You are on page 1of 35

See discussions, stats, and author profiles for this publication at: https://www.researchgate.

net/publication/312901775

Физичка географија на Република Македонија - Physical geography of the


Republic of Macedonia

Chapter · May 2008

CITATIONS READS

0 1,052

1 author:

Ivica Milevski
Ss. Cyril and Methodius University
115 PUBLICATIONS   173 CITATIONS   

SEE PROFILE

Some of the authors of this publication are also working on these related projects:

Acta Geobalcanica View project

STUDY FOR THE VALORIZATION OF NATURAL AND CULTURAL POTENTIALS IN THE BISLIM GORGE IN A FUNCTION OF TOURIST DEVELOPMENT - WITH URBANISTIC PLAN
ON A 7 KM ALONG THE GORGE View project

All content following this page was uploaded by Ivica Milevski on 26 January 2017.

The user has requested enhancement of the downloaded file.


д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 1

ТЕМА

ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Овој дел од учебникот ќе ти помогне да ги запознаеш основните природно-


географски карактеристики на Република Македонија. За полесно да навлезеш во
содржините, на почетокот се претставени географската положба, границите и голе-
мината на нашата држава. Потоа ќе дознаеш за нејзините релјефни карактеристики,
каква е климата и кои се одликите на хидрографијата. Ќе откриеш каква е застапе-
носта и разновидноста на растителниот и животинскиот свет и какви видови почви
има во нашата татковина.
Низ одделните поглавја ќе забележиш дека на ова мало парче земја, природа-
та била исклучително дарежлива.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 2

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА НА РЕПУБЛИК А МАКЕДОНИЈА

Истражувај и дознај...
Како се обележани границите на географската карта? Со кои држави се граничи Република
Македонија? По какви терени минува државната граница? Што е граничен премин и за што
се користи? Во кој дел на Европа и Балканскиот Полуостров се наоѓа нашата држава?

ГРАНИЦИ И ГОЛЕМИНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Државна граница е линија утврдена со меѓудржавен договор, која ја ограничу-


ва територијата на некоја држава. Границите најчесто минуваат по највисоките делови
на планините, потоа по должина на реките, преку рамници, езера и други објекти. На
копно се обележуваат со бетонски столб или камен, на вода со пловни знаци, а на карта
со линија, најчесто црвена по боја. Република Македонија се граничи со 4 држави: на
север со Република Србија, на исток со Република Бугарија, на југ со Република Грција
и на запад со Република Албанија. Бидејќи Грција и Бугарија се членки на Европската
Унија, велиме дека нашата држава на југ и исток за сосед ја има Европската Унија.
Границата на Република Македонија, во најголем дел е природна, бидејќи се
протега по највисоките била и врвови на планините. Така, северната граница кон Ср-
бија е природна на делот што минува преку врвовите на Шар Планина и Скопска Црна
Гора. На исток таа е послабо релјефно изразена бидејќи ја сече широката Кумановско-
Прешевска повија, потоа долината на Пчиња и долините на неколку нејзини притоки.
Источната граница кон Бугарија, исто така е природна, бидејќи минува по највисоки-
те била и врвови на Осоговските Планини, Влаина, Малешевски Планини, Огражден и
Беласица. Помеѓу последните две планини кратко ја сече долината на реката Струмица.
Јужната граница кон Грција, освен преку планините Беласица, Кожуф, Ниџе и Баба,
минува и преку широки котлини (Гевгелиска и Пелагониска) и преку езера (Дојранско
и Преспанско). Западната граница кон Република Албанија во поголем дел е природна
и се протега по високи планини: Галичица на југ, потоа Јабланица, до Кораб (со Дешат
и Крчин) на север. Западната граница, на одредена должина минува и преку езера (Пре-
спанското и Охридското Езеро), а во Дебарската Котлина води по реката Црни Дрим.

Дали знаете...
Вкупната должина на границата на Репуб-
лика Македонија е 849 km, малку повеќе
од одалеченоста помеѓу Скопје и Виена.
Најдолга е границата со Грција, 262 km, а
најкратка границата со Бугарија, 165 km.
Од другата страна на границата со Грција
и Бугарија, живее значителен број маке-
донско население.

Граничен камен на границата со Бугарија,


по билото на Осоговските Планини.
Во наведените граници, нашата земја зафаќа површина од 25.713 km2 и според
површината спаѓа во групата на помалите држави.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 3

140000
Графикон на површини на
120000 држави (во km2) на Балкан-
100000
скиот Полуостров. Поглед-
ни кои се поголеми а кои
Површина во km/kv

80000
помали држави од нашата?
60000 Какви се по големина сосед-
40000
ните држави? Што заклучу-
ваш? Кои се предностите на
поголемите, а кои на пома-
20000

0
Грција Бугарија Србија Хрватска БиХ Албанија Македонија Словенија Црна Гора лите држави?

ГЕОГРАФСКА И СООБРАЌАЈНА ПОЛОЖБА


НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Република Македонија сe наоѓа во југоисточниот дел на Европа. Таа го зазема


средишниот дел од Балканскиот Полуостров. Затоа велиме дека е европска и балкан-
ска земја.
Нашата држава се протега помеѓу 40°50` и 42°20` северна географска ширина и
20°27` и 23°05` источна географска должина. Во меридијански правец, најголемата дол-
жина изнесува 170 km, а во напореднички правец 215 km.
Република Македонија не излегува на
море, ниту пак на некој отворен воден
пат. Затоа таа е континентална земја. Но
сепак географската положба на Републи-
ка Македонија е многу поволна. Во неа
се вкрстуваат значајни патишта што по-
врзуваат повеќе земји од Балканскиот
Полуостров и од овој дел на Европа. Тоа
денес поволно се одразува врз стопан-
ството, но во минатото честопати нејзи-
ната поволна положба знаела да и носи
и многу неприлики.

Географска положба на Републи-


ка Македонија во Европа и на
Балканскиот Полуостров. Кои се
позитивните а кои негативните
страни на таа положба? Зошто
велиме дека нашата држава е во
Балканскиот јазол? Каква форма
има територијата на нашата др-
жава? Кое од околните мориња
ни е најблиску а кое најдалеку?
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 4

Дали знаете...
Република Македонија е 400 km поблиску до Екваторот откоку до сверниот Пол.
Најјужната точка на нашата држава е кај местото Маркова Нога на источниот брег
на Преспанското Езеро, а најсеверната е кај местото Чупино Брдо, северно од Крива
Паланка. Заради разликата во географската должина во нашата држава, сонцето на
крајниот исток (кај Берово) изгрева 8 минути порано отколку на крајниот запад (кај
Дебар).

Поради географската положба и природните погодности на долините и котлини-


те, низ територијата на нашата татковина поминуваат важни сообраќајни правци. Oсо-
бено сообраќајно значење има долината на реката Вардар која широко е поврзана на се-
вер со Моравската долина а на југ кон Егејското Море. Токму по долината на Вардар
минува меѓународниот автопат Е-75 и меѓународната железничка пруга. Тие се најваж-
ната сообраќајна врска на Македонија на север со земјите од Западна, Северна и Средна
Европа, а на југ со Грција и Средоземјето. Овој патен коридор по долината на Вардар
уште се нарекува коридор 10.
Големо значење за сообраќајното поврзување со други земји има и коридорот 8.
За разлика од коридорот 10, тој има претежно напореднички правец. Со овој коридор,
нашата земја се поврзува со Бугарија на исток и со Албанија на запад, а поминува низ
Крива Паланка, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Покрај совреме-
ни патишта, се предвидува
долж овој коридор да се
изгради железничка лини-
ја.
Паралелно на коридорот
8 минува и друг многу
значаен сообраќаен пра-
вец кој на исток преку
Штип и Делчево продол-
жува кон Бугарија, а на југ
преку Прилеп и Битола
кон Грција. Тоа е патниот
правец М-5. На голем дел
од овој правец постои и
железничка линија.
Во поново време, големо
значење за сообраќајното
поврзување на нашата
Карта на поважните меѓународни врски низ Република Маке- земја има долината на ре-
донија. Пронајди ги патните гранични премини. Спрема кои ката Лепенец. Преку неа
држави немаме железнички премини? минува Јадранската маги-
страла и железничка ли-
нија која е врска со Косово и со Јадранското Море.
Освен наведените сообраќајни правци, Република Македонија има уште десети-
на врски со соседните држави кои се од помало, локално значење.
Големо значење за сообраќајната поврзаност на нашата земја со подалечните
држави во Европа и во Светот имаат двата аеродроми во Скопје и Охрид. Преку овие
„воздушни порти“ луѓето од останатиот дел од светот најлесно и најбрзо стигнуваат да
ги видат убавините на нашата татковина.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 5

Истражувај и дознај...
Кои сообраќајници водат кон соседна Србија? Кој патен правец е од најголемо зна-
чење за поврзување со Бугарија? Низ кои котлини поминуваат сообраќајниците кои
водат кон Грција? Покрај кои езера водат патишта кон Албанија? Дали нашата земја
е поврзана со воден пат кон некоја соседна држава?

Патни гранични премини:


1. Табановце (со Србија);
2. Богородица (со Грција);
3. Ќафасан (со Албанија);
4. Деве Баир (со Бугарија);
5. Делчево (со Бугарија);
6. Блаце (со Косово).

Размисли и одговори...
Кои делови од границата на Република Македонија се добро релјефно изразени, од-
носно природни? Колкава е должината на нашата граница со Европската Унија? Зо-
што Република Македонија е континентална земја? Низ кои места поминува кори-
дорот 10 и коридорот 8?

