You are on page 1of 32

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ПРЕДМЕТОТ ПСИХОЛОГИЈА

ТЕМА:

ПСИХОЛОГИЈА И ЗРЕЛОСТ НА ЛИЧНОСТА

Изработил:
Васка Јовановска
Брoj на индекс:1429/ППМП
Содржина
 Вовед
 Поим за личност
 Задачи на психологијата на личноста
 Динамина на личноста
 Динамика на личноста според Сигмунд Фројд
 Динамика на личноста според Гордон Олпорт
• Фактори во развојот на личноста
 Биолошки фактори за развојот на личноста
 Социјални фактори за развој на личноста
 Периоди во развојот на личноста
• Структурата на личноста во делата на психолози
• Зрела личност
 10 особини што ги поседуваат сите зрели личности
 Контрола над емоциите
 Преземање одговорност за себе и своите постапки
 Благодарност
 Способност да се прифатите онакви какви што сте
 Прифаќање на фактот дека не знаете речиси ништо
 Свесност за другите и нивните емоции
 Скромност
 Флексибилност
 Отворен ум
 Желба за подобрување
• Заклучок
• Користена литература и извори
Вовед
Индивидуата е конкретниот човек - оној што од другите се
разликува според своите биолошки, социјални и психички својства.
Конкретниот човек - индивидуата - во текот на својот развој,
постепено се усовршува и се формира во личност. Во тој развој
човекот сè повеќе oсознава, ги усвојува општествените искуства и
ја развива својата активност. Според сознанието, знаењата,
способностите, искуствата и воопшто активноста, личноста на
малото дете се разликува многу од личноста на возрасниот човек.
Личноста значи е севкупноста на сите психички појави кај човекот,
психички процеси, состојби и особини, кои кај секој поединец се
организирани на специфичен начин.
Поим за личност

Личноста е севкупноста на сите психички појави кај


човекот, психички процеси, состојби и особини, кои кај
секој поединец се организирани на специфичен начин.
Личноста е резултат на заемното влијание на следните
фактори: наследство, средина и активност на
единката.Секоја личност има свое специфично
однесување кое се карактеризира со својата:
доследност , единство и особеност.

Апстрактна слика на личност од Пол Кли


Задачи на психологијата на личноста

Сложената област како што е психологијата на личноста,


има повеќе задачи со кои се занимава, како на пример:
да ја открие структурата на личноста и да открие како
личноста се развива и кои се нејзините движечки
сили,како единката се доживува како личност, што е тоа
зрела личност, мерења од разни аспекти на личноста, а
се занимава и со истражување на личноста на разни
занимања, како личноста на наставници, на креативни
ученици итд.
Динамика на личноста

Потребите, мотивите, волјата, интересирањата, ставовите и идеалите влијаат врз


насочувањето на човековата активност и се наречни динамизми, двигатели на
личноста. Кај секој човек овие динамизми-двигатели се организирани на посебен
начин. Динамиката на секоја личност е мошне сложена, затоа што често пати се
случува двигателите да дејствуваат и спротивно.
Динамика на личноста според
Сигмунд Фројд

Кога станува збор за динамиката на


личноста Фројд истакнува дека покретите на
човековото дејствување се вродени инстикти.
Луѓето во различни периоди од животот тежнеат
кон остварувањето на своите цели, меѓутоа
нивната активност лежи во ограничениот број на
инстикти.

Сигмунд Фројд австриски невролог и основач на психоанализата


Динамика на личноста според
Гордон Олпорт

Според Олпорт идентификувањето себеси во


различни ситуации од животот, свеста за себе како
личност,
самопочитувањето, рационалното мислење зад кое
се развива сопственото "ЈАС" - многу се важни за
формирањето на сопствената личност.

