You are on page 1of 4

Мартина Николовска 25531/21 Семејни студии

1.Морални норми

-Секое општество со цел за подобро комуницирање и живеење треба да ги почитува


правилата кои ги дава заедницата.Тие правила се познати како норми и ги сретнуваме
секојдневно и според нив ние треба да делуваме на правилен начин.Тие се пишани или
непишани правила односно упатство за однесување на луѓето. Доколку се прекрши некоја
норма има соодветни казни, а доколку се придржуваме кон нормите може да бидеме
наградени. Во секое општество постојат различни видови норми, меѓу кои најприсутни се
обичајни, морални, правни и верски.

Моралните норми се всушност правила на однесување кои покажуваат што е добро, што
лошо, односно што е правилно, а што неправилно. Без овие норми поединецот ќе мора сам
да ги бара одговорите преку сопственото искуство. Тие се пренесуваат од генерација на
генерација преку процесот на социјализација.

Кога се зборува за моралните норми се зборува и за морален субјект, морален суд,


морална должност.Моралниот субјект е оној чие однесување е регулирано со помош на
моралните норми во одредена ситуација.За една личност да се нарече морална , треба да
ги поседува следниве специфични особини : свеста, чувства,совест, воља.Морална
ситуација- тоа е онаа ситуација или односи меѓу две или повеќе особи која е регулирана со
морални норми. Општествените ситуации се делат на две групи: морални-регулирани со
морални норми и неморални-односно нерегулирани со морал.Морален суд е оцена која ја
искажуваат поединците и ја даваат за одредени постапки секојдневно и одлучуваат дали
нешто е добро или лошо.Морални односи се општествени односи кои се регулирани со
помош на моралот.Морална должност е онаа должност која би требало да ја има секој
морален субјект која би му покажала на каков начин да постапи во одредена ситуација,
кои би бил морално прифатен.Морален прекршок е кога субјектот се однесува спротивно
од моралната норма, па од тука произлегува и моралната санкција и постојат два вида
санкции: внатрешна- тоа е личната грижа на совест и надворешна- тоа е одземање на
извесни добра.

Грижата на совест е проследена со заклетва дека субјектот понатака нема да прави


прекршок.Поточно таа се дефинира како осудување на самиот себе.
2.Морални вредности

Вредностите се двигатели на човековото однесување.Вредностите се усвојуваат преку


процесот на социјализација, најпрво во семејството, потоа во групата врсници, во
училиштето.Вредностите поточно го изразуваат она што на една личност и се допаѓа, она
што таа мисли дека е добро и правилно.Тие произлегуваат од човековите желби, интереси
и потреби и тие се тие кои го тераат човекот да ги оствари своите интереси и
потреби.Вредностите се израз на нашата свест за живот, како и за односите меѓу луѓето и
за човековите постапки. Без системот на вредности личноста и заедницата би се
распаднале и животот би немал смисла.Основните вредности, кои се сметаат за основа на
сите останати, се всушност оние вредности кон кои личноста нејвеќе се
придржува.Постои и врвна вредност, таа е највисока и од неа се изведени сите вредности
и сите други останати вредности служат за да се оствари таа највисока вредност.Спроти
поимот вредност имаме поим невредност кој значи дека одредена вредност која е
позитивна треба да се почитува и да се следи, а негативната вредност би требало да се
критикува и да се избегнува.Постојат и универзални вредности кои се основа врз која се
градат моралните норми. Само ако постои врвна вредност личноста ќе знае што да прави и
како да го живее животот. Лужето чиј живот не е раководен од одредени вредности, тие
остануваат без патоказ.

Врвната општествена вредност зависи од типот на општеството. Има општества каде на


пример општествена вредност е честа , па затоа чесните луѓе во тоа општество ќе бидат
највеќе почитувани. Во други општества храброста е врвна вредност, па затоа храбрите
луѓе во тоа општество ќе уживаат најголем углед.Карактеристично за транзиционите и
посттранзиционите општества е тоа што како врвни вредности се потенцираат
богатството, моќта и власта.Па така богатите луѓе се ценети и тие се на високи позиции во
тоа општество, па самото богатство им носи власт и моќ. Постојат и свети вредности кои
ја даваат смислата на световните вредности.Според ова тврдење Бог ја исполнува
највисоката вредност а сите други вредности имаат свој однос спрема таа вредност.Секој
човек го гледа светот во зависност од избраните вредности или систем на
вредности.Вредностите се неопходни, неминовни и се од огромно значење за нормално
функционирање на човековиот живот.
3.Религија и морал

Сите народи во светот имаат просветители, кои има ја создале и пренеле писменоста, оние
кои ги насочиле кон култура и кои им го откриле моралот.Овие луѓе се слават како
духовни родители и просветители. Првите просветители на словенските народи се Св.
Кирил и Методиј Солунски кои во 9век го создале првото словенско писмо, ги превеле
првите книги на словенски јазик и ги привеле кон христијанската вера словенските
племиња во Моравија и Панонија.

Голем број на теолози докажуваат дека за човековата моралност е потребна религиска


вера, односно верата во Бог како творец на светот, како морален законодавец и врховен
судија кој ќе ја обезбеди оцената за човековите постапки и награда или казна за нив.
Според теолозите верата во бесмртноста на душата е исто така компонента на
моралноста.Некои од нив сметаат дека нивните сознанија се научни и дека без вера во Бог
не е можно научно да се заснова моралот.Голем број на теолози од католичката и
православната конфесија проповедаат дека атеистите воопшто неможат да бидат морални
доколку останат на своите атеистички ставови.Еден католички свештеник, атеистите ги
споредува со крадци.Совеста во нив се буди поради лошите дела и тие се плашат од
Бог.Поради тоа тие се убедуваат себе си и сите околу нив дека Бог не постои.Исто како
што крадците се плашат од стражарите и судиите и затоа не сакаат тие да
постојат.Наведените ставови на теолозите за поврзаноста на моралот со религијата можат
да се сведат на неколку тези:

-онтолошко-логичка теза, според која без вера во Бог како трансцедентно суштество не
можеме да го сфатиме светот. Се што е човечко би морало да се мери со нешто
надчовечко и да се усогласува со него за да биде во потполност засновано и оправдано.

-психолошка теза- според која без верување во бесмртноста на душата и наградата и


казната на “оној” свет , човекот не би можел да биде морално суштество.Оваа теза тргнува
од претпоставката дека стравот од божјата казна и исчекување на награда морално е
оправдан мотив.

-генетско-историска теза- ја застапуваат и бројни етнолози,покрај теолозите.Моралот


произлегол од религијата, па според тоа само религијата може ефикасно да го одржува.

Филозофите често расправале за улогата на религијата во одржување на моралот, и


повеќето ја негираат позитивната улога на религијата во моралот.

Николај Хартман истакнува дека религијата е свртена кон трансцедентноста и дека таму ја
гледа највисоката вредност,а за разлика пак етиката го смета тежнеењето кон оностраниот
свет за расипување на моралната сила и нејзино одвлекување од вистинските
вредности.Религијата во прв ред го става Бог,тој е најзначаен, а етиката , човекот. За
религијата , моралните вредности имаат своја трајна основа во Бог,а каако етиката
вредностите се автнономни во смисла дека зад нив не стои ниту авторитет ниту воља за
моќ. Човековата слобода е всушност претпоставка за моралноста.Таа слобода не може да
го поништи природниот детерминизам бидејќи не може да поставува цели кои би го
обврзувале човекот.

You might also like