You are on page 1of 2

Што е ФИЛОЗОФИЈАТА?

- Љубов за мудроста

Филозофијата се смета за посебен вид на интелектуална дејност на човекот.Силата на


умот, е насочена кон сознавање на светот, на човекот и на формите на човековото
живеење а особено на човековото мислење,човековото творештво и општество.Од
ова се раѓа мудроста.

Оваа умствена дејност ја развиле античките Хелените, зборот филозофија потекнува од


двата збора; Фило ( филија сакање) –софија- (мудрост).Тој кој се занимавал со неа, го
наркувале филозоф. Овој фин поим е прифатен од цеиот свет.

Инаку овој поим е создаден од Питагора, кој себе си се сметал за љубител на мудроста и
науката ( фило-софос) – филозоф.

НАУКА ЗА ПОСТОЕЊЕТО!

Со филозофијата се открива суштината ,смислата на постоењето на светот и на луѓето.


Таа е наука за постоењето, за целиот свет за суштината и карактеристиките.

ФИЛОЗОФИЈАТА Е И НАУКА И ПОЕЗИЈА!

Науките се трудат точно и детално да ги опишат нештата во својата сфера, да ги откријат


законитостите во таа област преку експериментални методи.

Во обичниот живот, луѓето имаат разни сознанија од искуство, од разумот и од


интуицијата. Животните сознанија зборуваат за животните потреби и за тоа како тие се
задоволуваат и помагаат во реализацијана животните цели. За разлика од овие животни
сознанија филозофијата ја открива општата смисла на нештата, со најопшт јазик на
сите луѓе им се обраќа во сите времиња и сите ситуации.

Филозофските искази имаат стил и убавина, таа е литература.Филозофијата е мошне


блиска до науката како кај Аристотел и Кант, кога нејзините тврдења личат на строги
научни искжувања и блиска е и до поезијата како кај Платон или Ниче кога нејзините
зборови восхитуваат со духовна леснотија. Но и во двата случаи, тоа не е чиста наука а
ни обична литература, туку израз на филозофскиот ум и на филозофското специфично
мислење и сознание.

ФИЛОЗОФИЈАТА РАЃА ИДЕИ!

Со филозофската дејност се раѓаат идеи.Идеите се мисли со кои се објаснуваат


нештата, особено важните нешта и се дава објаснување на нештата.

Идеите се еден од најзначајните производи на човековиот ум. Тие го водат по добрите


патишта и му служат како патоказ.
ФИЛОЗОФСКА КУЛТУРА!

Тематиката на филозофијата и запознавањето со неа, познавањето нејзините главни и


нејзините специјални сознанија, потготовката за разбирање на филозофските
искажувања, како и обученоста да се разбере значењето на филозофските поими и
говор- сето тоа спаѓа во филозофска култура на еден народ,време и личност.Ова се
елементите на образованието на секој интелектуалец, а денес и на секоја образована и
демократска личност,бидејки филозофските сознанија се неопходен дел од
образованоста на секој современ човек.

ПЛУРАЛИЗАМ НА ФИЛОЗОФИЈАТА ( пројавување на многу идеи и насоки)

Во определба на предметот на Филозофијата нема едногласност кај мислителите. Некои


инсистираат дека таа е наука за битието или за светот и за сите нивни појави. Некои
мислат дека најважен проблем на филозофијата е истражувањето и сознанието. Некои
сметаат дека за човекот се најзначајни прашањата на етиката и моралот, па
филозофијата требада се сосредочи врз истражувањето на Доброто и Злото....

Затоа филозофијата не е иста кај сите мислители. , во неа може да сретнеме


најразлични пристапи и тематики.

Плурализмот е органско својство на филозофијата со оглед на епохалните и


културните извори на човековото мислење.Филозофијата ги решава животните
прашања на луѓето. Денес светот е згрозен од загадувањето на природата што го има
направено човекот,па разбирливо е што еден од главните проблемие воспоставување
разбирање за природата. (Најпоребни и главни филозофски учењастанаа биоетиката и
екологијата).

Нема една најдобра филозофска мисла, секоја е добра ако е оригинална, ако
придонесува за сознанието, ако отвара видици, ако дава богати изводи во разните
области на духот и живеењето.

You might also like