You are on page 1of 2

ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ НА ХАРИ ПОТЕР

Се сеќ авам како мала мечтаев да станам принцеза и да живеам среќ но до крајот
на животот со мојот сакан принц. Потоа сакав да станам самовила за да имам
магични моќ и и да помогнам на светот. Ова беа различни фази од мојот живот, кои
траеја кратко. Следната „фаза“ што настапи е да бидам вештерка. Да не се разбереме
погрешно, не мислам на оние лоши вештерки што ги има во цртаните филмови што
прават отрови и никој не ги сака. Јас сакав да бидам вештерка во Волшебниот Свет
на Хари Потер. Сакав да бидам ученичка во Хогвортс. А велам „фаза“, бидејќ и не
траеше кратко, т.е. уште трае. Го чекам моето писмо со кое ќ е ме повикаат во
училиштето веќ е 10 години... Можеби ќ е го дочекам некогаш. Кој знае?!
Отсекогаш верував во невозможното. Магијата навистина постои. Неа можеме да
ја вкусиме во книгите што ги читаме, во филмовите што ги гледаме... А посебно ако
тие книги и филмови се приказната за Хари Потер. Поради ова и сè уште сум
обожавателка на книгите и филмовите за неговите авантури во волшебниот свет. И
сум благодарна за тоа. Благодарна сум бидејќ и ме научија да ја согледам магијата
што постои во светот. Паметам дека пред првпат да ги изгледам филмовите за Хари
Потер, бев исплашена од нив. Мислев дека е најстрашниот хорор филм на светот, се
исплашив кога го видов Волдеморт на сликата. Едвај ме убеди братучетка ми да го
изгледам со неа. И го изгледав. Ти благодарам. Ти благодарам што ми ги отвори
очите за да ја видам магијата и да живеам според неа. Беше тоа љубов на прв поглед
и таа љубов, еве и после 10 години сè уште е силна како и првиот ден кога за првпат
го изгледав „Хари Потер и каменот на мудроста“, уште во трето одделение. Реков
дека сум исплашена од Волдеморт. Првин бев исплашена од неговата појава, а после
станав исплашена и од неговите постапки. А сметам дека и секој треба да биде
исплашен од такви луѓе, од алчни луѓе. Луѓе кои барајќ и многу, на крај си го дале и
животот за моќ . Можеби сите тие 7 книги и 8 филма изгледаат наивни и детски, ама
воопшто не се. Преку тој убав, магичен, волшебен, разигран свет ни ги покажуваат
вистините кои се присутни во овој наш „muggle world“. Почнав со мрачниот дел, да,
свесна сум, ама само затоа што сакам да го оставам тој најубавиот дел за крајот. Нели
си велите и вие: „Најубаво за крај“?! Во ред, некогаш не се знае крајот или пак за кој
крај го чуваме тоа најубавото, ама сега за есејов знам кога ќ е заврши. Како и да е, да
се вратам на волшебниов свет. Бидејќ и мојата куќ а во Хогвортс е Грифиндор,
планирам оваа година моето полнолетство да го направам со црвено—златни бои,
за да го одбележам крајот на најзначајната етапа од мојот живот – детството.
Детство кое беше исполнето со многу замавнуавања на стапчето и многу прошетки
до Хогсмид. Туку, јас вечно ќ е си го имам детето во себе. Детето кое ќ е остане
љубопитно кон животот и кое ќ е продолжи да верува во магијата што постои, а и
детето кое ќ е се обиде да ја пренесе таа магија. Откако ги прочитав книгите, а тоа
беше при крајот на моето основно образование, сфатив колку многу сум пропуштила
што не сум ги прочитала порано. Иако беа напишани букви, мене сето тоа ми беше
неверојатно и магично. Сето тоа јас го впивав со најголема заинтересираност затоа
што беше најблиското нешто што го имав од тој магичен свет по кој толку многу
мечтаев со години. А кога излезе оваа година и документарецот за 20-годишнината
од излегувањето на првиот филм за Хари Потер, беше како враќ ање во некое
поубаво време. Она кога целото детство ти е претставено во тој 1 час и 43 минути. И
кога по толку години ги гледаш истите лица со кои си израснала. И плачеш, ако
плачат и тие. Ги чувствуваш солзите кои течат надолу по образот кога ќ е споменат
некој што не е веќ е тука. Бев прелиена со сите емоции. Оваа неверојатна приказна
ме научи на многу различни нешта, а пред сè да бидам добар човек и да немам
предрасуди према другите, затоа што во Хогвортс сите се прифатени и СЕКОГАШ
има место за малку поразличните. Како растев, сè повеќ е се пронаоѓав во ликовите
на Хермиона Грејнџер, Рон Визли, Џини Визли, Невил Лонгботом, Луна Ловгуд,
Дрејко Малфој и моите најомилени ликови, Фред и Џорџ Визли. Од сите земав по
нешто, за да денес сум тоа што сум. Кога почина Фред, како да почина и еден дел од
мене, како хоркрукс на Волдеморт, а остана да живее Џорџ, што остана претставник
на шегите, а сега јас му правам друштво и ги продолжив чекорите на Фред, хехе. Баш
оној ден планирав каква шега да направам на моите за 1ви април, кога е и роденден
на овие два легендарни лика. Мора да се одбележи тој магичен ден. Горда сум кога
денес гледам како некои мали деца почнуваат да ги сакаат истите лица кои и јас
почнав да ги сакам на нивни години. Се чувствувам гордо бидејќ и најважните
работи што биле за мене, ги прифаќ аат и поновите и помладите генерации. Се
чувсвтвувам гордо и на нив, кои го согледале тоа волшебното, коешто го имав
согледано и јас уште пред 10 години. Па оваа година и јас славам јубилеј. Јубилеј од
10 години како сум дел од овој свет. Ти благодарам Џ.К. Роулинг што ни го подари
ова бегство од реалноста и им благодарам на сите кои се дел од овој универзум, што
се дел од Волшебниот Свет на Хари Потер.
А сега, како овој мој крај на овој есеј, ќ е го искористам мојот омилен цитат на
Албус Дамблдор: „Среќ ата може да биде пронајдена и во најмрачните места, ако само
еден се сети да ги вклучи светлата.“

Мила Павловска III-11


СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово
Ментор: Ангела Петковска
1300 Куманово
+38977883960

You might also like