You are on page 1of 1

Една моја доживеана авантура

Живееме во време кога работите и се околу нас се случува пребрзо. Секојденевно


постојано ни се појавуваат различни случки, но како светлина поминуваат и заминуваат од нашата
глава. Она што останува долго време запаметено се авантурите кои сме ги доживеале на некое
патување или прошетка. Тие остануваат запаметени и се разкажуваат долго време.

Беше есен, а сонцето се смееше високо на небото. Со мојата сестра и кучето тргнавме на
планина, подалеку од целиот хаос во градот. Додека бевме на почетокот од планината беше
убаво, патеката имаше тепих од жолти лисја, околу зелени зимзелени дрвја, а попаднатите
шишарки на сето тоа му даваа необичен дизајн. Одевме понатаму, а кучето се измори, па мораше
да правиме паузи почесто. Стигнавме до врвот, погледот беше преубав. Се одморивме а потоа
тргнавме да се враќаме назад. Најдовме една мала пештера, беше интересно како природата ја
создава во карпа помеѓу дрвјата. Потоа најдовме куп жолти листови, ги фрлавме на кучето, а тоа
се радуваше и скокаше. Во еден момент додека се смеевме и ги фрлавме листовите, кучето го
немаше никаде. Почнавме да викаме, да го бараме во листовите, околу дрвјата, но кучето го
немаше. Тогаш јас реков дека можеби дошле вонземјани и го однеле со нив, а сестра ми многу ми
се налути. Продолживме да викаме и да го бараме, не можевме да заминеме без него. Во еден
момент листовите почнаја да шумат, нашето куче сето тоа време било тука. Јас тогаш реков:„Ни го
вратија вонземјаните“, овој пат мојата сестра се смееше. Бевме среќни што кучето е тука и е
добро.

Требаше да биде само едно обично планинарење, а не и потрага по куче, но благодарение


на тоа оваа авантура ќе ја раскажуваме уште долго време. А можеби и бев во право, што ако
навистина вонземјаните го зедоја, а потоа го вратија кучето во листовите?

You might also like