You are on page 1of 7

Пролет

Од Мартин Арсоски
Пролет
На планетата Земја постојат четири годишни времиња: пролет,
есен,лето и зима. Секое годишно време трае околу три месеци. Во
оваа книга ќе зборуваме за годишното време пролет. Пролетта го
означува преминот од зима во лето. Таа почнува на 21 март.
Нејзините денови се долги околу дванаесет часа и постојано се
зголемуваат.На Северната полутопка празниците Велигден и Ден на
планетата Земја секогаш се случуваат во пролет. Времето станува
многи потопло, иако пролетта знае да биде и врнежлиива. Во
понатамошните страници ќе може да научите нешто повеќе за
природата во пролет и да уживате во нејзините пејсажи. Пролетта
е прекрасна, шарена, миризлива и е инспирација за многу
уметнички дела.
Работа во пролет

Пролетта е прекрасно годишно време. После зимата која е


студена и сива природата се буди, се раззеленува. Како и
природата така полека се будат и луѓето. Тие почнуваат да ја чистат
земјата, да копаат и ораат, а кога ќе им дозволат временските
услови почнуваат да садат разни градинарски култури и цвеќиња.
Плодовите од нивната работа ги гледаат и добиваат малку
подоцна,но навистина уживаат во нив. Затоа треба да ги цениме
луѓето кои работат со земја и произведуваат храна која сите ние ја
користиме. Пролетта на прекрасен начин ни покажува дека се што
сме засадиле со љубов, природата ни го враќа дупло поубаво, прво
ни ги покажува прекрасните цветови и цутови на дрвјата и
растенијата, па потоа ни ги дава прекрасните плодови.
Птици преселници

Како што и ние луѓето секогаш бараме подобри услови за живеење


и опстанок така и птиците си бараат подобри услови прилагодени
на нивните способности. Некои птици не можат да ја издржат
зимата во нашите краишта. Така тие кон крајот на есента се
преселуваат во топлите краеви на југ. Како што Земјата се врти
околу Сонцето, така се менуваат годишните времиња, а птиците
имаат инстинкти сето тоа да го знаат и да реагираат.Процесот на
миграција кај птиците е вродена техника за преживување од
променливите временски услови.Кај нас најпознати птици
преселници се штрковите,ластовичките и славејчињата. Во пролет
тие повторно се враќаат назад. Интересно е што штрковите секогаш
се враќаат во истите гнезда, тука се размножуваат и ги одгледуваат
нивните потомци.Белите штркови се преселуваат во август и
септември од Европа кон Африка,Кенија,Уганда. Во март почнуваат
да се враќаат. Штрковите обично имаат една партнерка долго
време. Ако не сте знаеле побарајте да ја слушнете приказната за
штрковите Стјепан и Малена.
Дојде пролетта!
Дојде,дојде пролетта
убава и мила.
Како прекрасна самовила,
мека како свила !

Во пролет сонцето силно грее,


прекрасна песна пее,
целата природа
се буди и се смее.

Птиците на пролет
се враќаат од југ,
а луѓето во нивите
вредно работат со плуг.
Пролет
Пролетта е едно од годишните времиња. Таа е прекрасна, шарена,
сончева и миризлива. Во пролет се буди природата и полека сивата
боја на зимата се менува со зелената боја на пролетта. Има денови
кога многу врне, но сето тоа е дел од убавата пролет. Дождот им
помага на луѓето кои работат со земјоделство. Цвеќињата цутат и
насекаде се шири убав опоен мирис. Од секоја страна има преубав
поглед на расцветани дрвја. Почнува да се слуша веселата песна на
птиците кои се враќаат од југ, но и на оние кои студената зима ја
поминале тука. Сега е време за песна, за радост. Да уживаме во
прекрасните пролетни топли денови!
За крај на оваа книга ќе ви дадам една активност. Во текстот
погоре најди ги описните придавки и глаголите и напиши ги во
табелата подолу!
Да уживаме и да учиме заедно со пролетта!
Описни придавки: Глаголи:

You might also like