You are on page 1of 6

ПРОБЛЕМИТЕ ШТО ГИ ИСТРАЖУВА ФИЛОЗОФИЈАТА

Прашалникот е симбол на филозофијата: што, како, зошто?

Имануел Кант вака ги


изразил трите основни
филозофски прашања:
- Што можам да знам?
- Што треба да правам?
- На што можам да се
надевам?
Тие се обединуваат во
едно прашање:
- Што е човекот?
ОНТОЛОГИЈА ( το oή – е, она што постои) е наука за битието. Што е она што постои,
како тоа настанало, какво е битието (материјално или духовно), што лежи во основата на сите
појави, кои се основните законитости на постоењето, кои се формите и својствата на
постоењето. МЕТАФИЗИКА (т.е. она што доаѓа после постојното, што е зад физичкото).
КОСМОЛОГИЈА и ФИЛОЗОФИЈА НА ПРИРОДАТА.

ГНОСЕОЛОГИЈА (ст. гр. gnosis – сознание) е наука за сознанието, за неговата суштина, за


изворите, границите и можностите на сознанието. ЕПИСТЕМОЛОГИЈА (ст.гр. еpisteme –
знаење) е наука за знаењето, како се здобива и кои се неговите карактеристики.
МЕТОДОЛОГИЈАТА е наука за сознајните патишта т.е. методите по кои се стекнува
знаењето. КИБЕРНЕТИКАТА, ИНФОРМАТИКАТА, ФИЛОЗОФИЈА НА НАУКАТА.

ЛОГИКА е наука за логичките форми (како што математиката е наука за математичките


форми). ФИЛОЗОФИЈА НА ЈАЗИКОТ, СЕМАНТИКА, СЕМИОЛОГИЈА,
ПРАГМАТИКА.

АНТРОПОЛОГИЈА (ст.гр. antropos – човек) е наука за човекот, што е човекот, кои се


смислата и формите на неговото постоење, како живее и што прави. ФИЛОЗОФСКА
АНТРОПОЛОГИЈА, ФИЗИЧКАТА АНТРОПОЛОГИЈА (го гледа човекот како биолошко
суштество), СОЦИЈАЛНА АНТРОПОЛОГИЈА (го гледа човекот како општествено
суштество и со формите на социјалното живеење), КУЛТУРНА АНТРОПОЛОГИЈА (ги
истражува вредностите и делата на човекот).
АКСИОЛОГИЈА е наука за вредностите.

ЕТИКА е наука за моралот и вредноста на живеењето. Таа е најразвиена практична


филозофска дисциплина. БИОЕТИКА, ЕКОЛОШКА ЕТИКА, ЗДРАВСТВЕНА ЕТИКА,
КОМПЈУТЕРСКА ЕТИКА, ЕТИКА НА КОМУНИКАЦИЈАТА ИТН.

ЕКОНОМИКА е наука за произведувањето и за рационалното користење на ресурсите.


ПОЛИТИКА е наука за организирањето на заедницата и за нејзино успешно водење.
ЕСТЕТИКА е наука за творештвото и убавите доживувања.
ПЕДАГОГИКАТА е наука за образованието.
ИСТОРИЈАТА НА ФИЛОЗОФИЈАТА е приказ на развитокот на филозофските идеи.
Секоја филозофска дисциплина има своја историја.
МЕТОДИКАТА НА НАСТАВАТА ПО ФИЛОЗОФИЈА е специјализирана филозофско-
педагошка дисциплина за начинот на пренесување на филозофијата кај младите.
СИСТЕМ НА ФИЛОЗОФИЈАТА

- Системот на филозофијата се состои од исти појдовни позиции и ставови во сите


области на филозофијата. Систематичното мислење се смета за квалитет на
филозофирањето, несистематичноста е лошо својство.
- Големите филозофи создаваат целосен систем на филозофијата. Тоа е нивниот прилог
кон развојот на филозофијата. Ваквиот систем на филозофија може да биде прифатен од
неговите следбеници кои натаму го развиваат. Така се создаваат филозофски школи.

You might also like