You are on page 1of 10

Букурешки договор

Букурешки договор
 Букурешкиот мировен договор е потпишан на 10 август 1913
година помеѓу завојуваните страни од Втората балканска војна:
Србија, Црна Гора, Романија и Грција и Бугарија од друга страна.
 Во оваа војна Бугарија била принудена на отсапки, бидејќи била
притисната од другите засвојувани страни. Имено Кралството
Романија со својата војска вршело постојан притисок од север,
здружениите војски на Србија и Фрција напаѓале од запад, а
отоманската војска вршела напади од исток.
Поделба
 На 9 август 1913 година, Букурешката конференција на својата
пленарна седница го усвоила текстот на договорот за мир.
 Со овој договор, исто така била извршена повторна поделба на
териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија,
Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир).
 Србија ги добила вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел
од Метохија и дел од Санџак.
Со тоа била зголемена за 39.000 км2 и 1.290.000 жители.
 Црна Гора ја добила територијата Васоевиќи, дел од Метохија и
дел од Санџак.
Таа се зголемила за 7.000 км2 и за околу 260.000 жители.
Поделба
 Грција ги добила Северен Епир, егејскиот дел на
Македонија, Полуостровот Халкидики со Солун, дел од западна
Тракија и бројни острови во Егејското Море.
Со тоа се зголемила за 51.300 км2 и за 1.624.000 жители.
 Бугарија го добила Пиринскиот дел на Македонија, Струмица со
околијата и дел од западна и источна Тракија.
Таа се зголемила за 21.000 км2 и со околу 600.000 жители.
Излез на Егејското Море Бугарија добила од сливот на Места до
сливот на Марица со пристаништето Дедеагач.
Поделба на Македонија по
Букурешкиот договор
 Територијата на Македонија во рамките на Отоманското
Царство до Балканските војни го претставувала централниот
дел на Балканскиот Полуостров.
 Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна
Гора, Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку
планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката
Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на
реката Места.
 Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала
површина од 67.741,2 км2.
Поделба на Македонија по
Букурешкиот договор
 Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на
следниот начин:
 Егејскиот дел, со површина од 34.356 км2 го окупирала Грција,
 Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го
окупирала Србија,
 Пиринскиот дел со 6.798 км2 го окупирала Бугарија и
 Јужниот брег од Охридското Езеро - Мала Преспа со 1.115 км2 и
биле доделени на Албанија.
Поделба на Македонија по
Букурешкиот договор

Поделба на Македонија помеѓу балканските држави, 1913 година


Обиди за ревизија на договорот
 Веднаш по потпишувањето, т.е. на 11 август 1913
година, Австроунгарија, Русија и Бугарија барале ревизија на договорот, со
оглед на бројните неправилности, недоречености и нелогичности во
поделбата на териториите и во донесувањето на одлуките.
 На 14 август, Русија ги отфрлила намерите за ревизија на договорот, па со
такво барање останале само Австроунгарија и Бугарија, на кои остро им се
спротиставувала Франција.
 Букурешкиот мировен договор претставува единствен меѓународен договор
што не ги потпишале сите големи сили и што бил во голема мера против
нивните интереси.
 Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањата на македонскиот
народ, чии претставници, од повеќе асоцијации, особено
од Русија и Швајцарија, интервенирале да се зачува идентитетот на
македонскиот народ и единството и целината на македонската територија.
Значење на Букурешкиот мировен договор за
Македонија

 Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и


најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на
балканските земји.
 Веднаш потоа започнало асимилирање на македонското население
во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци.
 Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората
Балканска војна македонското име не се споменувало, иако
војната главно се водела во Македонија.
 Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400,
Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.
Ви благодарам на вниманието!!!

You might also like