во Македонија. Сместен e планината
Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Според преданијата на местото
на некогашниот древен храм, во близината на светата чешма, која и денес ја
посетуваат оние кои веруваат во исцелителната моќ на нејзините води, во
1316 година е изграден манастир посветен на Пресвета Богородица.

Туристички водич: Антонио Ристовски


IV-1

You might also like