You are on page 1of 1

Нова наставна единица по географија за 9 одд.

:
Бразил – змјоделски џин на Јужна Америка
Бразил е земја со брзорастечка економија, во која природните ресурси на земјата
играат голема улога. Една од најразвиените гранки на економијата е земјоделството.
Обработливото земјиште зафаќа скоро 3 милиони km2. Околу 1/5 од работоспособното
население се занимава со земјоделство и сточарство. И покрај фактот дека шумарството
и рибарството се важни индустрии, тие многу помалку придонесуваат за економијата во
однос на земјоделството и сточарството.

Бразил произведува доволно храна за своите потреби и е водечки извозник на


повеќе земјоделски производи вклучувајќи портокали, соја, кафе и касава. Сите овие
производи се одгледуваат главно во јужниот и југоисточниот регион. За разлика од
повеќето земји од Латинска Америка, Бразил го зголеми земјоделското производство по
втората светска војна, благодарение на проширувањето на земјоделското земјиште.

Бразил го завзема водечкото место во светот по производство на кафе. Кафето


најмногу се одгледува во следните сојузни држави на Бразил: Минас Гераис, Еспирито
Санто, Сао Паоло и Парана. Во 90-тите години на минатиот век, сојата и производите од
соја станале значаен извор на приход покрај кафето. Околу 1/3 од светското
производство на портокали е од Бразил. Бразил е исто така водечки производител на
касава, грав, пченка, какао, банани и ориз, а исто така извезува и јута, бибер, кромид,
кикирики, чај и тутун.

Сточарството е исто така многу важна стопанска гранка. Бројот на добиток


надминува над 200 милиони, што го прави Бразил една од водечките земји во светот.
Сточарството е развиено на бразилските висорамнини.

* https://www.youtube.com/watch?v=-CqiEeYr880

Домашна задача:

Напишете есеј на тема:

*САД – светска економска велесила

Есеите во електронска форма испратете ги на следниот

e-mail: jovanka.arsova@ymail.com , најдоцна до 30.04.2020 (петок).

Наставник: Јованка Паункова

You might also like