You are on page 1of 1

Балада

Се заљубиле две луди млади-Народна балада

Кога таа настанала претставувала песна за игра.


Денес Баладата обично има тажна тема и
завршува трагично.Дејството на баладата е
напнато и со драмски пресврти. Позат македонски
писател на балади е Кочо Рацин. Исто така има
многу познати народни балади кои биле отпеани
во многу песни. Најголем впечаток од неколку мои
прочитани балади ми остави љубовната балада
‘’Заљубиле се две луди млади” напишана од
народот. Темата на оваа балада е трагичната
судбина на двајца млади и лудо вљубени.Во оваа
балада виновник за смртта и трагичната судбина
на момчето и девојката била лошата маќеа. Таа со
горка вода ги отрула младите кои се љубеле и ги
оставила да почиват на различни места. Девојката
почивала меѓу два друма а момчето меѓу три
друма горе на планината. Но и покрај тоа што
лошата маќеа ги уништила, нивната љубов била
појака од се. Таму каде што била закопана
девојката никнала долга лозница која пуштила
лоза таму каде што било закопано момчето и каде
бил накнат црвен трендафил. Сепак лошата маќеа
кога слушнала што се зборува отишла на
планината за да се увери дека е така. Со себе
понела срп со кој го исекла и трендафилот и
лозата. Таа ги однела дома и лозата и
трендафилот, запалила оган и ги изгорела.Пепелта
од лозата и трендафилот ја фрлила во дворот каде
подоцна пораснал рамен босилек.На крај младите
иако трагично завршиле сепак на некој начин биле
повторно заедно бидејќи нивната љубов била
поголема од се’ , и од лошотијата на маќеата.
Преубава лирска балада напишана во стихови од
десетерец.

Заклучок: Љубовта е посилна од се на овој свет.


Само љубов може да го спаси светот.

You might also like