You are on page 1of 6

Хавана - Куба

Куба најголемата островска земја во


Куба групата на Големите Антили. Таа од сите
страни е опколена со водите
на Атлантскиот Океан на
исток, Мексиканскиот Залив на север
и Карипското Море на југ. Куба има
издолжен облик во правец исток-
северозапад долг 1200 км со просечна
широчина од 110км. Во овие граници таа
зафаќа површина од 110 860км² и брои
над 11 милиони жители.
Таа има поволна географска положба,
преку Флоридскиот Проток најмногу се
доближува до САД, преку Јукатанскиот
Проток до Мексико, а со
протокот Виндвор до Хаити.
Во поглед на релјефот Куба е главно
низинска земја. Единствена планина која
се издига во јужниот дел е Сиера Маестра.
Куба има тропска клима со постојани
температури на воздухот од 25°С.
Хавана е главен град на Куба кој исто така е и
најголем град во Куба. Градот Хавана е една
од покраините на Куба. Зафаќа површина од
728.3 km² и брои 2,5 милиони жители. Хавана се
наоѓа на брегот на Флоридскиот Проток.
На островот Куба, овој град е сместен во
неговиот северозапад и е опкружен од
провинцијата Хавана на југ, исток и запад.
Конквистадорот Диего Веласкес де Куељар ја
основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег
на островот, блиску до денешниот
град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана
бил преселен на сегашната локација (тогаш
позната како Карењас) во 1519 година. Хавана
била првобитно трговско пристаниште, а
станала главен град на шпанската колонија,
како и главно пристаниште на шпанските
колонии во Новиот Свет.
Стариот Хавана е срцето на главниот град
на Куба и неговиот културен центар. Основана во
1519 Хавана првично била град со ѕидови.
Поголемиот дел од старите ѕидови сега се
исчезнати, но густата област од 3.000 згради што
некогаш биле чувани содржи дел од најважните
културни локалитети на Куба. Среде тесните улици
на Стара Хавана се наоѓа Плаза Виеја, основана во
1559 година, зградата на главниот град, Големиот
театар и Музејот на ликовната уметност во градот,
Катедралата Хавана, Музејот на револуцијата и
познат ла ла Floridita бар и друго.
Интересни факти за
Куба
1.Куба е земја со најверојатно највисока стапка на писменост во светот, со 99,8 % писмено
население.

2.Денес на улиците на Куба можат да се видат автомобили од педесеттите години на


минатиот век кои сè уште се во возна состојба. Имено, купувањето личен автомобил
целосно е забрането, па единствено автомобил можат да поседуваат лица што го
наследиле во периодот пред 1959 година.

3.Мобилните телефони во оваа земја беа забранети сè до 2008 година.

4.За време на кубанската криза на островот имало повеќе од 150 нуклеарни бомби.

5.На Куба има толку лекари, што државата е принудена да им бара работа во странство.

You might also like