You are on page 1of 1

Константин Миладинов е еден од најистакнатите македонски претставници од периодот

на Преродбата.Во неговото творештво доминираат човековите чувства изразени преку народната


песна, патриотизмот и родољубието.Оставил неизбришлива трага во културниот и националниот
развиток на македонскиот народ, неуморно борејќи се против туѓите влијанија.

Константин многу рано ќе дојде до сознанието дека единствен начин за борба против
туѓата грчка власт е образованието. Собирањето народни умотворби допринело за афирмација
на македонскиот јазик, традиција, обичај и историја.Неговиот постар брат Димитар во „Зборникот
на Миладиновци“ успеал да собере многу народни песни и преданија, обичаи и верувања,
гатанки и поговорки. Константин подоцна ја заокружил мисијата, напишал Предговор и успеал
да го отпечати Зборникот. Под влијание на народното творештво сите негови 15 авторски песни
се карактеризирале со употреба на многу елементи и епитети од народната поезија.Пишувал
песни со интимни, љубовни и социјални мотиви. Љубовта го инспирирала да напише повеќе
песни посветен на жената.Така во песната „Бисера“ја опева искрената љубов кон момата Бисера.
Маѓепсан од нејзината убавина, вели дека нејзиното грло е стопати поубаво и побело од
бисерите што ги носи. Копнее да го бакнува нежниот врат, сокриен со бисерен
ѓердан.Материјалните нешта, како скапоцениот бисер, не му се потребни, важна е само љубовта
на саканата. Во неговите песни доаѓа до израз и романтичарскиот занос да му служи на својот
народ и далечната татковина.Народната болка е и негова, неуспешно ќе повикува на бунт против
тиранијата. Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, во мигови на силна
емотивност, се раѓа најсилната и најубава песна “Т’га за југ”. Мотивот во песната е патриотски,
родољубив,во духот на романтичарскиот занес. Започнува со голема носталгичност, чувства на
восклик, силна желба, копнеж да е на друго место, копнеж да е дома.- “Орелски крилја кај да си
метнех,и в наши ст’рни да си прелетнех!” Ја замислува саканата татковина и познатите места, кои
добиваат една натприродна светлина и убавина, за разлика од суровата и мрачна московска
средина и клима.На почетокот, бара нешто невозможно, орелски крилја кои ќе го пренесат од
мрачната земја обвиткана со мраз,студ и магла, во земјата во која сонцето ја грее душата.Крилјата
ќе бидат спас за измачената душа. Во родните места природата ја растурила сета своја убавина и
раскош,небото е посеано со најсјани ѕвезди,а полињата, горите и езерата се белеат во својата
божја убавина. Татковината е извор на неговиот душевен мир, радост и среќа.Бескрајната љубов
кон родната земја ја искажал во последните два стиха: “Тамо по срце в кавал да свирам,с’нце да
зајдвит ја да умирам.” За жал поетот не успеал да се израдува на светлата зора, бистрите езерски
води и божјата убавина. Цариградски зандани го спречиле враќањето на родното огниште. Не
дочекал таму со кавал да свири, сонцето да зајдвит, тој да умира. Умрел во студените и темни
зандани.

Творештвото на браќата Миладиновци (Тга за југ е поезија) е сведоштво за еден народ


што се бори за слобода, се бори против насилството и силите на злото. Макотрпното минато и
љубовта кон татковината ги оправдуваат сите страдања и жртви во стремежот за ослободување
на сопствениот народ.

You might also like