You are on page 1of 1

Грција

Грција се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Располага со многу природни


убавини и има многу бои кои се карактеристични за различните годишни
времиња. Островите се специфичност за оваа земја, меѓу кои најголеми и
најпознати се Крит, Евбеја, Родос, Кефалонија, Крф, Тасос и многу други.
Всушност, Грција има најдолго крајбрежје на Медитеранот со над 6000
острови.
Грција, исто така е позната по Коринтскиот канал. Неговата изградба
започнала во 1881, а завршила во 1893 година. Изграден е од човечка рака,
а римскиот император Нерон прв започнал со неговата изградба.
Коринтскиот канал е и најдолгиот канал во светот и претставува крстосница и
кон море и кон копно.
Грција е плодоносна земја. Северниот дел на Грција е познат по
одгледувањето на праски. Околу 60 хектари од овој дел е наменет за
површини на кои се одгледуваат како праски, така и други различни култури
поради поволната клима. Во Грција се произведуваат над 100 различни
видови на маслинки, а исто така Грција е и единствен производител на
памук.
Релјефот во Грција е претежно планински. Највисока е планината Олимп, а
највисокиот врв е околу 3000 метри. Годишно, околу 10 000 луѓе пробуваат
да ја искачат планината. Олимп е исто така познат како „дом на боговите“.
Претставува една од највисоките планини во Европа.

You might also like