Гордон Вилард Олпорт-Американски психолог


кој развил теорија на личноста
Фактори во развојот на личноста

Бидејќи човекот е најсовременото живо суштество на земјава,


затоа и неговиот развој е сложен. Врз развојот и формирањето на
личноста дејствуваат повеќе фактори што можат да се групираат на
следниов начин:

биолошки,

социјални фактори и

самоактивност
Биолошки фактори за развојот на личноста
За да се знае повеќе за факторите од кои зависи развојот на личноста, потребно е да се
знаат поедините услови кои имаат големо влијание врз нејзиниот развој. Условите од кои
зависи развојот на личноста се делат во две групи: на биолошки услови и на услови на
средината.
Главни биолошки услови и фактори се: нервниот систем, ендокриниот систем и
телесната конституција. Овие фактори пред се се одредени од наследството.
Социјални фактори за развој на личноста

Помеѓу факторите кои што ја сочинуваат средината, а особено оние


кои што влијаат на развојот на личноста, најважни се социјалните
фактори. Под нивно влијание доаѓа до развој и менување на
личноста. Затоа често се нагласува дека личноста е бисоцијална
појава и дека влијанието на социјалните фактори е биолошка основа,
при што социјалните фактори се одлучни за формирањето на
личноста.Дека социјалните фактори имаат првенствено значајна
улога за развојот на личноста покажуваат и примерите за децата кои
што се израснати изолирани од луѓе. Голем е бројот на социјалните
фактори кои имаат влијание во развојот на личноста и тоа се:
семејството и семејните услови во кои што детето расте, училиштето,
неговите врсници, секцијата во која детето е зачленето, роднините и
пријателите со кои што детето често пати доаѓа до контакт,
филмовите, литературата која што ја чита, бракот и односите во
бракот, занимавањето, луѓето со кои што соработува, материјалната
состојба, социјалната положба, социјално-економскиот систем во
којшто живее и други фактори.
Периоди во развојот на личноста

Во развојот на човекот постојат неколку периоди. Секој развоен период има свои
карактеристики, обележан е со долна и горна возрасна граница и го опишува
нормално-просечниот психофизички развој на единката.

Во развојот на едниката постојата следниве периоди:

Пренатален период: од зачетокот до 280 дена;


Новороденче: од раѓање до 2 недели;
Доенче: од 2 недели до 12 месеци;
Детство: од 1 година до 10 години;
Адолесценција: од 11 години до 24 години;
Зрелост: од 25 години до 64 години;
Старост: од 65 години па натаму.
Психологијата на личноста се занимава со три
главни прашања:

1 структура,
2 динамика и
3 развој на личноста
Структурата на личноста во делата на психолози

Најобемно и сеопфатна е психолошка структура на поединецот предложена од Konstantinom


Konstantinovichem Platonovym. Тој групира психолошки особини и ги опишува во четири нивоа на
структура на личноста.
- Првото ниво – лична ориентација. Се состои од верувања, идеали, идеологија, интереси и склоности,
ставови, желба и желба, односот на човекот кон нешто.
- Второто ниво – тоа е искуството на поединецот. Тоа вклучува голем број на знаење, вештини и навики.
-Третиот степен – одреден ментални процеси. Тоа е нашата волја, чувства и емоции, начин на
размислување, перцепција и меморија карактеристики.
-Последното ниво – е биолошки карактеристики на психата. Тие вклучуваат темперамент, пол и возраст
карактеристики на нервниот систем.
Зрела личност

