You are on page 1of 8

Хрватска-Загреб

ПОВРШИНА -56.594КМ2 ЖИТЕЛИ -4,290,612

Изработил:Филип Спасовски
Географска положба
Географската положба на Хрватска е поволна. Излезот на Јадранското Море ѝ
овозможува поврзување по воден пат со светот
Се граничи со

На север со:Унгарија-Словенија
На запад со:Италија
На исток со: Србија
На југ со:Босна и херцеговина
Релјефот во Хрватска се дели на низински, во
северната половина каде се протегаат пространства на
Панонската Низина со областите Славонија и Барања
и планини во југозападниот и приморскиот дел. Тоа
се: Голема и Мала Капела, Велебит, Динара и др.

Релјеф
Климата во приморјето е средоземноморска.
На планините е планинска, а во Панонската
Низина е умерено-континентална.

Клима
Реките во Хрватска припаѓаат на две морски
сливни подрачја. Тоа се црноморското и
јадранското сливно подрачје. На црноморското
сливно подрачје припаѓаат реките: Дунав, Сава,
Драва и други. На јадранското сливно подрачје му
припаѓаат реките: Цетина, Крка и други.

Хидрографија
Хрватска е населена со повеќе од 4 милиони жители. Населението го сочинуваат Хрвати (90
%), Срби (5 %), Словенци, Италијанци и други. Мнозинството население во Хрватска има
католичка вероисповед. Стопанството во Хрватска најмногу се потпира на трговијата (38 %),
туризмот (22 %), и индустријата (20 %). Најпосетени туристички места се: Дубровник, Сплит,
Задар, Пореч, Опатија, Пула, Плитвичките Езера, островот Хвар, Црес, Крк итн. Најразвиени
индустриски гранки се: текстилната, прехранбената, петрохемиската и бродоградбата.
Земјоделството во хрватската економија учествува со 7 %. Од културите најмногу се
одгледуваат: житни, индустриски и винова лоза.

НАСЕЛЕНИЕ И
СТОПАНСТВО
Регионално, државата се дели на три
регии: приморска, горска и низинска.
Административно е поделена на 20
територијални единици – жупании.

РЕГИОНАЛНА
ПОДЕЛБА

You might also like