You are on page 1of 1

ЕСЕН КРАЈ ЕЗЕРОТО

Есенска слика.
Јас сум во мојот сакан Охрид. Седам на клупа покрај езерото. Ги гледам лисјата златни од
дрвјата полека како паѓаат. Пристигна сликарот со својата четка и ја нанесе златната боја, ја
обои природата за мерак. Знамето жолто природата го дигна. Тука е и ветерот кој во
Ноември бучи и вее и ластовичките ги испрати на југ. Го гледам небото сино почнува да се
мурти, се спрема дожд.
Есента дојде и донесе многу магија. Природата, како уметник, ги обои лисјата на дрвјата во
различни бои. Светлите и волшебни бои на есента прават да заборавам на сè. На дрвјата
шушкаат лисјата, паѓајќи на земја, го покриваат со прекрасен шарен тепих. Есента покрај
езеро дава чувство на смиреност и леснотија. Остава непречено да кружи над главата, ве
потопува во мистериозно расположение.Не сум изненаден што многу слики од уметници го
отсликуваат Охридското Езеро на есен. На крајот на краиштата, токму во овој период од
годината природата се трансформира и се покажува во сета своја слава. Уживам во погледот
пред мене, сонцето со своите зраци го гали мирното сино езеро. Сте се прошетале ли покрај
Охридското Езеро во есен, бои, преубави бои распрскани на сите страни. Жолтата есен во
комбинација со охридското синило е нешто што секој треба да го види, да го осети чувството
на мир и спокој. Есента потикнува на прошетки, совршена е за скокање врз купишта од
жолти лисја. Ако есента беше животно, сигурно ќе беше лисица-црвена, игрива, мека и
пријатна. Не го споменав и мирисот на костени кои ги печат врвните мајстори низ градот.
Тое е нешто на кое никогаш неможам да одолеам кога сум во мојот Охрид.

You might also like