РЕЛЈЕФ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Истражувај и дознај...
Со кои сили настанува релјефот? Каков може да биде релјефот на некој простор?
Какви бои преовладуваат на релјефната карта на Република Македонија? Кои
планини се протегаат во околината на твоето место? Во која котлина е твоето место
на живеење?
Релјефот е една од најзначајните карактеристики на географскиот простор. Тој
го претставува обликот или изгледот на топографската површина на земјиштето со со-
одветните форми: планини, котлини, долини, возвишенија, вдлабнатини и сл.

РЕЛЈЕФНА СТРУКТУРА И ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РЕЛЈЕФОТ


НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Релјефот на Република Македонија настанал со взаемно дејство на внатреш-


ните и на надворешните сили, низ еден многу долг процес кој траел милиони години.
Овој простор уште од подалечното геолошко минато се одликувал со бурни движења на
магмата во Земјината внатрешност. Таквите движења предизвикале напукнување и ра-
седнување на Земјината кора, при што некои делови се спуштале, а за сметка на тоа, со-
седните делови се издигнувале. Од деловите што се издигнувале, настанале планините,
а од оние што се спуштале, настанле котлините. Често, на места каде што имало силно
раседнување, во минатото се појавувале вулкани, кои денес се изгаснати. Котлините
пак, за време на влажна клима биле исполнети со големи езера, кои пред неколку сто-
тици илјади години се исушиле или истекле. Од тие езера денес останале дебели
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 6

напласти на ситен песок и глина, врз кои се формирале плодни почви. Заради сето тоа,
релјефот на нашата земја не е едноличен, туку „разигран“, разновиден и многу инте-
ресен. Речиси не постои подрачје во Европа каде на толку мал простор се сменуваат
бројни котлини со ниски зарамнети полиња, опкружени со високи планини, што на
релјефот му даваат мозаичен или шаховски изглед.
Во релјефот на Република Македонија доминираат планините, бидејќи тие зафа-
ќаат 2/3 од целата површина. Вкупно може да се издвојат околу 40 планини, од кои нај-
голем дел се ниски (до 1000 m) и средно високи (од 1000 до 2000 m), а помалку се зас-
тапени високите планини (над 2000 m). Од високите планини, 5 се високи над 2500 m и
тоа: Кораб, Шар Планина, Пелистер, Јакупица и Ниџе.

Релјефна карта на
Република Македо-
нија. Пронајди ги
поголемите плани-
ни и котлини. Око-
лу која планина
има најмногу кот-
лини? Која е најго-
лема котлина?

3000

2500

2000

1500

1000

500

0
Кожуф
Јакупица
Шар Планина

Јабланица
Ниџе

Стогово

Осогово

Галичица

Беласица
Баба

Водно
Бистра

Добра Вода
Кораб

Споредбен график на височината на високите плани- Впечатливиот врв Љуботен на Шар


ни во Република Македонија во однос на планината Планина, до почетокот на XX век
Водно. Кои планини се во источниот, кои во централ- бил сметан за највисок врв на Балка-
ниот, а кои во западниот дел на државата? нот. Пронајди го на карта.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 7

Планините во источниот и централниот дел на нашата држава се јасно ограниче-


ни со ниски превои, раседи и котлини. Поради старите, помалку цврсти карпи од кои се
изградени, овие планини имаат заоблени била и врвови. Затоа ги нарекуваме громадни
или раседни. Планините пак во западниот дел на државата се повисоки, обично изгра-
дени од поцврсти карпи и имаат остри гребени и врвови. Тие протегаат во долга низа-
верига и понекогаш тешко може да ги разграничиме една од друга. Затоа овие планини
ги нарекуваме верижни.
Планините во Република Македонија се поставени така што најчесто од повеќе
страни заградуваат ниски рамничарски и ридести подрачја. Поради формата во вид на
котел, ваквите релјефни подрачја се нарекуваат котлини. Поголеми котлини се: Пела-
гонија, Скопската, Струмичко-Радовишката, Кумановската, Тиквешката, Полошката
Котлина и други. Во најниските делови на котлините се наоѓаат зарамнети полиња и
широки речни долини, а по страните се протегаат ритчести возвишенија, кои постепено
преминуваат во планински страни. Котлините помеѓу себе се поврзани со клисури кои
се всечени во планините и со превали, преку кои поминуваат значајни сообраќајници.

Високата планина Јакупица со врвот Солун- Велешка Котлина со градот Велес и дел од
ска Глава (2540 m). Кој град е на сликата и Велешката Клисура. Во кој дел на котлина-
во кој дел на котлината се наоѓа? та е градот? Која планина е во далечината?

Освен внатрешните сили со кои се создадени планините и котлините, големо


значење за формирање на релјефот на Република Македонија имаат и надворешните си-
ли. Тие се: топлината од Сонцето, потоа врнежите, водата (речна и езерска), мразот и
ветерот. Под нивно влијание, карпите и зем-
јиштето на површината се раздробуваат, рас-
паѓаат, уситнуваат, а потоа со помош на зем-
јината тежа, водата и ветерот се разнесуваат
до подалечни места. Ваквото дејство на над-
ворешните сили се нарекува ерозија. Со еро-
зијата се создадени речните долини и алуви-
јални рамнини, потоа абразивнит релјеф пок-
рај езерските брегови, ледничкиот (глацијал-
ниот) релјеф на високите планини, карсниот
релјеф во варовничките подрачја и сл.

Камени кукли во месноста Куклица кај Кратово, настанати со ерозија. Провери на интернет
како се нарекуваат овие кукли и кои се легендите за нив. Дали знаеш за слични појави?
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 8

Дали знаете...
Пред повеќе стотици милиони години, најголем дел од подрачјето на нашата држава било
пространа морска површина, а највисоките делови на Кораб, Јабланица, Бистра, Галичица и
други планини, се наоѓале на морското дно. Пред десетина милиони години, во Кратовско-
Злетовската, Кожуфската и други области, постоеле вулкани опкружени со поголеми и
помали езера. Кога би се наредиле сите високи планини во Република Македонија една врз
друга, нивната височина би достигнала речиси 30 km. Планината Кораб е петта по височина
на Балканскиот Полуостров. Во Република Македонија има околу 300-400 пештери, од кои
2 се подолги од 1 km и околу стотина пропасти од кои неколку се подлабоки од 100 m.

Поради влијанието на внатрешните и надворешните сили, релјефот на нашата


држава има голема висинска разлика. Така, најниската точка во Република Македонија
е коритото на реката Вардар на границата со Грција (44 m), а највисока точка е врвот
Голем Кораб (2753 m) на планината Кораб. Интересно е што нашата држава, според
просечната височина од 830 m е меѓу највисоките во Европа.
Размисли и одговори...
Зошто велиме дека нашата држава има шаховски релјеф? Кои се и каде се наоѓаат највисо-
ките врвови во нашата држава? Кои котлини во Република Македонија имаат поголеми по-
лиња? Каде во нашата држава во минатото имало живи вулкани? Размисли врз што влијае
поволно, а врз што неповолно релјефната структура на нашата држава.

РЕЛЈЕФНИ ОБЛАСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во нашата татковина, од исток кон запад се сменуваат четири релјефни области:


Источно-вардарска група планини и котлини, Повардарие во централниот дел, Пелаго-
ниска област на запад од Повардарието и Шарската област на планини во крајниот за-
паден дел.
И
ИССТТО
ОЧЧН
НОО--ВВА
АРРДДА
АРРССККА
А ГГРРУУП
ПААП
ПЛЛА
АННИ
ИННИ
ИИИ ККО
ОТТЛ
ЛИИН
НИИ

Источно-вардарската или како уште се нарекува Осоговско-Беласичка група


на планини и котлини, ја сочинуваат десетина планини и котлини, кои се протегаат од
бугарската граница на исток до Повардарието на запад. Планините и котлините од оваа
област се изградени со раседнување на многу стари кристалести карпести маси, кои
претставувале дел на старото Родопско копно. Затоа имаат стрмни страни, а билата и
врвовите се заоблени.
Планините се средно високи (од 1000 m до 2000 m), со исклучок на пространите
Осоговски Планини на север и Беласица на југ (долж границата со Бугарија и Грција).
Планините главно се протегаат во правец запад-исток, слично како котлините и доли-
ните кои ги раздвојуваат. Покрај споменатите, позначајни планини во оваа област кои
се протегаат долж границата со Бугарија се: Влаина, Малешевски Планини и Огражден.
По на запад е Плачковица (1754 m), потоа Обозна, Голак, а на север кон границата со
Србија се планините Герман и Козјак. Сите тие се испресечени со длабоки речни до-
лини и клисури, притоки на реките Пчиња, Брегалница и Струмица. Значителни повр-
шини на овие планини се под шуми и пасишта. Во густите шумски подрачја, особено
на Осоговските планини, Плачковица, Беласица и Малешевските Планини има голем
број на планински извори со многу квалитетна вода, од која дел се флашира за пиење.
Во пониските делови, заради потребите за дрво, пасишта и обработливо земјиште,
шумите се исечени и се јавува силна ерозија.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 9

Компјутерски модел на планините и котлините во Источно-вардарската област.


Која е најсеверната а која најјужната планина и котлина во областа?

Осоговски Планини кај Царев Врв (2085 m) Плачковица со врвот Лисец (1754 m)

Помеѓу наведените планини се протегаат котлини во чии најниски делови се на-


оѓаат зарамнети полиња на надморска височина од 200 m до 700 m. Одејќи од север кон
југ се сменуваат: Славишка, Кочанска, Пијанечка (Делчевска), Малешевска (Беровска),
Радовишка и Струмичка Котлина. На запад од претходните котлини, кон Повардарието
се уште Кумановската, Овчеполската и Лакавичката Котлина. Сите овие котлини, по
нивното настанување биле исполнети со езера, кои се исушиле пред милион години.
Денес врз акумулираните езерски наноси се развиле плодни почви, на кои се најбога-
тите обработливи површини.
На западната страна на оваа област, на повеќе места постојат сочувани остатоци
од вулкани (вулкански купи и кратери), кои биле активни пред десетина милиони го-
дини. Најмногу вакви остатоци од вулкани има околу Кратово, Пробиштип, Злетово и
во околината на Радовиш. Овие стари вулкански области се богати со обоени и ретки
метали кои се експлоатираат во рудниците, но воедно се и многу интересни за турис-
тите.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 10

1. Лесновскиот кратер е остаток од некога-


шната силна вулканска активност во Злето-
вската област.
2. Вулкански (базалтни) плочи кај с. Старо
Нагоричане (кумановско), настанати со из-
левање на лава во геолошкото минато.
Двете релјефни појави претставуваат при-
родна реткост и затоа се заштитени со за-
кон. На кој начин ти би водел грижа за да се
зачуваат овие интересни појави?