Зрелоста не е нешто што го постигнувате со возраста, ниту пак е некое


признание за тоа што сте успеале долго да опстанете на оваа планета. Не
станувате зрела личност со тоа што ви се појавуваат брчки на лицето и бели
влакна во косата. Всушност, ако продолжувате да правите исти грешки дури и
во возрасните години, тоа значи дека воопшто не сте созреале во животот.
Понекогаш, не стануваме она што сме сакале да бидеме и дозволуваме
животот и околностите да ни влијаат врз процесот на созревање. Вистинската
зрелост може да се види од тоа како се носите со животните искуства, без
разлика на возраста. Карактеристика на зрелите личности е дека умеат да ги
надминуваат предизвиците и не се откажуваат уште на првата пречка при
остварувањето на своите планови и цели. Знаат дека на почетокот секогаш е
тешко, дека е потребно време, труд и упорност за да се постигне нешто и
имаат трпение додека се движат во таа насока. Тоа може да се спореди со
вежбањето, кога на почетокот ви е потребна поголема сила за да го поткренете
тегот, но потоа станувате само подобри. Зрелите личности се способни да
останат присебни, наместо да бегаат од проблемите. Тие се способни да ги
прифатат и негативните емоции, а не само удобноста и среќата.
Зрелата личност презема одговорност за своите акции и за нивните
последици. Тие никогаш не обвинуваат други ако нешто е направено
погрешно и се свесни дека преголемото его може да биде деструктивно.
Емпатични се и навистина ценат кога некој има гледишта различни од
нивните. Исто така, имаат и способност да предвидат што им е потребно на
другите, но и да слушаат, за да можат полесно да научат вештини од
поискусните. За нив, секоја личност е еднаква, без разлика на потеклото,
бојата на кожата или религијата. Тие веруваат дека таму каде што се денес
дошле поради комбинација на среќа, околности и талент и никогаш не
сметаат дека им следува нешто повеќе отколку на другите.
Но, во исто време, тие немаат натприродни моќи и нив не им се сите нешта
во животот под контрола. Исто така, зрелата личност никогаш нема да
почувствува задоволство од тоа што ќе понижи некој друг, ниту пак им суди на
луѓето според нивниот физички изглед или финансиски статус. Тие се храбри
и имаат почит и кон себе, но и кон останатите. Веќе имаат воспоставено
систем на вредности и умеат да ги почитуваат без оглед на околностите.
Размислете и самите, кои се вашите
вредности?
Каква личност сте навистина и каква сакате да
бидете во иднина?
Дали се менувате на подобро или сте
заробени во она што сте навикнати да го
правите, без никакво разбирање за себе?
Вистината е дека никогаш нема да бидете
целосно зрели, но секогаш можете да си
дозволите да растете уште повеќе.
Изберете го патот на растењето и
созревањето!
10 особини што ги поседуваат сите зрели личности
Само затоа што сте го поминале пубертетот и сте наполниле 18 години не значи дека сте
возрасна личност. Многу поважна е емоционалната зрелост за разлика од физичката.Секоја
личност се развива со свое темпо и некои се однесуваат како зрела личност уште пред
полнолетството, а некои е чувствуваат како деца дури и во 30-тата година.Воглавно, постојат
10 особини што им се заеднички на луѓето кои спаѓаат во категоријата „зрели личности“.
1 Контрола над емоциите
Наместо да се лути за секоја ситница, зрелата личност ќе размисли пред
да делува според своите емоции.Ова не значи дека зрелите личности не
можат да бидат повредени или гневни. Едноставно, тие не им дозволуваат
на емоциите да владеат со нив и секогаш ги земаат предвид и околностите.
2 Преземање одговорност за себе и своите постапки

Сите ние правиме избори, а секој избор има последици. Зрелата личност е подготвена да ги прифати овие последици, без
разлика дали се позитивни или негативни.Треба да бидете свесни дека вие сте одговорни за себе и за вашата среќа, но и
дека вие сте одговорни за последиците од ваши одлуки и постапки.
3 Благодарност

