You are on page 1of 2

ОКЕАНИЈА

Океанија е заедничко име за неколку групи на острови што се наоѓаат во


водите на Тихиот Океан.Тие се :
-Меланезија
-Микронезија
-Полинезија
-Нов Зеланд
Меланезија ги опфаќа островите што се наоѓаат североисточно од
Австралија.Во оваа група најголеми се островите Нова Гвинеја кој е
претежно планински остров со височина од близу 5000 метри поделен
помеѓу Индонезија и Папуа Нова Гвинеја,потоа Нова Британија,Нова
Каледонија, Саломонови острови,Вануату и други.
Микронезија зафаќа група на мали острови што се наоѓаат североисточно
од Меланезија.Тука покарактеристични острови се Маријанските
острови,Маршалските, Каролинските острови и Кирибати.Голем број од
нив се корални острови(настанати со таложење на корални наноси и
измерни организми).
Полинезија опфаќа голем број на острови и островски групи во Тихиот
Океан од кои најпознати се Хавајските острови,Божиќниот
остров,Куковите Острови,островот Туамоту и други.
Нов Зеланд е посебна група на острови.Најголеми се Северниот и Јужниот
остров кои се претежно планински острови.На Јужниот остров се наоѓа
највисокиот врв Кук кој е висок 3764 метри.Сите острови имаат вулканска
активност,гејзири и жешки минерални води.Оваа група острови и припаѓа
на државата Нов Зеланд.
Бидејки повеќето од островите се наоѓаат во екваторскиот појас климата е
претежно тропска со релативно високи температури и голема
влажност.Реките се куси и полноводни со развиена и бујна тропска
вегетација и со убави песочни плажи.
Нов Зеланд се одликува со суптропска клима на Северниот и умерена
клима на Јужниот остров.Најнаселени се островите Нова Гвинеја и Нов
Зелан.Стопански најразвиен остров во Океанија е Нов Зеланд со
високоразвиена индустрија и високо механизирано земјоделство.

You might also like