You are on page 1of 2

Северна Америка

Северна Америка е континент што се наога помегу Тихиот Океан и Атланскиот океан.Се простира од
ладните поларни области на север до Панамскиот канал на југ.Северна има поголем број острови и
полуострови, како и други помали острови во Атланскиот и Тихиот Океан.Оддалечена е од Азија 92км
со Беринговиот Проток.Таа зафака површина од 24.2 милиони км2, таа е трета по големина во
светот.Северна и Јужна Америка и Австралија се нарекуват нов свет бидејки се откриени во 15 век.Во
1492 год на експедицијата на Кристофер Колумбо стигнала на Бахамските Острови.Подоцна на
бреговите на Северна Америка стигнал Америго Веспучи, по него е именуван новиот континент
Америка.Главни доселници и колонизатори биле Англичаните,Французите,Холанѓаните,Шпанците и
Португалците.Од Британските колонии кон крајот на 18 век била формирана САД кои се прошириле
над француските и над шпанските колонии.На север од англосаксонските и француските колонии се
формирала Канада, а на југ каде што колонизатор бил Шпанија, се формирале помали држави со
Шпанско политичко и јазично влијание.Така северниот дел од континентот ги задржал
англосаксонските влијаниа,а Мексико и Средна Америка останале под влијание на Шпанија.

Релјеф
Релјефот го претставуваат:млади верижни планини и висорамнини,стари грамадни планини и
Средишни Низини.

Младите верижни планини се простираат на западниот брег, со широчина 1500км.Познати под


името Кордилјери.Највисоки се Карпестите Планини кои се простираат од Алјаска до Мексико.Тие ја
прават вододелницата мегу Атланскиот Океан и Тихиот.Највисок врв е Алберт 4 399м , а на
континентот највисок врв е Мек Кинли 6194м на Алјаска.Помеги планинските венци се простираат
големи котлини и затворени висорамнини,кој во некои делови имат пустински одлики.Таков е
Големиот басен.Кордилјерите стрмно се спуштаат кон бреговите на Тихиот океан, а постепено кон
внатрешноста.

Старите грамадни планини се простираат во источниот дел.Такви се Апалачите Планини и


Лабрадорската Висорамнина.Апалачките планини достигнуваат височина до 2000м, се протегат по
должината на брегот на Атланскиот океан од околу 2000км.Од Атланскиот океан се одвоени со
Приатланската Низина, која е широка од 150 до 300км.

Средишните Низина се протегат од Мексиканскиот до Хадсоновиот залив долга е 2000км и е широка


1300км.Во северните делови на Канада низините се субарктички и арктички со големи шуми и се
ретко населени.Јужните делови се најпроодни и стопански најразвиени.

Брегова разгранетост
Се одликува со мошне разгранет брег.Најразгранет е северниот брег со голем број
острови,полуострови и заливи.Најкарактеристичен е Хадсоновиот залив.Спрема Атланскиот океан
брегот е помалку разгранет.Карактерисични се полуостровот Лабрадор,островот Њуфаундленд и
Сентлоренсовиот залив.Во јужниот дел е Мексиканскиот залив со островите Големи Антили и
полуостровите Флорида и Јукатан.Западниот дел е најмалку разгранет.Најкарактеристични се
полуостровот Калифорнија,Калифорнискиот Залив и Алјаскиот Залив.
Јужна Америка
Се наога на западната полутопка.Се простира од Панамскиот канал до Огнена Земја, со Тихиот Океан
и Атланскиот Океан.Екваторот ја сече јужна америка, помалиот дел е северната а поголема јужната
страна.Се приближува до Северна Америка со Панамскиот канал а на југ со Антартикот.Од другите
континенти е оддалечена илјадници км.Поблизу е до Африка и Европа.Голема е 17.8 милиони км2 и
има 390 милиони жители.Откривањето главно го вршиле Шпански и Португалски
морепловци.Магелан припловел покрај источните брегови.При откривањето важна улога имал
Педро Кабрал во 1500 кој посетил некој делови од Бразил, поради тоа денес во Бразил се зборува
португалски.Западните брегови ги истражал Франсиско Писаро, а внатрешноста Гонсалес Писаро.Така
поголемиот дел на Јужна Америка паднала под Шпанска колонија.

Релјеф
Јужна Америка се состои од три природни релјефнии линии:

Андите

Бразилска висорамнина и Гвајанските Планини

Простаните низини во поречјето на реките Амазон и Парана

Андите се млади набрани планини со повеке живи и изгаснани вулкани.Тие се надоврзуват со


Кордилјерите, продолжуват да се простират по западниот брег 9000км.Достигат околу 7000м
височина.Претставуват природна вододелница мегу сливовите на Тихиот океан и Атланскиот
Океан.Покрај бреговите се наога каменитата пустина Атакама.Аконкагва е највисок врв на Андите
(6962м), таа личи на вулканска купа.Низ падините на Аконкагва до околу 4000м се спуштат седум
ледници некои од нив со должина од 5км.

Бразилската Висорамнинае старо копно. Се простира во источните делови. Се спушта кон брегот на
Атлантскиот Океан, а благо е наведната кон Амазонската Низина и низините во поречјето на реката
Парана. Има претежно тропска клима, така што во неа се развиени пространи тропски шумии савани,
наречени кампоси.

Гвајанските Планини се стари копна, кои се простираат северно од Амазонската Низина, во екваторскиот појас.
Тие се мошне шумовити.

Амазонската Низина претставува пространа рамница со незначителен пад на земјиштето. Се простираат


напореднички во непосредна близина на екваторот. Располага со голема топлинаи со врнежи, така што во
Амазонија се развиени густи и тешко проодни прашуми.

Низините во поречјето на реките Парагвај и Парана, кои се со меридијански правец на протегање. Оваа
низина е една од најразвиените земјоделски територии во Јужна Америка.

Брегова Разгранетост
Јужна Америка се одликува со помалку разгранета брегова линија. Позначајни се делтата на Амазон, заливот
Ла Плата, неколку помали заливи во јужните делови на Аргентина и некои помали острови во јужните делови
на континентот

You might also like