Многу е лесно да се жалите за она што го немате, но зрелата личност знае да биде благодарна за она што веќе го има.Се разбира, нормално е да посакувате
подобар живот и да се обидувате да го постигнете, но истовремено треба да знаете да ги цените сите добри работи што ги имате и што ви се случуваат во
моментот.
4 Способност да се прифатите онакви какви што сте
Воопшто не е лесно да е прифатите себеси, особено кога постојано сте бомбардирани со совети и трикови како да
се промените.
Кога ќе станете зрела личност, ќе имате поголема самодоверба, ќе се чувствувате удобно во својата кожа и нема да
копнеете да бидете личност која не сте.Сосема во ред е да сакате да се подобрите, и треба да го правите тоа, но
сепак сте задоволни од себе.
5 Прифаќање на фактот дека не знаете речиси ништо
Никој не може да знае сè, но потребно е време за луѓето да го сфатат ова. Потребна е зрелост за да признаете дека всушност, многу работи ви
се непознати.Зрелата личност може да ја тргне гордоста настрана и да ја покаже желбата за учење, дури и ако треба да научи нешто од многу
помлада личност.
6 Свесност за другите и нивните емоции
Емпатијата е важна карактеристика која им е заедничка на зрелите луѓе.Зрелата личност секогаш
ги зема предвид и туѓите чувства, а неретко е подготвена и да се жртвува за саканите. Притоа,
зрелите луѓе не чувствуваат завист и љубомора кога некој ќе успее, туку се радуваат за туѓиот
успех.
7 Скромност
Ако сте зрела личност, нема да му дозволите на успехот да „ви удри во глава“. Без разлика колку се постигнале, сите
луѓе ќе ги третирате со почит.Зрелите луѓе не чувствуваат потреба да се фалат со својот успех и со тоа да ги
потценуваат другите.
8 Флексибилност
Најчесто нештата нема да се одвиваат по план, а зрелите личности го знаат ова.Многу поважно е да бидете флексибилни и да знаете да се
снајдете кога ситуацијата нема да се одвива во вашата корист.
Тврдоглавоста, барањето виновник и сличното однесување се знаци за незрелост.
9 Отворен ум
Ако сте зрела личност, секогаш ќе настојувате да ги гледате работите од повеќе перспективи.Притоа, нема да
им судите на луѓето кои се поразлични од вас, туку ќе се обидете да ги разберете и да научите нешто повеќе за нив.
10 Желба за подобрување
Само затоа што сте стигнале некоја
возраст, не значи дека развојот
престанал за вас.Зрелите личности
се свесни дека секогаш постои
простор да се подобрат и секогаш ја
користат можноста за тоа. Тие знаат
дека ние учиме во текот на целиот
живот и секогаш бараат начин да
станат подобра верзија од себе.
ЗАКЛУЧОК

Во психолошката литература, термините "личност", "темперамент" и "карактер", најчесто се употребуваат алтернативно или како синоними. Заедничката карактеристика на сите позначајни дефиниции на личноста е тоа што ја акцентираат мотивацијата и адаптацијата на
организмот.
Олпорт ја дефинира личноста како "динамичен склоп на оние психофизички системи, кои во индивидуата го одредуваат нејзиното специфично прилагодување кон средината".
Личноста е био-психо-социјално единство. Нејзиониот развој се остварува низ интеракцијата на генетското наследство и социјалната средина - семејството и пошироката општествена заедница.
Досега разгледавме многу аспекти од развојот на личноста и нејзината психологија и што би требало се да се поседува за да се биде една зрела личност.Со оваа презентација само презентиравме мал дел од човечкото битие и психологијата која е агенс на неговиот начин на
живот, во било која возраст.

Личноста на човека и зрелоста се менува во зависност од развојот односно во кое скалило од физичкиот развој се наоѓа. Така се поврзуваат психолошко – социолошките фактори со возрасната граница. Затоа и полесно можеме да ги класифицираме различните типови на
личност.
Користена литература и извори:

1 Robert Hogan. John Johnson, Stephen Briggs. Handbook of Personality Psychology


(1999)

2 Ante Fulgosi. Psihologija licnost.(Skoljska knjiga – Zagreb cetvrto izdanie 1987)

3 Слободна енциклопедија на македонски Wikipedia.mk


ВИ БЛАГОДАРАМ !

You might also like