You are on page 1of 1

Секој ден се обидувам да нацртам подобар цртеж , да искомбинирам поубави и подобри бои

на мојата палета . Посакувам тоа да биде убав ден исполнет со смеа , радост .. Секогаш
мора да постои некоја пречка која ќе ја уништи таа слика , цртеж кој сум се потрудила да го
нацртам . Цртежот – тоа е реалната замисла на животот . Сите чувства ги искажувам преку
тенката , дрвена четка оставена на дрвената полица . А замислените желби се боите кои се
мешаат во мојата палета. Секогаш има некој , кој ќе ја сруши прекрасната замисла на
животот . И само што ќе помислам дека ме обзема љубов , радост , среќа и сила – за да го
нацртам цртежот, како да иде некој и ја крши сликата додава омраза и цртежот на кој сум
изгубила труд и време пропаѓа , заминува едноставно се уништува . Секогаш мислам дека ја
не припаѓам во овој свет , моето место не е тука , дали мојата професија е згрешена ?
Чекорам по улиците сама , луѓето се презафатени , никој нема време за чај или кафе ..
Дали светот се распаѓа ? Дали на луѓето им се толку важни парите . Работат нон-стоп за
свои луксузи . Светот би бил поубаво место за живеење ако секој работи за да опстане а не
за свои луксузи . Дали луѓето , се сеќаваат дека порано немаше интернет но имаше други
игри – ластик , џамлии , жмурги , брканици .. Порано немаше лажни пријателства , лажна
љубов , но денес тоа е 90 % застапено . Интернетот , компјутерот работи кои се штетни ,
како болест која навлегла во вас и не излага , како грип кој тешко се лечи . Луѓе излезете
надвор , видете го сонцето , небото , птиците .. Ја се плашам од ова сега што го гледам .
Оваа слика не е добра . Не е добра иднина , само лошо минато и сегашност што се живее .
Не им овозможуваме иднина на нашите деца , децата треба да знаат што е кошарка , што е
жмурка . Некој сигурно си вика оваа е ненормална , дали таа нас ќе ни соли памет ? Си го
живееме животот онака како што сакаме , едноставно е . Но јас го мислам спротивното дали
ќе оставиш твоите деца да живеат ваков пустошен , штетен живот . Овозможи им на децата
иднина а не ја враќај сликата од минатото. Така светот ќе биде удобно и убаво место за
живеење !

You might also like