You are on page 1of 1

ОСМАНЛИСКАТА ДРЖАВА

 Создавање на османлиската држава


o Турците – селџуци биле скитачко племе
o Живееле по текот на реката Сир Дајра во денешен Туркменистан
o Во XII век го освоиле источниот дел од Мала Азија околу Црно Море
o Биле организирани во бејлуци – беглуци или емири
o Најмоќен бил бејлукот на Осман, кој ги обединил помалите емири во една држава и ја
проширил државата, ја направил моќна и почитувана
o Во XIV век државата на Осман станала најмоќна во Мала Азија и почнала да освојува на
Балканот
o Во 1453г. султанот Мехмед II го освоил Константинопол и го преименувал во Истанбул
 Државно уредување
o На чело на османлиската држава стоел султан, кој бил неограничен господар и верски
поглавар
o Прв помошник на султанот бил големиот везир, кој раководел со државниот совет
o Државниот совет се викал диван и во работата учествувале највисоките државни
службеници
o Султанот ја поделил државата на поголеми области – санџаци, а со нив управувале
санџак – бегови
o Помалите управни единици се викале вилаети, нахии и кази
o Султанот има војска, која се состоела од морнарица, пешадија и коњица
o Посебна војска биле јаничарите, кои биле добро обучени, гарда на султанот и ударнас
сила во војската
o Исламот била државна религија и се посветувало големо внимание на верското
воспитување, а жителите биле поучувани на “света војна”
 Општествени односи
o Османлиите се занимавале со сточарство и земјоделство
o Најбогат слој биле спахиите, кои добивале земја од султанот, а за возврат да извршуваат
воена обврска
o Спахиските имоти се делеле на тимари, зијамети и хасови
o Спахиските имоти ги обработувало феудалното зависно население – раја, а во него
спаѓал немуслиманите кои му плаќале данок на државата

You might also like