Дали знаете...
Осоговските Планини се втори по големина (површина) во Република Македонија, веднаш
зад масивот Јакупица. Тоа е највисока планина во источниот дел на државата, со врвот Руен
висок 2252 m. Долината на Брегалница минува низ 5 котлини и 4 клисури од кои најголема
е Истибањската Клисура. На планината Плачковица има неколку помали пештери. Највисо-
киот врв на Беласица (2030 m) се наоѓа на територијата на Бугарија. Во подножјето на стрм-
ната Беласица има поголеми водопади високи до 30 m. Дали си чул за некои од нив?

П
ПООВВА
АРРДДА
АРРИ
ИЕЕ И
ИЛЛИ
ИННИ
ИССККА
АММА
АККЕЕДДО
ОННИ
ИЈЈА
А

Повардарие е ниската релјефна област по долината на реката Вардар, во цен-


тралниот дел на Република Македонија. Оваа област настанала во минатото со раседну-
вање и спуштање на копното, при што се создале повеќе пространи котлини. Котлините
долг период биле исполнети со езера, меѓу себе поврзани преку отоки. По нивното
истекување кон Егејското Море, на местата на отоките и по дната на котлините, реката
Вардар постепено ја изградила својата композитна долина. Таа е композитна бидејќи
се состои од повеќе клисури и котлински проширувања кои наизменично се сменуваат.
На север, областа започнува од Дервенската или Жеденска Клисура, која ги раздвојува
Полошката и Скопската Котлина. Низводно, реката Вардар минува низ живописната
Таорска Клисура, која ги одвојува Скопската и малата Велешка Котлина. Потоа следува
кратката Велешка Клисура, по која започнува пространата Тиквешка Котлина и се
протега сé до Демиркаписката Клисура. Од Демиркаписката Клисура започнува топлата
и плодна Гевгелиско-Валандовска Котлина, која завршува со Циганската Клисура на
територија на Република Грција. Малку по на исток пак е малата Дојранска Котлина во
која се наоѓа Дојранското Езеро.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 11

Валандовско Поле Демиркаписка Клисура

Повардарието, со ниски до средно високи планини е одвоена од Источно-вардар-


ската група на планини и котлини. Тоа се планините: Скопска Црна Гора, Венец, Ко-
нечка Планина, Градешка Палнина и Плауш. На запад пак, со планините Жеден, Вод-
но, Китка, Клепа и Кожуф е одвоена од Пелагониската област. Најголем дел од споме-
натите планини се протегаат во сличен правец како и долината на реката Вардар, одно-
сно од северозапад кон југоисток. Од нив единствена висока планина е Кожуф (2182
m), која по интересните релјефни предели, климата, бројните потоци и реки, богатство-
то од шуми и дивеч е меѓу најубавите во нашата држава. Планината Жеден, пак е типи-
чно варовничка, целосно каменлива и без површински водотеци. Меѓутоа, во нејзината
внатрешност се наоѓа подземно езеро, чии води избиваат преку силен извор кај с. Раш-
че, од каде пак главниот град-Скопје се
снабдува со многу квалитетна вода за пи-
ење.
Топлите климатски влијанија кои проди-
раат од Егејското море по долината на
Вардар речиси до Скопје и плодната поч-
ва го чинат Повардарието многу погодно
за одгледување на раноградинарски, суп-
тропски култури и винова лоза. Низ оваа
област води и главната сообраќајна арте-
рија на Република Македонија, која е
многу значајна за целокупниот стопански
Сателитски тродимензионален модел на Ве- развој. Затоа во Повардарието се наоѓаат
лешката Котлина и Велешката Клисура. На- повеќе градски населби, меѓу кои е и
јди го градот Велес, реката Вардар и доли- најголемата во нашата држава-Скопје.
ната на нејзината притока Бабуна.

Дали знаете...
Областа на Повардарието и денес активно се раседнува, па затоа овде повремено се јавува-
ат силни земјотреси. Во минатото особено катастрофални биле земјотресите во Скопје и
Валандово. Најнискиот дел од Скопската Котлина, кај Катланово е на само 200 m надмор-
ска височина. Низ Демиркаписката Клисура е пробиен најдолгиот патен тунел во Македо-
нија, долг близу 1000 m. На северните падини на Кожуф има повеќе вулкански купи, оста-
тоци од некогашна силна вулканска активност. Со таа вулканска активност е создадена и
висорамнината Витачево, која се протега помеѓу Кожуф и Кавадарци.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 12

П
ПЕЕЛ
ЛААГГО
ОННИ
ИССККА
АООББЛ
ЛААССТТ

Пелагониската област на исток се граничи со Повардарието, а на запад од


Шарскиот планински предел е одвоена со Полошката, Кичевската, Демирхисарската
Котлина и планината Баба. Оваа област претставувала старо копно составено главно од
мермери, кое со раседи било одвоено од соседните области. Со понатамошно раседну-
вање, во Пелагониската област е издвоена големата Пелагониска и неколку помали кот-
лини, кои како и останатите во Македонија, одреден период биле заезерени. По исушу-
вањето на езерата, на дното од котлините останале дебели наноси врз кои денес се раз-
виле плодни почви.
Од западната и источната страна на Пелагонската област се протегаат повеќе
планини, а помеѓу нив се наоѓаат котлини. На западната страна се редат главно средно
високи планини составени од стари мермери и тоа: Сува Гора која на југ продолжува со
Добра Вода и Песјак, потоа Бушева Планина и повеќе нејзини ограноци. Од источната
страна областа започнува со високиот Јакупички планински масив, кој е најголем по
површина во нашата татковина. Во составот на овој масив се неколку планини во цен-
тралниот дел на државата, кои ѕвездесто се разидуваат од највисокиот врв Солунска
Глава (2540 m). Тоа се: Караџица (кон северозапад), Даутица (кон југозапад), Голешни-
ца (кон исток), Китка (кон севроисток), а во средишниот дел е Мокра Планина. Јаку-
пичкиот масив е изграден од мермери и е скарстен, со бројни карстни полиња, суви до-
лини, вртачи, ували, пештери и пропасти.

Компјутерски модел на западната страна на Сателитска снимка на средишниот дел на


Јакупица (Караџица) кон долината на Треска. планината Јакупица. Каде е највисокиот
Каков е релјефот во областа? Кое вештачко врв Солунска Глава? Зошто преовладува
езеро се гледа на моделот? Со програмата белузлава боја во западниот дел? Дали
Google Earth прошетај малку по областа. можеш да ги одредиш ограноците?

Јужно од Јакупичкиот масив, во правец север-југ се надоврзуваат помали плани-


ни: Бабуна, Дрен, Козјак и сосема на југ е високата планина Ниџе со врвот Кајмакчалан
(2521 m). Ниџе е 5-та по височина и една од најпошумените планини во Република Ма-
кедонија, со голем број на извори и планински потоци.
Како што нагласивме, најголема котлина во оваа област е Пелагонија. Со повр-
шина од околу 3700 km2, таа е и најголема котлина во Република Македонија. Дното на
Пелагонија е рамно и со еден низок рид е поделено на две полиња: Прилепско на север
и Битолско на југ. Овие полиња се доста плодни и се користат претежно за одгледување
на житни култури и тутун. На југоисток од Пелагонија е помалата Мариовска котлина.
Таа е заградена со Селечка планина на запад, Ниџе на југ и Козјак (Мариовски) на ис-
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 13

ток. Оваа котлина иако има прекрасни пејсажи и е меѓу најчистите (еколошки) подрачја
не само во Македонија туку и пошироко, речиси целосно е раселена. Сепак, во после-
дно време се зголемува интересот за искористување на богатите природни потенцијали,
особено за туризмот и за изградба на хидроелектрани на Црна Река, која тече низ сре-
дишниот дел на Мариово. На север од Пелагонија, по долината на Треска е областа По-
рече, која наликува на котлина. Таа со раседнување е спуштена помеѓу Сува Гора, Доб-
ра Вода и Бушева Планина на запад и Јакупичкиот масив на исток. Порече има пре-
красна природа, која како и во Мариово е речиси недопрена.

Уникатни камени форми во локалноста Ма- Поглед од Пелистер кон пространата Пела-
ркови Кули на планината Бабуна. гонија. Кој објект се гледа во позадината?

Дали знаете...
На Јакупица е откриена пропаст длабока 450 m, која за сега се смета за најдлабока во Маке-
донија. Од врвот Солунска Глава, кога е ведро време се гледа речиси цела Македонија, па
дури и подалеку, а јужно од врвот е вертикален отсек висок 700 m, предизвик за алпинисти-
те. Пелагонија на југ продолжува на територијата на Грција, каде е Леринско Поле, така
што нејзината вкупна должина е 120 km. Големата или Шишевска Клисура на реката Тре-
ска е најдолга во нашата држава, а на север таа преминува во кањон Матка. Во долината на
Треска се наоѓаат голем број на пештери од кои онаа кај Слатина е најдолга во Република
Македонија (над 2000 m).

