You are on page 1of 2

Што е ништото?

Исак Асимов – мудрец на науката, шампион во креативност во образованието,


визионер на иднината, љубител на библиотеките, пријател на Мапетите –
претставува еден од највизионерските научни умови во модерната историја.

Секоја година Планетариумот Хејден при Американскиот музеј на природната


историја, чијшто посветен поддржувач е Асимов, е домаќин на Меморијалната дебата
Исак Асимов, во која се поканети некои од најголемите умови на нашето време да
дискутираат за монументални неодговорени прашања на рабовите на науката.
Изданието во 2013 го истражуваше постоењето на ништото во сложените разговори
помеѓу научниот новинар Џим Холт кој претходно се прашуваше зошто светот
постои, теорискиот физичар Лоренс Крау.Ричард с кој Гот, ја изложи наката за
„нештото“ и „ништото“, професорот по астрофизика на Принстон Џ.Ричард Гот,
професорот по журналистика на Њујорк Универзитетот Чарлс Зајф и физичарот од
Стенфорд Ева Силверштајн, додека модератор беше никој друг туку Нил де Грасе
Тајсон. Тематски широката дискусија опфати проблеми како квантната механика,
простор – времето, црните дупки и теоријата на струни.

Холт ги смета Лајбниц и пронаоѓањето на калкулусот како радикални прествртни


точки во историјата на науката и филозофијата.

„Клучен концепт за калкулусот е концептот з аинфинитецималното – бесконечно


малото. А што е инфинитецималното? Не е ништо, но исто така не е ниту нешто.
Некако како да посредува меѓу завршеноста и ништоста. Мора да имате вродена
склоност за опасните идеи, а инфинитецималноста беше сметана за екстремно опасна,
и поради неа имаше силен отпор кон калкулусот. “

Очигледна универзалија која произлезе од дискусијата беше општораширеноста на


митовите за создавањето низ цивилизациите, која ја изразува темелната човечка
потреба да разбере како од ништо настанало нешто, но и кон неа Холт приложи
интересен исклучок :

Митовите за создавањето секогаш се за тоа како светот во кој живееме почанл да


постои. Во Амазонија има племе наречено Пираха кое е единствената позната
цивилизација без мит за создавањето. Кога ќе ги прашаат за светот, одговараат
„Отсекогаш било вака“.

Но, изјавата на вечерта е од самиот Тајсон одговарајќи на прашањето од публиката за


односот наука – религија – кој е всушност промислување на основите на критичкото
мислење и што тоа наука.

Може да има алтернативи кои не се нужно религиозни. Има една интересна погрешна
дихотомија – ако ова не е вака, тогаш е потврда за религиозното гледиште. Не, не мора
– може да е нешто кое уште ти нема текнато. Не можеш да изведеш став само поради
тоа што нешто не е така. Тоа е невалиден аргумент кој се правел низ времето, и
подобрите научници кои го носат прогресот никогаш не претпоставуваат ништо само
од лажноста на некој став.

Извор: Brain Pickings

You might also like