You are on page 1of 1

ЗНАЧЕЊЕТО НА МОРАЛОТ

Прашање:

1. Дали моралот и моралното однесување имаат значење за животот на


луѓето?

Одговор: Моралот има огромно значење за човекот како живо суштество и


тоа токму заради правењето разлика меѓу доброто и злото, правењето на она
што носи радост, убавина, среќа, пријатни чувства, некаква корист,
задоволство, а избегнување на она нешто што носи несреќа, лошо, неубаво,
незадоволство.

Токму заради оваа своја способност да разликува Добро од Зло, човекот


се одделил од природата, повеќе не постапувал според инстинктите како
животните, туку според моралот. Одделувајќи се од природата, почнал да
живее во заедници со другите и создал свој свет – општество и во него го
создава своето материјално и духовно богатство. Затоа ќе заклучиме дека
моралот и моралното однесување кај човекот има човекотворно
влијание, те. се очовечил.

Прашање:

2. Кои се основните сили кај човекот?

Одговор: Размислувањето и избирањето на постапките се основните сили на


човекот.

Човекот има развиен мозок, има ум, разум, свест и совест и затоа може
да размислува и да ги предвиди последиците од своето постапување.

Затоа е способен да избира и решава што да направи, како да


постапи......затоа го одбира она што е најдобро за него и за другите околу него:
она што е исправно, арно, етичко, убаво, вредно, позитивно, корисно. Со
изборот меѓу доброто и злото, човекот избира каква личност ќе стане, си го
избира начинот на живеење и однесување – избира во каков свет ќе живее и
решава каков квалитет на животот ќе има за себе, за семејството, за
блиските.......

Прашање:

3. Како гласи Златното етичко правило?

Одговор: Најстарата и најраширена етичка норма, поука и совет гласи:

“Прави го она што сакаш другите да (ти) го прават! “

“Не прави го она што не сакаш другите да (ти) го прават! “

You might also like