You are on page 1of 2

Планетата Земја е наше живеалиште

Нашиот дом, планетата Земја, е дом на сите нас, на нас луѓето и на безброј
други живи суштества. Сите ние живееме во нејзините прегратки и од неа ја
црпиме секојдневната сила. Планетата Земја ни ја дарува нејзината љубов со
нејзината прекрасна природа која ја гледаме насекаде околу нас и е дел од нас
како што ние сме дел од неа. Таквата љубов, природно, би требало е взаемна, но
за жал, секојдневно можеме да видиме дека, ние, луѓето многу често забораваме
да и возвратиме на Земјата со иста таа љубов и грижа која таа ни ја дава на нас.
За да ја имаме убава природата, како и планетата Земја, треба да ја чуваме и
негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара само љубов и внимание,
а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина.

Во современиот свет на брза технологија, многу фабрики и милиони


автомобили, природата, нашата планета , е загрозена. Но таа се бори со сите
сили, против сите зла и ни дарува чист воздух и животна средина. Сечењето на
шумите, загадувањето на реките и езерата, сето тоа ја уништува нашата планета
Земја, нашиот дом. Ние, луѓето треба секогаш да имаме на ум и да знаеме дека
Земјата е нашиот единствен дом и немаме друг дом, во исто време треба да
бидеме свесни дека и не е само наш дом, туку и на безброј други живи суштества
со кои ја делиме нашата планета. Поради тоа треба да бидеме одговорни, свесни
и да ја чуваме планетата, време е и ние да почнеме да се грижиме за неа како
што таа отсекогаш се грижела за нас. Еден од многуте начини да ја заштитиме
нашата планета е организирање и спроведување на еколошки акции низ целиот
свет со што ќе ја разбудиме свеста кај сите нас за потребата и неопходноста од
заштита и унапредување на животната средина, сите ние треба да садиме дрвја и
зеленило што можеме повеќе, да не фрламе отпадоци секаде околу нас, туку
само на места предвидени за тоа и да не ги загадуваме реките и езерата околу
нас. За да ја подобриме животната средина и да добиеме почист воздух за
дишење треба да садиме дрвја и зеленило секаде каде што можеме. Уништените
или исечените шуми, со садењето на нови, треба да ги обновиме и негуваме и да
апелираме до сите дека тоа е неопходно доколку сакаме да продолжиме да
живееме во благосостојба со природата и да ги користиме благодетите кои таа ни
дава, како и најважниот, а тоа е животот.

Секој еден од нас треба да знае дека планетата Земја е една, таа е нашиот
единствен дом, нашата мајка, а ние и сите други живи суштества сме нејзини чеда
и треба да ја чуваме и сакаме како што ја сакаме нашата мајка. Природата треба
да се чува за да не опкружува убавина од шуми,цвеќиња, бистри реки и чиста
здрава околина. Убаво е кога ке одиме во прошетка и ќе видеме разеленети дрвја,
расцутени цвекиња, бујна зелена трева и животни кои разиграно трчат низ
убавините на природата. Птиците пеат низ разгрaнетите дрвја, а милиони пчелки
да збираат мед од цвет на цвет, пеперутки ви кралски бои да латаат низ ливадите,
таа е убавината на природата. Ние сме дел од неа, таа не опкружува и заедно со
нас живee, расте и умира.

You might also like