Ш
ШААРРССККИ
ИППЛ
ЛААН
НИИН
НССККИ
ИППРРЕЕДДЕЕЛ
Л

Шарскиот или Шарско-пелистерскиот планински предел се протега во запад-


ниот дел на нашата држава и ја сочинуваат десетина високи планини, раздвоени со не-
колку длабоки котлини и впечатливи речни долини. Планините се одликуваат со стрм-
ни страни, остри гребени и врвови од кои некои наликуваат на Алпските. За разлика од
планините од Источно-вардарската област, овие планини се изградени од помлади кар-
пи, а во највисоките делови обично од варовници. Заедно со котлините и долините што
ги раздвојуваат, се протегаат главно во правец север-југ.
Шарско-Пелистерските планини во вид на две низи се наредени од границата со
Албанија на запад до Пелагонската област на исток.
Западната низа на планини (по границата со Албанија), на север започнува со
Корабскиот планински масив кој со врвот Голем Кораб (2753 m) е највисок во Репуб-
лика Македонија. Овој планински масив ги опфаќа Кораб, Дешат и Крчин, кои не се
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 14

јасно раздвоени како одделни планини. Покрај високите врвови, масивот се одликува
со повеќе глацијални езера (остаток од плеистоцената глацијација) и длабоки речни до-
лини со бројни водопади, некои високи преку 100 m. Крчин пак е интересен по уникат-
ниот гипсен релјеф и единствената гипсена пештера што многу ретко се среќава во Ев-
ропа па и пошироко.

Планина Дешат со големите водопади. Планина Стогово. Кое е езерото во подножјето?

Компјутерски модел на релјефот на Шарскиот планински предел (десно) и на Пелагониска-


та област (лево). Кои котлини можеш да ги издвоиш? Најди ја долината на реката Радика.

На југ, првата низа со долината на реката Црни Дрим и со Охридското Езеро е


раздвоена на два дела. На запад (по должина на Македонско-Албанската граница) е
планината Јабланица, со прекрасните врвови Црн Камен, Стрижак и четирите цирка со
глацијални (леднички) езера во нив. На исток од Црни Дрим, од Корабскиот масив
продолжуваат планините Стогово со Караорман и Галичица. Сите наведени планини во
највисоките делови се изградени од варовници, каде е развиен карстен релјеф. Така на
Галичица има неколку карстни полиња, вртачи, пештери и пропасти.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 15

Високиот дел на планината Галичица кој некогаш бил под постојан мраз. Како се нареку-
ваат ваквите релјефни форми? На карта пронајди каде е овој висок дел на планината.

Втората низа е малку по источно и на север започнува со маркантната планина


во Македонија: Шар Планина, која се смета и за една од најубавите на Балканскиот
Полуостров. Шар Планина е долга околу 80 km, а широка околу 20 km. На неа има
десетици врвови високи над 2000 m, а највисок врв е Голем Турчин (Титов Врв) со 2747
m, втор по височина во државата. Покрај него, многу маркантен е врвот Љуботен на
северната стана на планината, кој до почетокот на 20 век бил сметан за највисок на
Балканот. На Шар Планина има најмногу глацијални езера во Македонија, околу 20, на
височина од 1800-2400 m. Сето претходно условило оваа планина да биде многу инте-
ресна за планински туризам.
Како природно продолжение, на југ од Шар Планина се надоврзуваат: Бистра
(2163 m), Илинска со Плакенска Планина (1999 m) и сосема на југ е Пелистер (2601 m).
Планината Бистра е интересна по карсниот релјеф кој е застапен на неа, десетината
карстни полиња и високопланинските пасишта кои се одлични за развој на
сточарството. Пелистер пак високо се издига над Битола и е карактеристичен по
уникатните камени реки, двете маркантни глацијални езера и бројните потоци.

Дали знаете...
Шар Планина во северниот дел се нарекува Љуботенска Планина, а во јужниот Рудока и
Враца. Мавровската Котлина е највисока во Република Македонија. Дното на оваа котлина
е на 1220 m и е исполнето со вештачко езеро. Кањонот на Радика помеѓу планините Бистра
и Кораб (наречен Барич) е најголем во нашата држава, со длабочина до 1000 m. Кај Дебар
има остаток од стара делта. На Бистра има 13 карстни полиња од кои најголемо е Тони
Вода. Во влажниот дел од годината дел од овие полиња се заезерени. Дебарската Котлина
која денес е вештачки заезерена, имала слично природно езеро пред милион години.

Во Шарската област, покрај високи планини има и неколку длабоки котлини од


кои позначајни се: Полошката, Кичевската, Дебарската, Охридската и Преспанската,
како и помалите котлини Дебарца и високата Мавровска котлина. Исто така, во овој
простор, планинските реки, во долг период од неколку стотици илјади години, изгради-
ле длабоки долини, со многу брзаци, слапови и водопади. Од нив најатрактивна е ка-
њонската долина на реката Радика. Таа е всечена помеѓу Корабскиот масив од запад-
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 16

ната страна и Шар Планина, Бистра и Стогово од источната страна. Брзата река Радика
со зеленикавата запенета вода, вертикалните карпи кои се надвиснуваат во височина и
до 1000 m, го прават кањонот на Радика меѓу најатрактивните во Европа, поради што
му се восхитуваат многу туристи.
Размисли и одговори...
Кои котлини се наоѓаат околу Осоговските Планини? Кои планини ја заградуваат Струмич-
ката Котлина? Зошто долината на Вардар е композитна? Која котлина е најниска во Повар-
дарието? По што е карактеристичен планинскиот масив Јакупица? По што е позната Пела-
гонија? Зошто во Пелагониската област има пештери и пропасти? Помеѓу кои планини е из-
градена долината на Радика? Дали си посетил некоја висока планина во Република Македо-
нија и какви впечатоци имаш? Направи фотографии од некоја планина или долина што ќе ја
посетиш и постави ги на Google Earth за да ги видат што повеќе луѓе.

КЛИМАТА ВО РЕПУБЛИК А МАКЕДОНИЈА


Истражувај и дознај...
Што подразбираш под поимот време, а што под поимот клима? Од кои фактори зависи кли-
мата во некој простор? Што се климатски елементи, а што климатски појави? Во кои
области на нашата држава е потопло, а во кои постудено? Какво е значењето на климата за
човекот?

Времето е моментална, а климата долгогодишна просечна состојба на метеоро-


лошките елементи: температура, врнежи, ветрови и др. во некој простор. Климата е
многу значаен географски фактор. Од климата зависи количеството на врнежи, полно-
водноста на реките, богатството на растителен и животински свет, а секако и активно-
ста на човекот во просторот. Во стопанството, климата има особено влијание врз зем-
јоделството, шумарството, потоа сообраќајот, туризмот, начинот на живеење и др.

К
КЛЛИ
ИММААТ
ТССК
КИИФ
ФААК
КТТО
ОРРИ
И

Климатските фактори одредуваат каква ќе биде климата во одреден простор. За


Република Македонија, најважни климатски фактори се: географската положба, рел-
јефот, близината на околните мориња и атмосферските струења.
Во однос на географската положба, Република Македонија се наоѓа на северната
полутопка и тоа малку појужно од средишниот напоредник на оваа полутопка (кој
минува низ Белград). Тоа значи дека нашата држава лежи во умерениот топлински
појас и е поблиску до екваторот отколку до северниот Пол. Затоа добива сосема довол-
но топлина за развој на растителниот и животинскиот свет во поголемиот дел на годи-
ната. Поради положбата, во Република Македонија има четири јасно изразени годишни
времиња. Летото трае од 22 јуни до 23 септември, а зимата од 22 декември до 21 март.
Близината на Егејското Море од само 60 km и на Јадранското Море од 80 km
имаат големо влијание врз климата на Република Македонија. Тоа особено е изразено
по долината на реките Вардар, Струмица, а нешто помалку и на Црни Дрим, каде нав-
легуваат топли и влажни воздушни маси. Освен морињата, врз климата на нашата земја
влијае и Атлантскиот Oкеан од каде доаѓаат влажни воздушни маси особено во пролет
и есен.
Релјефот со својата височина и правец на протегање, има значително влијание
врз климата на нашата држава. Високите планини во западниот и јужниот дел на Репуб-
лика Македонија ги спречуваат топлите и влажни морски влијанија да навлезат подла-
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 17

боко во внатрешноста. Нивното навлегување е можно само преку долините на Вардар,


Струмица и Црни Дрим. Од друга страна, средно високите планини и широките долини
во северниот дел, овозможуваат навлегување на студени воздушни маси од север.
Затоа, во зима дури и во појужните делови на државата температурите може да се
спуштат многу ниско. Освен планините, значително влијание имаат и котлините. Некои
котлини се заградени со планини од сите страни, па преку зима нивните најниски
делови може да бидат многу студени. Некои котлини пак се исполнети со езера, кои не
дозволуваат околниот воздух преку лето многу да се загрее или преку зима многу да се
разлади.
Општите струења на атмосферата исто така
имаат значење за климата на Република Ма-
кедонија. Во летниот период често се јавува
пробив на тропски воздушни маси од Афри-
ка, пратен со многу високи температури или
со таканаречени „црвени дождови“. Во зима
пак, се случува пробив на поларни воздуш-
ни маси од северните делови на Европа и од
Сибир, па се јавува многу студено време.
Во последно време и човекот има значител-
но влијание врз климата. Тој не само што ја
менува микроклимата во некој простор со
градење на вештачки езера, пошумување,
Влијание на околните мориња и области туку со загадувањето ја менува глобалната
врз климата на Република Македонија. Зо- клима на Земјата.
што стрелките се со различна боја?
Дали знаете...
Климата во нашата држава во минатото често се менувала и во одредени периоди била мно-
гу топла, а во други многу студена. Во градовите климата е малку потопла и повлажна от-
колку во нивната подалечна околина. Поради загадувањето на воздухот, во последниот век
климата забрзано се затоплува и се менува.

