You are on page 1of 3

Историја – најнова лекција

1.Стар век – робовладетелско општество


-Историјата како период започнува со пронаоѓањето на првото писмо и трае до ден денес, се дели на:
1)стар век – (4000 ф.п.н.е – 5 век, распаѓање на римското царство, 476 г.н.е.)
2)среден век – (476 г.н.е до 1789, пронаоѓање на америка)
3) нов век – (1978 г. – 1914, почетокот на прва светска војна)
4) најнов век – (1914г. – ден денес)
-Најзначајна улога во историјата на стариот вел биле источните народи на Месопотамија, Египет, Кина и
Индија, а во Европе Старите Хелада, Античка Македонија и Стариот Рим.

2.Стар Исток
-Стариот ИСток го опфаќа подрачјето од Североисточна Африка. Источно крајбрежје на Средмоземно
Море и јужниот дел на Азија, од мала Азија до Кина. Тоа бил просторот каде што се појавиле првите
робовладетелски држави и првоте писма. Староисточните народи имале голем придонес во културата,
уметноста и науката.
-Најстари цивилизации на Стариот Исток биле: Сумер, Акад, Египет, Вавилонско Царство, Асирија,
Јудејско Царство. Персија, државите на Хетите и Хиксите, Индија и Кина.

3.Општи карактеристики на државите на стариот исток


-Првите робовладетелски држави биле создадени покрај големите реки: Нил-Египет, Инд и Ганг-Индија,
Јанцег Јанг и Хоанг-Кина и Еуфрат и Титар-Месопотамија. Овие реки на пролет го поплавувале
земјиштето со плоден талог и поради тоа луѓето се населувале густо во тие простори.
-Првите држави на Стариот Исток биле мали, затоа се нарекувале градови-држави. Помали држави
биле освојувани од други држави од војна и на тој начин се создавале поголеми држави. На чело на
првите држави стоел владетел кој владеел неограничено. Владетелите биле почитувани како богови.
Државите на чело кои што стоеле неограничени господари, односно деспоти, деспотски држави.
Владетелите и нивните роднини живееле во раскошни дворци, биле убаво облечени, носеле скапоцен
накит од злато и други скапоцњности.
-Во градовите живееле занаетчиите и трговци. Тие биле слободни луѓе кои плаќале даноци на
државата.
-Во селата живееле слободни селани кои исто така плаќале даноци на државата. Селаните, трговците и
занаетчиите биле најбројно население во државите на Стариот Исток.
-Во државите на стариот Исток имало и неслободни луѓе односно робови. Тие биле сопственост на
владетелот и на побогатите луѓе.
-Робови станувале заробените непријатели во војните, а подоцна и селаните кои што не можеле да ги
плаќаат даноците на државата.
-Робовите можеле и да се купат на пазар како стока.
-Народите на Стариот Исток во однос на религијата биле многуношци- верувале во многу богови и та се
нарекува политеизам. Верување во еден бог – монотеизам и верување во два бога- дуализам.
-Првите поголеми држави се појавиле во Месопотамија, покрај реките Тигар и Еуфрат. Тоа биле
државите: Сумер, Акад и Вавилон.
-Месопотамија е територија помеѓу реката Тигар и реката Еуфрат.
4.Народите и државите на Месопотамија
-Областа помеѓу р. Тигар и р. Еуфрат ја нарекле Месопотамија. *земја помеѓу две реки – меѓуречје*
-Месопотамија се протегала од Ерменските планини на север до Персискиот залив на југ.
-Јужниот дел на Месопотамија се нарекувал Сумер, средниот Акад и северниот Асирија.
-Асирија полна со планини и железна руда погодна за лов и сточарство.
-Сумер и Акад рамнини и често поплавувани од Тигар и Еуфрат. На овие простори немало ни метали, ни
дрво, материјали за градење и затоа жителите своите куќи ги граделе од непечена тула (керпич).

5.Сумер
-Во околу 5000г.п.н.е. се населиле Сумерите *црноглавци*, тие зборуваке различен јазик од своите
соседи.
-Населението во Сумер се делело на слободно и неслободно.
-Земјоделство и сточарство било главно занимање.
-Во околу 3500г.п.н.е. тие го создале првото клинесто писмо и создале повеќе градови/држави (Ур,
Урук, Сипар, Нипур, итн.). На нивно чело се наоѓал неограничен владетел.
Сумерците граделе храмови во чест на нивните богови и им пренесувале жртви и подароци. Особено го
почитувале богот Тамус, бог на плодовите во природата.

6.Клинесто писмо
-Сумерците почнале да го употребуваат во околу 3500г.п.н.е. пишувале со заострено стапче на глинени
плочки.
-Нивното писмо е наречено клинесто бидејќи знаковите кои биле пишувани изгледале на клинови.

7.Акад
-Средниот дел на Месопотамија бил населен со племиња коија создале акадската цивилизација.
-Жителите на Акад зборувале различно од жителите на Сумер.
-Околу 2400г.п.н.е Акад ги обединил јужните и северните делови на Месопотамија.

8.Вавилон
-Бидејќи Месопотамоја не била заштитена од запад и од исток со високи карпи и пустини таа била често
напаѓана од разни племиња од иранската висорамнина.
-Во околу 2000г.п.н.е. од западната пустина навлегле семитски племиња, Амориќани кои ги освоиле
северните сумерски области. Една од населбите – Вавилон на реката Еуфрат станал центар на новото
Амориќанско царство. Од името Баб-Илу *божја порта* се добило името Вавилон.
-Првиот Амориќански владетел бил Самнабум, кој заедно со негови наследници го претворил Вавилон
во трговски, стопански и политички и културен центар на предна Азија.
-Владетелите на Вавилон воделе постојана борба во Месопотамија и по еден век, царот Хамураби
успеал да ја обедини цела Месопотамија.
-Државата била поделена на области. Хамураби за да ги регулирал сложените општествени односи и да
ја потврди неговата положба создал Хамурабиев законик.
-Законикот бил пишан на висок столб, на врвот на законикот бил претставен богот Шамаш и пред него
царот Хамураби.
-На законикот се испишани закони и правила за трите главни сталежи на вавилонското општество:
-амелу (аристократија, војска и службеници)
-машкину (трговци, занаетчии и селани)
-варду (робови)
-Најеста казна била смртната, а непослушен роб се казнувал со сечење на рака, уво итн.

You might also like