You are on page 1of 8

Географска положба,

граници и големина
на Р. Македонија
Општи карактеристики
• Името на Макдонија потекнува од зборовите МАКОС (што значи голем,
висок, планински) и ДОН – земја. Или Македонија би значела голема,
висока земја.
• Македонија е европска држава во централниот дел на Балканскиот
Полуостров со главен град Скопје.
• Македонија на исток граничи со Бугарија, на север со Србија и Косово,
на запад со Албанија и на југ со Грција.
• Површината на земјата е 25.713 км², а бројот на население (според
пописот од 2002 год.) изнесува 2.022.547 жители. Просечната густина
на населеност во Македонија е 78,7 жители/км².
• Македонија има историја подолга од 2500 години.
• За време на Втората светска војна, во 1943, на второто заседание на
АВНОЈ, македонскиот народ за прв пат е признаен како посебен народ
• На 02.08.1944, на првото заседание на АСНОМ, Македонија е
прогласена за република во состав на поранешна СФР Југославија.
• Независност: 08.09.1991 год.
• Прием во Oбединетите Нации: 08.04.1993 год.
Географска положба
• Р.Македонија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот континент, односно во
централниот дел на Балканскиот Полуостров.
• Географските координати на државата се протегаат помеѓу 40°51’ и 42°22’ СГШ и
помеѓу 20°27’ и 23°05’ ИГД. Најсеверната точка во Р. Македонија се наоѓа кај
местото Аниште, северно од Крива Паланка. Најјужната точка на државата се
наоѓа во месноста Маркова Нога, на источниот брег на Преспанското Езеро.
Најисточната точка се наоѓа кај Ченгино Кале, беровско, додека најзападната
точка е лоцирана кај местото Кестењар, југозападно од Дебар.

Р.Македонија има географска


широчинска разлика (север-југ)
од 1°31’, додека географската
должинска разлика (исток-
запад) изнесува 2°38’.
Соседни држави и гранични
премини
Северна граница
• Должина - 263км
• Гранични премини
- Јажинце
- Волково
- Блаце
- Сопот
- Табановце
- Пелинце
Источна граница
• Должина - 177км
• Гранични премини
- Деве Баир
- Делчево
- Ново Село
Западна граница
• Должина - 192км
• Гранични премини
- Стење
- Св. Наум
- Ќафасан
- Блато
Јужна граница
• Должина - 262км
• Гранични премини
- Дојран
- Богородица
- Меџитлија

You might also like