КАРАКТЕРИСТИКИ И СПЕЦИФИЧНОСТИ НА МЕТЕОРОЛОШКИТЕ


ЕЛЕМЕНТИ И КЛИМАТСКИТЕ ТИПОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Слично како релјефот и климата на Република Македонија е многу интересна и


разновидна. Тоа може да се согледа преку климатските елементи, од кои најзначајни се:
температурата на воздухот, врнежите, ветровите и др. Климатските елементи се доста
променливи просторно и временски, бидејќи врз нив влијаат многу фактори.
Температурата на воздухот се менува во зависност од годишните времиња,
релјефот, близината на морињата, големината на природните и вештачки езера, пошу-
меноста и слично. Средната годишна температура на воздухот во Република Македони-
ја изнесува 11,5°С и се движи од околу 0°С на високите планини до 15°С во јужните
подрачја околу Дојран и Валандово. Досега најниската измерена температура на воз-
духот изнесува -32°С во Берово, а највисоката 45°С во Демир Капија. Општо земено,
пониските делови на котлините и речните долини се потопли од планините, јужните
страни се потопли од северните, а западните страни се потопли од источните.
Врнежите во Република Македонија во просек годишно изнесуваат околу 680
mm, што е релативно мала вредност. Најмногу врнежи има во западниот дел на држава-
та, особено во долината на реката Радика (околу 1200-1400 mm/год.). Причина е близи-
ната на Јадранското Море и високите планини кои се испречуваат на влажните воз-
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 18

душни маси. Кон исток врнежите се намалуваат, така што во централниот дел на По-
вардарието, во Тиквешијата и Овче Поле, тие изнесуваат под 500 mm годишно. Поради
малата облачност и врнежливост, овде се јавува најдолго осончување со околу 2500-
2600 часа годишно. Кон исток врнежите повторно малку се зголемуваат. Во зимскиот
дел од годината, особено на планините, врнежите често се во вид на снег.

Изотермна карта, покажува под-


рачја со иста просечна температу-
ра на воздухот во текот на година-
та. Светлите, белузлаво-жолтени-
кави бои означуваат постудени, а
црвеникавата боја потопли подра-
чја. На изотермната карта на Ре-
публика Македонија се забележу-
ва дека од повисоките планински
предели кон долината на Вардар,
температурите се покачуваат. Нај-
високи вредности достигнуваат во
јужниот дел на долината на Вар-
дар, кај Гевгелија, бидејќи тука
влијанието на Егејско Море нај-
многу се чувствува.

Изохиетска карта покажува по-


драчја со исто просечно количе-
ство на врнежи во текот на годи-
ната. Светлите бело-синкасти бои
означуваат подрачја со малку вр-
нежи, додека изразито сините бои
покажуваат врнежливи подрачја.
Од исохиетската карта на Репуб-
лика Македонија се гледа дека вр-
нежите опаѓаат од планинските
подрачја во западниот дел, кон
Повардарието во централниот дел
на државата.

Дали знаете...
Во нашата држава, посебно во летниот
период честа е појавата на кратки порој-
ни врнежи проследени со невреме и
град. Тие можат да предизвикаат големи
штети во земјоделството. Штети преди-
звикуваат и долгите летни суши.

Ветровите во Република Македонија се честа појава, особено во зимскиот пери-


од. Сепак, тие не се толку силни како во другите делови на Европа и Светот. Врз
појавата, правецот и силата на ветровите најмногу влијае релјефот. Најпознати ветрови
се вардарецот и југот. Вардарецот е сув и студен ветер кој дува од север кон југ, нај-
често во зимскиот период.
Поради влијанието на климатските фактори, во Република Македонија се јавува-
ат 4 климатски типови: изменета средоземноморска, умерено-континентална, континен-
тална и планинска.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 19

Така, близината и отвореноста кон Егејското Море, условува во јужните делови,


околу Гевгелија, Валандово, Дојран, до Демиркаписката Клисура да преовладува изме-
нета средоземноморска (медитеранска) клима, со благи и врнежливи зими и топли,
суви лета. Овде мразот е ретка појава, температурите многу ретко паѓаат под -10°С, но
преку лето се случува да се искачат и над 40°С. Поради отвореноста кон север и југ,
ветровитоста е голема, особено кај Гевгелија, заради што овде се предвидува градба на
првата електроцентрала на ветер во Македонија. Слични климатски одлики има под-
рачјето на Струмичката Котлина, каде топлите воздушни струења од Егејско Море на-
влегуваат по долината на реката Струма и нејзината притока Струмица. Поради повол-
ните климатски карактеристики, во овој јужен дел на нашата татковина се одгледуваат
раноградинарски култури. Во Дојранската Котлина пак, топлите зими овозможуваат
одгледување дури и на суптропски култури како кивито и маслинката.
Во средишниот дел на нашата држава (средно Повардарие), владее умерено-
континентална клима со сосема слаби медитерански влијанија, чие навлегување е
оневозможено од тесната, а долга Демиркаписка Клисура. Овој реон се протега по до-
лината на Вардар, од Демир Капија на југ, до Скопје и Куманово на север, потоа по
Брегалница до Кочани на исток и по Црна Река до Мариово на запад. Овде зимскиот
мраз е почеста појава. Најниските температури се спуштаат и под -20°С, додека летните
пак се искачуваат дури до 45°С. Според просечното количество на врнежи од само 400-
500 mm/год., овој простор е меѓу најсиромашните во Европа, така што наликува на сте-
пски и полупустински пејсаж. Интересно е и тоа што по долината на Вардар се јавуваат
силни ветрови, особено во Овче Поле и кај Демир Капија, заради што и овде се пред-
видува изградба на централи на ветер. Ваквите климатски услови и долгото осончување
од дури 2600 часа, погодуваат за развој на лозарството и за производство на многу
квалитетно македонско вино.
Климо-дијаграм или кли-
мограм е графички приказ
Гевгелија Велес на средните месечни тем-
ператури на воздухот и
25 100 25 100

90 90
просечните врнежи во не-
20 80 20 80 кое место за повеќегоди-
температура во степени Целзиусови

температура во степени Целзиусови

70 70 шен период. Од климо-ди-


15 60
јаграмот многу лесно може
врнежи (mm)

15 60
врнежи (mm)

да се види и да се спореди
50
кое место е потопло, по-
50

10 40 10 40
студено, повлажно или по-
30 30 суво.
5 20 5 20 Спореди ги климо-дијагра-
10 10
мите на Гевгелија и Велес?
Каде е потопло, а каде по-
0 0 0 0
Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д врнежливо? Кое место има
попријатна клима?
Останатите пониски котлински подрачја на нашата татковина (Пелагонија, По-
лошка, Дебарска, Кумановска, Делчевска Котлина), се одикуваат со типична умерено-
континентална клима, со студени зими и многу топли лета. Врнежите овде се малку по-
високи (околу 600 mm), но сепак недоволни и неповолно распоредени во годината.
Повисоките котлини (Кривопаланечка, Беровска, Мавровска), имаат континен-
тална клима, со студени зими (до -32°С) и свежи лета (до 35°С) и не многу силни вет-
рови. Пријатната клима дава потенцијали за развој на туризмот, сточарството и шумар-
ството во овие простори.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 20

Интересна е локалната клима во Охридската и Преспанската Котлина. Иако се


релативно високи (700-900 m), тука зимите не се студени (над 0°С) а летата се свежи
(до 35°С). Тоа е заради влијанието на Охридското и Преспанското Езеро, кои преку
зима го загреваат а преку лето го разладуваат околниот воздух. Поради таквата клима и
чистиот воздух, овие простори ги нарекуваат воздушни бањи.
На крај да напоменеме дека високите планински подрачја, се одликуваат со
сурова планинска клима, студени зими и лета, просечни годишни температури околу
0°С и врнежи околу 1000-1200 mm, преку зима во вид на снег. Снегот обично се
задржува од ноември до мај, а на највисоките осојни страни и до август. Заради тоа,
овде е развиен зимскиот скијачки и летниот планинарско-рекреативен туризам.

Скопје Берово Лазарополе


25 100 25 100 25
140
90 90

20 80 20 80 20 120
температура во степени Целзиусови

температура во степени Целзиусови

температура во степени Целзиусови


70 70
100
15 60 15
врнежи (mm)

15 60

врнежи (mm)

врнежи (mm)
80
50 50

10 40 10 40 10 60

30 30
40
5 20 5 20 5
20
10 10

0 0 0 0 0 0
Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д

Климо-дијаграми на Скопје, Берово и Лазарополе, места со различна положба и надморска


височина. Скопје е во Повардарието на 250 m н.в., Берово е во источниот дел на државата
на 850 m н.в., а Лазарополе на планината Бистра на 1350 m н.в. Кое место е најтопло, а кое
највлажно? Каква е климата на овие три места и од што зависи таа?
Климатски типови во Република
Македонија. Во кој тип спаѓа кли-
мата на твојот крај?

Дали знаете...
На осојните страни на највисо-
ките планини, снегот може да се
задржи до месец јули. Тик-
вешкото и Валандовското под-
рачје се најсончеви во Македо-
нија со преку 2600 часа сонце
годишно. Во Битола најниските
температури паѓаат до -31ºС.

Размисли и одговори...
Кои фактори влијаат на климата во Република Македонија? Во кои делови на нашата земја
се чувствува влијанието на Јадранското Море? Зошто во Пелагонија не е така топло како во
Гевгелиската Котлина иако е појужно? Од кој правец кај нас најчесто доаѓаат летните вр-
нежи? Каков ветер преовладува во твојот крај и какво влијание има?
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 21

ХИДРОГРАФИЈА НА РЕПУБЛИК А МАКЕДОНИЈА

Истражувај и дознај...
Што подразбираш под хидрографски објекти? Кој фактор најмногу влијае на хидрограф-
ските карактеристики? Какви видови на извори знаеш? Во кои мориња се влеваат нашите
реки? Кои се нашите најголеми езера? За што се користат вештачките езера?

