You are on page 1of 1

Иако снегот некако не заборави, во овој период од годината некои делови на Земјината топка кои се

прекриени со снег наликуваат на вистинска снежна идила. Зимските пејзажи се толку неверојатно убави што
на момент додека ги гледаме добиваме чувство како и ние да се наоѓаме токму на местото на кои се сликани.
Верувам дека постојат луѓе кои токму поради ладното време не ја сакаат зимата, но пејзажите кои има моќ да
ги направи снегот, како овие во статијата, се надевам дека ќе бидат причина повеќе за од денес повеќе да ја
засакате зимата.
Сѐ е магично во зима, магични се улиците прекриени со снег, магични се мразулците кои висат по покривите
на куќите, магични се замрзнатите мали езерца, побелените ливади и планини, побелените дрвја, едноставно
сѐ во зима е чисто и убаво, барем за мене, бидејќи зимата е моето омилено годишно време, а се надевам дека
после овие неверојатно убави зимски пејзажи зимата ќе стане и вашето омилено годишно време.
Подгответе ги сите ваши сетила за да се опуштите и да уживате во фотографиите и за да им се препуштите
на неверојатната зимска магија, која иако сѐ уште е без снег, некако се чувствува во воздухот.

You might also like