You are on page 1of 2

Права и одговорности на децата

Како што возрасните имаат свои права така и ние децата имаме и свои права и
свои одговорности. Сите деца ги имаат истите права. Имаме право на најголем
можен степен на здравје, право на бесплатно основно образование.Исто така
децата имаат право и слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат
слушнати. Но и имаат право на добро воспитување. Нивните родители,
старатели, учители или наставници не смеат да употребат сила, злоупотребата
е забранета. Децата имаат право да добијат посебна помош и заштита во војна
и при бегство. Децата и младите имаат право да бидат заштитени од работа и
од било каква злоупотреба. Тие имаат право да живеат со своите родители и
да го одржуваат контактот со двата родитела, ако тие живеат одделно. Важно е
да се знае дека и децата кои се хендикепирани, имаат право на посебна
поддршка и унапредување, како и активно учество во општествениот живот.
Секое право е битно за секое дете на светот.
Затоа постои и светски дена за правата на децата кој се слави на 20
ноември.Овој ден е наменет за подигање на свеста кај возрасните луѓе да ги
заштитат децата во сите сфери од животот.
Затоа и во 1989 година била усвоена конвенцијата за за правата на децата во
целиот свет.
Како што децата имаат права така имаат и одговорности кои мора да ги
исполнуваат и кои се зголемуваат како што тие растат.
Како што децата имаат право да учат така имаат одговорност да одат секој ден
редовно во училиште.Како што децата имаат право да кажат свое мислење и
да бидат сослушани така имаат и одговорност да го слушнат и туѓото мислење
и да знаат да бидат и добри слишатели. Исто така ние децата имаме право и
на топол дом но како што растеме така треба да имаме одговорност околу
својот дом, да си ја чистиме собата и да си ги средуваме своите работи, да
помагаме дома на родителите, да го фрламе ѓубрето како и да ги слушаме и
почитуваме своите родители/старатели. Одговорности имаме и да си ги
почитуваме другарчињата и наставниците во училиште како и да ги слушаме
одлуките на наставниците.Сепак тие се наши втори родители и не учат за
многу работи во животот.Само со почитување на детските права и
одговорности ние децата можеме да пораснеме во зрели и одговорни личности
кои ќе се борат за правата на сите луѓе во светот.

Предмет- Вештини на живеење


Ученик-Андреј Мијовски 7 одд.
Профеор-Петар Миленков

You might also like