Водата е од непроценливо значење за живиот свет на Земјата и за човекот. Затоа,


богатството на некој простор со подземна и површинска вода е многу важен географски
фактор. Тоа богатство најмногу зависи од климата, релјефот, пошуменоста, составот на
почвите и карпите и др. Така, климатските карактеристики, особено врнежите, услови-
ле Република Македонија да е просечно богата со подземни и површински води. Истите
не се рамномерно распоредени, па западните делови се многу побогати со вода од цен-
тралните и источните.

ПОДЗЕМНИ ВОДИ И ИЗВОРИ

Подземните води настануваат од оној дел на атмосферската вода, кој се впива во


копното. Во Република Македонија со подземна вода се богати дната на котлините,
каде во песоците се собира водата од врнежите. Таа најчесто се црпе преку бунари кои
се користат за водоснабдување, а некаде избива на површината во вид на обични или
артески извори. Инаку, нашата држава има околу 5000 извори, меѓутоа најголем дел од
нив се слаби (до 1 l/сек), 60-тина се посилни (над 100 l/сек), а само неколку карстни
извори-врутоци се со издашност поголема од 1000 l/сек. Најголем број на извори се
јавуваат во шумските планински подрачја или во нивното подножје, особено на Осо-
говските Планини, Плачковица, Малешевски Планини, Беласица, Скопска Црна Гора и
други. Во планинските подрачја на западниот дел на државата има помал број на из-
вори, меѓутоа тие се многу посилни-со поголема издашност. Студените планински из-
вори најчесто се користат за водоснабдување или за флаширање на вода. Покрај нив, во
нашата држава се јавуваат и 50-тина минерални и термоминерални извори, кои се
користат за здравствен-бањски туризам, за флаширање на вода, за загревање на стакле-
ници и др.

Изворот на Вардар-Вруток. На карта види Термоминерален извор Стрновац кај Кума-


каде се наоѓа овој извор. Дознај нешто по- ново. За што се користи водата од нашите
веќе за него. топли извори? Дали е доволно искористена?
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 22

РЕКИ И РЕЧНИ СЛИВОВИ

Речната мрежа на нашата татковина е густа и припаѓа на 3 морски сливни под-


рачја и тоа најголемиот дел на Егејско Море, помал дел на Јадранско Море и сосема
мал дел на Црно Море. Од неколку илјади реки и рекички, само 5 се подолги од 100 km
и тоа: Вардар и нејзините притоки: Брегалница, Црна Река, Треска и Пчиња. Реките во
Македонија се одликуваат со многу колеблив протек во текот на годината. Во летниот,
посув период, тие имаат мал протек. Така, во источниот и централниот дел на држава-
та, дури и некои поголеми реки, како што се Брегалница и Пчиња, во низводните тече-
нија пресушуваат. Од друга страна, за време на силни врнежи реките нагло го зголему-
ваат протекот и стануваат поројни. Некои реки толку го зголемуваат протекот, што се
излеваат од своите корита и предизвикуваат поплави, кои понекогаш се катастрофални.
Ваквиот многу колеблив протек, главно е поради оголеноста на нивните сливни подра-
чја, заради што врнежите брзо истекуваат и се приливаат кон главната река.

Должината на 10-те најдолги реки во


Република Македонија.

350

300

250
должина во km

200

150

100

50

Црни Дрим
Брегалница

Пчиња

Струмица

Бабуна
Црна

Треска

Радика
Крива Река
Вардар

Карта на хидрографската мрежа во Република Маке-


донија. Во кои подрачја е погуста, а во кои поретка?

На сливот на Егејско Море припаѓаат реката Вардар со нејзините притоки, потоа


реката Струмица и Циронска Река кои се десни притоки на Струма, поголема река во
Република Бугарија.
Вардар е најголема река и главна водна артерија во Република Македонија, чиј
слив зафаќа 80% од вкупната територија. Извира во подножјето на Шар Планина од
силен карстен извор кај с. Вруток и по 388 km, преку мала делта кај Солун се влева во
Егејско Море. Низ Македонија тече во должина од 301 km, при што поминува низ 5
котлини и 4 клисури. Вардар има многу променлив протек, кој на излезот од Македони-
ја изнесува во просек околу 150 m3/сек, но може да биде десетина пати помал или пого-
лем. На своето течение низ нашата држава, Вардар прима повеќе притоки. Поголеми
леви притоки се: Пена, Лепенец, Пчиња, Брегалница и Анска Река, а поголеми десни
притоки се: Треска, Тополка, Бабуна, Црна Река, Бошава и Коњска Река. Брегалница е
најдолга притока на Вардар и воопшто најдолга река по Вардар во Македонија (долга
225 km), Црна Река е најдолга десна притока, долга 206 km, додека Треска (долга 138
km) со својата прекрасна кањонска долина во низводниот дел и чистата вода, е секако
најубава притока.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 23

Дали знаете...
Најсилниот, а веројатно и најубав извор во Република Македонија е „Свети Наум“, покрај
Охридското Езеро, со издашност од околу 11000 l/сек. Изворот Рашче од кој со вода се сна-
бдува градот Скопје има издашност од 6000 l/сек. Во нашата држава има 8 бањи кои ги ко-
ристат термоминералните извори. Најтопол извор е во бања Банско кај Струмица со 72ºС,
потоа Кежовица кај Штип со 57ºС, Бања кај Кочани, Катлановска Бања и др.

Во сливот на Јадранско Море припаѓа реката Црни Дрим (долга 60 km). Таа ис-
текува од Охридското Езеро и на значителна должина до границата со Албанија е заезе-
рена со двете вештачки акумулации: Глобочица и Дебарско Езеро (Шпилје). Нејзина
поголема десна притока е Радика, една од најубавите, најчисти и најживописни реки во
Македонија. Инаку Охридското и Преспанското Езеро, со рекичките кои втекуваат во
нив исто така се во сливот на Јадранско Море (преку истеката Црни Дрим).
Покрај површинските реки, во подрачјата изградени од карбонатни карпи (глав-
но во западниот дел на Република Македонија) се јавуваат и неколку понорници. Тоа
се реки кои на одреден дел течат површински, а потоа пропаѓаат низ понори и течат низ
подземни канали. Најдолга понорница е реката Крапа (23 km) на планината Даутица,
која на половина од својата должина тече површински, потоа подземно и преку силен
вруток се влева во реката Треска. Други позначајни понорници се Церска Река (на
планината Лубен), Лазарополска Река (на планината Бистра), Патишка Река и др.

Вардар во Демиркаписката Кли-


сура. Зошто на сликата речната
вода на Вардар е толку матна?

Реката Радика кај Бошков Мост

Црни Дрим кај Струга

ЕЗЕРА

Во Република Македонија има околу 160 езера. Бројот на езерата не е голем, но


се застапени речиси сите видови на природни езера и околу 110 вештачки езера.
Особено значење за нашата држава имаат трите тектонски природни езера:
Охридското, Преспанското и Дојранското. Тие ги исполнуваат најниските делови во
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 24

истоимените котлини. Од нив најголемо, најубаво и најатрактивно е Охридското Езеро,


кое уште се нарекува бисер на Балканот. Сместено е во југозападниот дел на Македо-
нија, помеѓу високите планини Јабланица и Мокра Планина од западната и Галичица од
источната страна, на надморска височина од 695 m. Поголема површина на езерото (230
km2), лежи во Македонија, а помал дел (119 km2) припаѓа на територијата на соседна
Албанија. Има елипсеста форма со должина во правец север-југ од 30 km, широчината
(во правец исток-запад) му е 14 km, а должината на брегот е 86 km. Охридското Езеро е
меѓу најдлабоките (286 m) и најпровидните езера во Европа, со прекрасна синкасто-
зелена боја на водата. Големото количество на вода во езерото, влијае врз климата во
овој простор, а северниот и јужниот ветер условуваат движење на езерската вода и по-
јава на бранови високи до 2 m. Заради севкупната убавина на езерото, бројните заливи,
полуострови, убавината на околните планини кои стрмо се издигаат над езерото, пос-
тоењето на преку 140 видови ендемични животни и др., Охридското Езеро е внесено во
листата на природните реткости на УНЕСКО.
Споменатите одлики, но и број-
ните археолошки локалитети, 365 цркви
и манастири во областа, се причина Ох-
ридското Езеро годишно да го посетува-
ат стотици илјади домашни и странски
туристи.
Охридско Езеро, односно неговиот се-
верен дел кон Охрид и Струга. Зошто се
нарекува бисер на Балканот?

Преспанското Езеро е на исток


од Охридското. Сместено е на дното од
Преспанската Котлина, помеѓу планините Галичица на запад и Пелистер на исток.
Езерото е повисоко од Охридското, односно на надморска височина од 853 m. Тоа има
вкупна површина од 275 km2, која ја делат 3 држави. Најголем дел и припаѓа на
Македонија (2/3), помалку на Албанија и најмалку на Грција. За разлика од Охридското
Езеро кое е со елипсест облик, Преспанското Езеро има неправилна форма и е
издолжено во правец север-југ. Значително е поплитко од Охридското Езеро, бидејќи
најголемата длабочина му е 54 m. Преспанското Езеро е интересно по разгранетоста на
брегот со заливи, полуострови, песочни плажи и еден мал остров кој се вика Голем
Град. Исто така, многу интересна појава е тоа што водата од Преспанското Езеро преку
подземни канали низ планината Галичица истекува кон пониското Охридско Езеро, во
вид на повеќе силни извори. Северниот дел на езерото е богат со вегетација и со разни
видови на птици, заради што е прогласен за природен резерват. Прекрасниот пејсаж,
речиси недопрената природа, пријатната клима и чистиот „лековит“ воздух се причина
во последно време Преспанското Езеро да привлекува сè повеќе туристи.

