You are on page 1of 1

Kога ќе дојде зимата, ех, тогаш, тогаш вреди да се живее и да се живее.

Драги мои, за
зимата ќе ви кажував. И пролетта овде е многу убава, уште во сеќавањата го слушам
шумолењето на гората, но зимата... Ееееееее зимата е нешто посебно, ја обожувам!
Чувствуваш се шири мирис на затоплени домови, вдишуваш, а градите ти се полнат со
ладен чист зимски воздух, ти поцрвенуваат образите како на Дедо Мраз, а насмевка ти ги
краси усните, среќен си.
Почнуваш да се спушташ од ридот па надолу, до бескрај кај ќе стигнеш, замишуваш и се
прпелкаш во снегот. Се санкаш сам, без ништо, без санка, без скии и уживаш. Кога ќе
погледнеш во ридовите ,тие до вчера големи ридови, сега како да се смалиле, сите се исти
како во униформи, бели, бели.
Се е бело околу тебе. Зимата е бела. Гранките како подадени дланки натежнале, се свиле
од товарот, полни се, но не со плодови, со снег вчера паднат. Секоја куќа го зголемува
своето семејство за по еден член. Снешко е дојден на гости во секој дом и ќе остане, ќе
остане се до првиот јужен ветар, се до првите сончеви зраци кои ќе го најават неговото
заминување. Еве, секаде снешковци. Снешковци секакви, со капи, со тенџериња, со
морковчиња, со метлии, копчиња шарени. А, кога ноќта ќе се спушти тогаш глетката е
сеуште бела, пак се е бело, белината на зимата го пробива мракот. Само по некој очекуван
гостин скришум доаѓа до вратата и си заминува - соседот да остави новогодишна честитка
со желба за радост и среќа.
Пак снегулки паѓаат. Кристално бели, танцуваат додека патуваат, се прегрнуваат една со
друга плетат снежна покривка. Се е бело, зимата е бела во мојот роден крај.

You might also like