You are on page 1of 5

ХЕЛАДА

ПРИРОДНИ УСЛОВИ И НАСЕЛЕНИЕ


 Хелада се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на
три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Нејзиниот брег бил разгранет со
многу полуострови, заливи и острови, од кои најголем е островот Крит.
Територијата на Хелада географски е поделена на северна - Епир и Тесалија;
средна - Атика и Беотија и јужна - Пелопонез. Хелада била планинска земја,
највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп. Според тоа, таа била без услови
за развој на земјоделство. Во Хелада било развиено сточарството,
морепловството и трговијата. Според Хеланскиот историчар Тукидид (460-369
п.н.е.), најстари жители на Хелада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале ПЛАНИНАТА
цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил ОЛИМП
градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и
културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а
била развивана од 2600-14 век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во ОСТРОВОТ
Хелада се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Хелада, го КРИТ
освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил
изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација
(1600-13 век п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Хелада се населиле Јонци,
Дорци и Ајолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое
имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се
нарекле Хелени, а земјата Хелада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.
ХОМЕРОВОТО ВРЕМЕ

 За Хомеровото време најмногу информации се исцрпени


од еповите „Илијада“ и „Одисеја“, напишани од слепиот
поет Хомер. Во Хомеровото време, Хелените сè уште
живееле во родовско уредување, на чело на родот стоел
старешина - Базилеј. Постоело народно собрание - Агора,
во кое влегувале сите мажи способни за војување. Постоел
и Совет на старешини - Буле. Но, со развој на
производствените сили, родовите почнале да се распаѓаат
на семејства, кои се обединувале во селски општини -
Деми. По своето богатство се истакнувале родовските и
воените старешини прераснувајќи во аристократи, а
постоел и народ - Демос, составен од слободни луѓе и
робови.

ОДИСЕЈА СЛЕПИОТ ПОЕТ ХОМЕР ИЛИЈАДА


СОЗДАВАЊЕ НА ГРАДОВИ-ДРЖАВИ

 Со развојот на производствените сили елинското


општество сè повеќе се раслојувало на богати и
сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над
сиромасите создале државен апарат, но планинската
природа на Хелада не давала можност за економско и
политичко обединување на Хелените. Тука не се
создала единствена држава, како на стариот исток, АТИНА
туку се создале повеќе мали држави. Тие ја опфаќале
територијата на еден град со околината, и се
наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги СПАРТА
задоволувал потребите на своето население, и затоа
секоја држава ја чувала својата самостојност и била
против обединување во една држава. Полисите често
војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал
Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и
судија. Тој се советувал со советот на старешини и со
народното собрание. Најзначајни градови-држави ТЕБА
биле: Атина, Спарта, Теба, итн.
ХЕЛАДСКА КОЛОНИЗАЦИЈА

 Причините за колонизација биле од економско и социјално


потекло. Во Хелада немало доволно обработлива земја, ЦРНОТО
што предизвикало голема пренаселеност во градовите и МОРЕ
појава на глад. Во периодот од VII-VI век п.н.е. била
извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна
Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море
и на исток кон Мраморно и Црно Море. Поради големиот
број хеладски колонии во Јужна Италија, Римјаните оваа
област ја нарекле „Голема Грција“. Хеладските колонии се СРЕДОЗЕМНОТО
развиле во независни држави - полиси, но не ги прекинале
врските со својот роден крај. Тие станале посредници за МОРЕ
снабдување на својот роден крај со суровини и храна.
Развојот на трговијата овозможил многу полиси да
израснат во трговски и политички центри. Во тој поглед,
особено се истакнал градот Милет, кој се наоѓал на ЈОНСКОТО ЈАДРАНСКОТО
Малоазискиот брег, и кој и самиот имал свои колонии на
МОРЕ МОРЕ
Црното и Средоземното Море. Така Хелените со
колонизацијата станале господари на Црното,
Средоземното, Јадранското и Јонското Море.

You might also like