Шема на подземната врска помеѓу Преспанското и Охридското Езеро.


д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 25

Преспанското Езеро со островот Го-


лем Град. Овој остров е познат по
остатоците од стара населба и по
разновидниот растителен и живо-
тински свет. Островот го населуваат
голем број на змии.

Дали знаете...
Нивото на водата (длабочината) на
Преспанското Езеро е многу проме-
нливо. Така, во 2008 година тоа би-
ло десетина метри пониско од про-
сечното. Истражи кои се причините
за тоа и кои се последиците.

Компјутерски модел со сателитска снимка на Преспанското и Охридското Езеро. На чија


територија се наоѓа делот од Преспанското Езеро во левиот долен агол?

Дојранското Езеро е најмало од тектонските езера, со површина од само 43 km2,


од што на Македонија и припаѓаат 2/3, а на Грција 1/3. Тоа е најниско природно езеро
во нашата татковина кое лежи на 148 m н.в. Има елипсеста-речиси кружна форма со
пречник од околу 8 km и е доста плитко бидејќи најголемата длабочина му изнесува
само 10 m. Поради положбата и малата длабочина, Дојранското Езеро преку лето е
многу топло, но преку зима понекогаш делумно замрзнува. Богато е со жив свет,
особено со риби, а покрај брегот има широк појас од трска. Водата во летниот период
се смета за лековита, бидејќи се јавува редок феномен на цутење на алгите.
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 26

Дојранско Езеро кај Стар Дојран. Дознај што се случило со нивото на езерото кон крајот на
минатиот век. Какви последици имало тоа врз овој простор и што било превземено?

Сателитски снимки на Охридското, Преспанското и


Дојранското Езеро. Спореди ја големината и фор-
мата на езерата. Кое има најразгранет брег?

Освен трите поголеми езера, во нашата татковина има 40-тина мали глацијални
(леднички) природни езера, сместени на високите планини, на височина од 1600 m до
2500 m. Најмногу ги има на Шар Планина, потоа на Кораб, Јабланица, Стогово, Пелис-
тер и Јакупица. Овие езера иако се мали, доста се атрактивни заради положбата и изгле-
дот. Едно од најубавите е Големото Езеро на Пелистер, на височина од 2218 m, кое е
најдлабоко (15 m), најпровидно и најпосетено глацијално езеро во Македонија.
Од природните езера, во нашата земја како раритетни и уникатни се утврдени
неколку мали езерца во пештерите, потоа едно езеро кај Кавадарци создадено со при-
родно слизнување на земјиште, неколку мочуришни езерца и едно изворско езерце,
покрај Охридското Езеро кај Св. Наум.
Покрај природни, во нашата татковина се изградени околу 120 големи и помали
вештачки езера, кои се користат за разни потреби: водоснабдување, наводнување, про-
изводство на електрична енергија, за рибници и др. Најголеми вештачки езера се
Тиквешкото Езеро на Црна Река, езерото Козјак на реката Треска, Мавровското Езеро
на Мавровска Река и Дебарското Езеро на Црни Дрим, сите со површина од 13-14 km2 и
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 27

најголема длабочина околу 100 m. Тие имаат повеќе намени, како за добивање на елек-
троенергија, за наводнување, а доста се посетени и од туристите. Во периодот 2008-
2010 година, предвидена е изградба на уште неколку десетици поголеми и помали
вештачки езера.

Дебарско Езеро (Шпилје), на Црни Дрим. Езеро Козјак, создадено неодамна со прег-
Едно од поголемите вештачки езера во Ре- радување на реката Треска. Тоа е нашето
публика Македонија, со моќна хидроцен- најголемо вештачко езеро. Кое вештачко
трала. Најди во кој дел на езерото е таа. езеро е низводно од Козјак?

Размисли и одговори...
Каде се наоѓаат најголемите извори во Република Македонија? Кои се најпознатите термо-
минерални извори? Дали во твојата околина има термоминерален извор и за што се корис-
ти? Кои се поголемите леви, а кои поголемите десни притоки на Вардар? Зошто водостојот
на реките во нашата држава е колеблив? Какви видови на езера има во Република Македо-
нија? Дали се доволно искористени нашите природни езера?

Р
РААС
СТТИ
ИТТЕ
ЕЛЛЕ
ЕННИ
ИЖЖИ
ИВВО
ОТТИ
ИННС
СККИ
ИССВ
ВЕЕТТ
Истражи и дознај...
Кои географски фактори најмногу влијаат на растителниот свет? Каква вегетација е заста-
пена на планините, а каква во котлините и полињата? Каква е поврзаноста на растителниот
и животинскиот свет? Кои диви животни ги населуваат нашите планини?

Разликите во природните фактори и услови помеѓу одделните подрачја, овозмо-


жиле во Република Македонија да има голема разновидност и богатство од растенија и
животни. Значителен дел од растенијата и животните се ендемични и се среќаваат само
кај нас. Без оглед на малата територија, растителниот и животинскиот свет се смену-
ваат од потоплиот југ кон север и од пониските котлински кон повисоките планински
места.

РАСТИТЕЛЕН СВЕТ

Република Македонија, според географската положба се наоѓа помеѓу две голе-


ми растително-географски области: медитеранска (средоземноморска) и евросибир-
ска растителна област. Претставници од медитеранската област се среќаваат во делови-
те на нашата држава каде се чувствува влијанието на изменета медитеранска клима и
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 28

тоа по долината на реката Вардар и нејзините притоки, низводно од Таорската Клисура.


Во повисоките подрачја со постудена клима се среќаваат претставници од евросибир-
ската растителна област. На некои места, растителните видови од овие две заедници се
испреплетуваат, како во Скопската Котлина. На високите планини пак, преовладуваат
растителни видови прилагодени на посурови климатски услови.
Растителниот свет во Република Македонија е групиран во повеќе заедници и
тоа: шумски, тревни заедници и растителни култури. Инаку до сега се регистрирани
околу 3500 видови виши растенија, од кои најголемо значење имаат шумските и трев-
ните заедници.
Шумите зафаќаат 1/3 од површината на државата, меѓутоа најголем дел од таа
површина се нискостеблести шуми и грмушки, а помал дел се високи квалитетни
шуми. Од шумските заедници најмногу е раширен дабот, кој се јавува до околу 1000 m
надморска височина и е претставен со повеќе видови. Покрај дабот, овде се јавуваат
уште габерот, врбата, тополата, костенот, багремот и др. Во долината на Вардар, јужно
од Демир Капија, влијанието на медитеранската клима условило присуство на ниски
зимзелени шуми, познати под името макии.
Над појасот на дабот, во планинските подрачја до височина од 1700 m се јавува
буката, која претставува крупно квалитетно листопадно дрво. На планините во
западниот дел на државата и на Малешевските Планини и Огражден во источниот дел,
во овој висински појас се јавуваат иглолисни (четинарски) шуми. Тие се претставени со
мешани буково-елови шуми, потоа само иглолисни борови, елови шуми, смреката и др.,
кои може да се искачат до преку 2000 m. Повисоко од 2000 m, обично се протегаат
пасишта или голи камењари.

Мешовита вегетација од шуми, пасишта и Иглолисна (борова) шума на Малешевските


културни растенија на Осоговските Пла- Планини, во околината на Ратевско Езеро
нини. Зошто е проретчена шумата? кај Берово.

Во последно време, поради глобалното затоплување и немарноста на човекот, во


нашата татковина се почесто се јавуваат пожари во шумските области, со што се униш-
тува ова големо национално богатство. Од друга страна, се засилуваат напорите за
пошумување на оголените и уништените шумски области, што ќе има многу позитивни
ефекти на севкупното живеење.
Тревната вегетација во Република Македонија ја сочинуваат: ливадите, пасиш-
тата, полустепската вегетација, вегетацијата на камењарите, блатната и мочури-
шната вегетација. Од нив најраширени се пасиштата (7000 km2) и тоа од: ниските,
рамничарски делови, преку ридските, планинските до високопланинските пасишта. Од
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 29

тревните видови има многу ендемични растенија и голем број на лековити растенија,
кои се користат во фармацевтска индустрија, за производство на чаеви и сл. Такви се
кантарионот, нането, камилицата, мајчината душица, боровинките, копривата и многу
други. Поради чистата природа, нашите лековити растенија се голем потенцијал и се
многу барани во странство.
Покрај природната вегетација, на голема површина се одгледуваат растенија кои
ги користи човекот за свои потреби. Такви се житните култури (пченица, пченка, јач-
мен, ориз), потоа градинарските, индустриските култури, овошните насади (јаболки,
сливи, праски) и виновата лоза.
Карта на растителни заед-
ници во Република Маке-
донија. Пронајди ги под-
рачјата каде има иглоли-
сни шуми. Во кој дел шу-
мите се најмалку застапе-
ни и зошто?

Дали знаете...
Во Република Македонија
има околу 300 видови дрвја,
а во Германија која е многу
поголема само 60. Се проце-
нува дека во нашата држава
има околу 12000 видови на
габи, од кои голем број се
ендемични и многу ретки.

