You are on page 1of 6

Какао

АДРИАН СУЛЕМАНОСКИ II-1


Какао
Какаото е мало (4-8 м високо) дрво од фамилијата Слезови со потекло од тропските делови на Америка. Од
неговите семиња се прави какаова маса (прав) и чоколадо.
Води потекло од Средна Америка. Во 16 век, Шпанците го пренесле во Европа, каде поради неадекватните
природни услови не можело да се произведува. Во 1980 година, какаото било пренесено во Гвинејска
Африка, каде толку се раширило што денес таа станала негов најголем призводител. Инаку, какаото
претставува дрвенесто растение чиј плод содржи 30 до 45 зрна од кои, кога ќе созреат, се екстрахира
какаовото масло, а со нивно мелење се добива какаов прав. Тој претставува основна суровина за добивање
на чоколадо и какаова напивка. Какаовото дрво цвета двапати во текот на годината, па според тоа и двапати
се берат плодовите.
Какаото е тропска култура која денес се одгледува помеѓу 20° северна и 20° јужна географска ширина. Тоа
бара длабоко и влажно земјиште, умерена температура од околу 27 °C и големо количество на врнежи.
Во светот се поизведуваат, главно, два вида какао: обично и фино. Најголеми производители на какао се:
Гана, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Бразил. Овие четири земји даваат околу 70% од светското
производство, кое изнесува околу 1,5 милиони тони годишно. Главната берза за купопродажба на какао се
наоѓа во Њујорк.
Корисни својства
Се смета дека какаото помага во превенцијата на појавата на срцеви заболувања, а тоа се
должи на присуството на флавонол, силен антиоксиданс кој го поттикнува протокот на крв
во мозокот и така влијае врз когнитивните способности.
Што е какао во прав?
Гравот се обработува на ниски температури и се
смета за суров. Откако ќе се меле во прав, содржи
многу поголема количина на ензими, минерали и
хранливи материи. Тоа е прав од какао. Има вкус
повеќе горчлив од какао во прав, но нуди
поголема хранлива содржина и се смета за
поприроден.
Видео:
https://www.youtube.com/watch?v=yYWZsGSwaIs

You might also like