You are on page 1of 1

Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена.

Претставува најголемиот
остров во Грција и вториот најголем (по Кипар) во источниото Средоземје, со
население од 650.000 (2005). Островот има издолжена форма: се протега во
должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата
најширока точка, иако островот е потесен на некои места, како на пример регионот
блиску до Јерапетра, каде што е широк само 12 километри. Крит зафаќа површина
од 8.336 км2, со брегова линија од 1046 км ; на север излегува на Критското
Море (грчки: Κρητικό Πέλαγος); на југ на Либиското Море (грчки: Λιβυκό Πέλαγος); на
запад на Миртојското Море, и на исток на Карпатиското Море. Лежи приближно на
160 километри јужно од грчкото копно.
Крит е многу планински остров, и неговиот релјеф е обележан од високиот
планински венец кој се протека од запан кон исток, формиран од три различни
групи на планини. Тие се:

 Белите планини (Лефка Ори) (2.452 m);


 Венецот Иди (Псилоритис ( 35.18° СГШ 24.82° ИГД) 2.456 m);
 Планините Дикти (2.148 m);
 Кедрос (1.777 m);
 Трипти (1.489 m)

На овие планини се простираат плодни висорамнини, како Ласити, Омалос и Нида;


пештери, како Диктеон и Идеон; и кањони како познатиот кањон на Самарја.
Заштитената област на кањонот Самарја е дом на кри-кри, додека пак критските
планини и кањони се прибежишта за загрозениот грабливец Ламергајер (Gypaetus
barbatus).
На Крит има бројни реки меѓу кои и Река Јеропотамос во јужниот дел на островот.

Критска култура[уреди | уреди извор]


Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот
грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалак. Островот е
познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на
островт, од кои најпознат е Пендозали.

You might also like