ЖИВОТИНСКИ СВЕТ

Растителните области во Македонија имаат свое влијание и врз животинскиот


свет. Некои животни се врзани за полињата, други за шумските подрачја, трети за мо-
чуриштата, а некои пак за високите планински предели.
Слично како растителните области, во нашата држава можат да се издвојат две
зоогеографски области: медитеранска и средноевропската. Медитеранската фауна
навлегла по долината на Вардар до Скопската Котлина, а средноевропска навлегла од
север во повисоките делови на нашата држава. Таквата положба условила животински-
от свет во Република Македонија да биде многу богат и разновиден. Тој е претставен со
330 видови на птици, 78 видови на цицачи, 31 вид на влекачи, 55 видови на риби, многу
видови водоземци и над милион видови безрбетници. Од цицачите, најраспространети
се: зајакот, лисицата, дивата свиња, волкот, верверицата, кртот, дабарот, видрата, по-
малку дивата коза, мечката, еленот, рисот, а во пештерите се јавува лилјакот. Од птици-
те најчести се: врабецот, чавката, клукајдрвецот, гугутката, еребицата, фазанот, а како
заштитени и многу ретки видови се: златниот орел, суриот орел, египетскиот мршоја-
дец, лисестиот глувчар и соколите. Од влекачите се застапени повеќе видови на гуште-
ри, змии (шарката, поскокот, смокот, водната змија). Рибите, главно се претставени со:
крапот, кленот, кострешот, сомот, јагулата, шаранот, попадиката, мрената, пастрмката.
Во големите езера, особено во Охридското, се јавуваат и доста ендемични видови на
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 30

риби, но и други водни животни како школки и ракчиња. Дел од нив се „живи фосили“,
односно видови кои потекнуваат од пред повеќе милиони години.

Дел од дивиот животински свет во Република Македонија. Кои животни во нашата


држава се најзагрозени? Како би им помогнал и би ги заштитил ти?

Богатството од животински свет, особено од крупна и ситна дивеч, придонесува


Македонија да биде многу барана дестинација за елитен ловен туризам. Сепак, повеќе
видови на животни, кои се на работ од истребување се строго заштитени со закон.
Дали знаете...
Рисот е едно од загрозените видови животни, кое сеуште може да се сретне на некои високи
планини во западниот дел на државата. Се проценува дека денес кај нас се присутни уште
само околу 50-100 вакви животни. Во 2008 година, за прв пат по речиси еден век се за-
бележани две мечки во источниот дел на државата, на планината Плачковица. Некои жи-
вотни се претставени на нашите пари како што е рисот, паунот и пастрмката. Најди на кои
банкноти и монети се претставени? Зошто токму тие животни?

За максимално да се заштитат ваквите уникатни подрачјата, со закон се форми-


рани 3 национални паркови, повеќе резервати, споменици на природата и сл. Наши на-
ционални паркови се: Маврово, Галичица и Пелистер. Од нив најголем е национални-
от парк Маврово, кој зафаќа површина од 730 km2 и се протега на јужните делови од
Шар Планина, западните делови на планината Бистра и на делови од Кораб и Дешат.
Посебна убавина на овој парк му даваат кањонот на реката Радика, острите високопла-
нински врвови, бројните водопади, густите шуми, ретките видови на растенија и живот-
ни.
Националниот парк Пелистер е најстар во нашата земја, прогласен уште во
1947 година. Се протега во северниот дел од планината Баба (Пелистер), на површина
од 125 km2. Паркот е карактеристичен по „камени реки“ и „камени мориња“ околу вр-
вот Пелистер, потоа двете глацијални езера, многуте бистри потоци, густите борови
шуми, ретките и ендемични растенија и животни како мечката, еленот, дивата коза,
рисот и др.
Националниот парк Галичица зафаќа делови од истоимената планина, како и
прибрежните краеви на Охридското и Преспанското Езеро, на површина од 230 km2.
Интересен е по карстните полиња, бројните пештери и пропасти, панорамскиот видик
на двете езера, многуте ендемични и лековити растенија и ретките видови на птици и
влекачи.
Покрај наведените, во идниот период се очекува и неколку други подрачја да би-
дат заштитени како национални паркови, особено делови на Шар Планина и Јакупица.
Од заштитените подрачја, големо значење имаат и спомениците на природата:
Охридското, Преспанското, Дојранското Езеро, Демиркаписката Клисура, клисурата
Матка, Маркови Кули и други. Во Демиркаписката Клисура се среќаваат многу ретки
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 31

видови на птици како: белоглавиот мршојад, египетскиот мршојад, златниот орел,


орелот змијар, лисестиот глувчар и разни видови соколи. Овде има и разновиден
растителен свет со повеќе ендемични медитерански видови. Клисурата Матка пак е
позната како клисура на пеперутките, со над 70 ендемични видови дневни и ноќни
пеперутки, повеќе ендемични видови на пајаци, ендемични растенија и др.

Национален парк Галичица. По што е Споменик на природата Демиркаписка


интересен овој национален парк? Кое Клисура. Кои ретки видови растенија и
езеро е во далечината? животни се среќаваат тука?

ПОЧВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Истражи и дознај...
За какви видови почви си слушнал? Какви почви се застапени покрај реките? Во кои под-
рачја на нашата држава се најплодните почви? За што се значајни почвите?
Почва претставува плодниот површински земјишен слој. Покрај останатите
природни компоненти, почвите се големо национално богатство на нашата татковина,
бидејќи се основа за одгледување на земјоделски култури, а преку тоа и за
производство на храна. Поради разновидноста на карпите, релјефот, климата и веге-
тацијата, во Република Македонија се застапени 30-тина типови почви, речиси сите
почви што ги има во Европа. Одредени типови на почви зафаќаат големи површини, а
има и такви кои се застапени незначително.
Во нашата земја, почвите главно се сменуваат од пониските рамничарски,
долински и котлински простори, кон повисоките планински предели.
Во низводните делови на поголемите речни долини (Вардар, Пчиња, Брегални-
ца, Црна), се јавуваат алувијални почви. Тие настанале со таложење на ситен матери-
јал што го донеле реките од повисоките подрачја во рамничарскиот дел. Алувијалните
почви се доста плодни, влажни, богати со хумус и се користат за одгледување на гради-
нарски, индустриски и житни култури. Често на местата со плитки подземни води,
покрај алувијалните почви се јавуваат ливадските, а наместа и мочурливите почви,
на кои е застапена соодветна ливадска и мочуришна вегетација.
Значителна површина во нашата држава зафаќаат почвите формирани во ниски-
те котлински подрачја. Тоа се смолниците, црниците, подзолестите почви и др., рас-
пространети во рамничарските и брановидните терени со помало количество на врне-
жи. Од нив најмногу се застапени смолниците. Овие почви се плодни и погодни за жит-
ни култури, но поради глината која е застапена во нив, во влажниот период се каливи, а
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 32

во сушниот се распукнуваат и се тешки за обработка, па е неопходно нивно наводну-


вање. На сосема мала површина, во Овче Поле има појава на засолени почви со бели-
честа боја, на кои поради солта многу тешко успева било каква вегетацијата.
Голема површина зафаќаат и почвите во подножјето на планините, меѓу кои нај-
распространети се делувијалните почви. Овие почви настанале со натрупување на
еродираниот материјал што го носат рекичките од планинските подрачја. Тие не се
многу плодни и обично не се обработуваат, но може да се користат за овошни насади,
винова лоза, бостан и други култури. Најмногу ги има долж рабните делови на
Полошката, Струмичко-Радовишката, Кочанската, Беровската и други котлини.
Во шумските планински подрачја се застапени кафеави почви, кои се богати со
хумус. Најчесто се под природна дабова, букова или иглолисна шума. Во повисоките
подрачја, особено на планините од источно-вардарската група, над кафеавите почви се
распространети ранкерите. Тие исто така се богати со хумус и обично се под природна
тревна вегетација, односно пасишта.

Кафеава почва врз варовнички карпи на Смолници во Кумановска Котлина засадени


планината Галичица. со поледелски култури.

На високопланинските предели со многу сурови услови (стрмни страни, силни


ветрови, ниски температури, мразеви), почвите отсуствуваат или се многу плитки,
неразвиени, познати под името камењари. На нив не може ништо да се одгледува.

Вертикален рас-
поред на почвите.
Кои почви се на
планините а кои
во котлините? На
кои почви каква
вегетација успе-
ва?

На крај да спомнеме дека поради нерационалното користење и уништувањето на


природната вегетација, почвите се многу осиромашени и еродирани. Денес од нив се
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 33

добиваат слаби приноси во поледелството. Затоа, мора да се превземат мерки за нивна


заштита и обновување, иако тоа е мошне долготраен и сложен процес.

Размисли и одговори...
Кои почви се застапени во котлините, а кои на планините? Какви почви има во
твојата околина и за што се користат? Каква е врската помеѓу плодноста на почвите
и развиеноста на земјоделството? Како се осиромашуваат почвите?
д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија....Скопје, 2008 34

Да видиме колку сме научиле...


1. Од кои страни и со кои земји од Европската Унија се граничи Република
Македонија? Какви се сообраќајните врски со тие држави?
2. Спрема која држава, границата води по највисоките планини?
3. На кое езеро е тромеѓето помеѓу Македонија, Албанија и Грција?
4. На сателитската снимка препознајте ги географските објекти. Кои се езерата
на сликата? Кои планини се од источната, а кои од нивната западна страна?

5. Со кои планини е заградена Пелагониската Котлина?


6. Одреди кој климо-дијаграм на која област се однесува и каква клима
претставува.
Велес Лазарополе
25 100 25
140
90

20 80 20 120
температура во степени Целзиусови
температура во степени Целзиусови

70
100
15
врнежи (mm)

15 60
врнежи (mm)

80
50

10 40 10 60

30
40
5 20 5
20
10

0 0 0 0
Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д

7. Кои термоминерални бањи се наоѓаат во Повардарието?


8. Од карта утврди на кои наши реки има најмногу вештачки езера.
9. На која планина во Република Македонија се најзастапени иглолисните
шуми?
10. Зошто во нашата држава не успеваат портокали, за разлика од јужниот сосед
Грција.
11. Во кои подрачја се распространети алувијалните почви?
12. Што можеш да заклучиш за природните карактеристики на Република
Македонија? Дали се поволни или ограничувачки за развој на стопанството?

View publication stats

You might also like