Mars

You might also like

You are on page 1of 1

Кјуриосити е името на роверот лансиран на Марс за да го проучува и докаже постоењето

на живот на оваа планета. Името било избрано на јавен конкурс по предлог од страна на ученичка
од шесто одделение. И сосема е оправдано. Навистина сме љубопитни за опкружувањето на
нашата Планета. Ова беа последните мислите кои ми се вртеа во главата пред да заспијам откако
ја прочитав објавата за новите откритија на Кјуриосити.

Стојам на една мала зелена парцела опкружена со сивкаста, безживотна земја. Местото на
кое стојам е како оаза во пустина. Зелено, топло, по некоја чудна грмушка со уште почудни
плодови. До неа мало зелено суштество. Да не беше повисоко од грмушката и да го испушташе тој
звук налик на говор немаше да има некоја разлика. Ми подаде една мала слушалка и ми покажа
да ја ставам во увото. Одеднаш започнав да го разбирам неговиот говор. Малото зелено
суштество беше пријателски расположено, гостопримливо и многу љубезно. Ми кажа дека
неговото име е Ки, кратенка од некое име кое беше толку долго што не би можел ниту да го
прочитам, дека има 348 години и е 134 дете во нивното семејство. Ки знаеше се за мене, за моето
семејство, училиште. Информациите кои ги имаше за мене повеќе ме заплашуваа отколку што ме
зачудуваа. Тој ми објасни дека тие се многу побројни од нас и дека имаат посебна можност да не
набљудуваат и проучуваат. Јас сум бил дел од неговиот истражувачки проект. Кога видел дека јас
читам за Кјуриосити и дека размислувам за нивниот дом решил да ме телепортира кај нив и да ме
прошета по нивниот дом, да ме запознае со неговото семејство. Како ќе запознаам семејство кое
брои повеќе од 140 членови и кои се стари стотици години. Додека размислував за ова силен звук
ја прекина тишината. Позната мелодија, мојот аларм.

Чудно е како понекогаш мислите кои ни се раѓаат во текот на денот не стигнуваат во


нашите соништа. Ова ќе биде допра тема за дискусија во училиштето. Дали и на другите им се
случува да го сонуваат она на што последно помислиле пред да заспијат.

You might also like