You are on page 1of 12

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” - СКОПЈЕ

ИЗРАБОТКА НА СТРУЧЕН ТРУД ПО ПРЕДМЕТОТ


,,УПРАВУВАЊЕ СО МАРКЕТИНГ КАНАЛИ”
АД ЕВРОПA
Фабрика за задоволства

Под менторство на: Изработено од:


проф. д-р Ежени Брзовска Јана Кажлевска-61604
Елена Јанушевска-61983
Анастасија Јаневска-61715
Елисавета Христовска-62179

Скопје
Мај,2022

Вовед
Целта на овој стручен труд е подобро запознавање со фабриката
“Европа” од доменот на нивните производи, поточно чоколади, начинот на
рекламирање и промовирање на истите, цените како и главен фокус пред
се’ на дистрибуцијата.
Иако оваа фабрика датира со години наназад и е присутна на домашниот и
странскиот пазар, каде што успешно ги пласира своите производи, како што
и Вие како потрошувачи сте запознаени со истата.
Нашиот стремеж е подетално истражување на видливите, но и помалку
видливите податоци за оваа корпорација, се’ со цел да Ви ја “доближиме”
фабриката на еден виртуелен начин преку електронски пат.

Веќепознатото лого, логото кое го “заблажува” градот Скопје, кое и се наоѓа


во непосредна близина на центарот на градот ќе Ви ги открие неговите
поголеми или помали тајни во продолжение.

АД Европа
“Европа” е компанија која остава свој белег на голем број генерации и
тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од
најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така,
пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе
генерации, таа станува она што е денес - стабилна индустриска компанија
со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и
на домашниот пазар.
Фабриката “Европа” своите почетоци ги прави како занаетчиска
работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од
шеќер. За разлика оттогаш, денес таа е модернизирана фабрика за
чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите
достигнувања, а за непогрешливиот квалитет на производите доволно
говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди.
“Европа” е секогаш во чекор со интересите на своите купувачи и
современите трендови во кондиторската индустрија, што е повод за
ребрендирање на голем број производи и поттик за создавање нови.
Постојано се работи на нови и редизајнирање на веќе постоечки амбалажи.
Во последно време насочени се кон вложување во модерни машини за
производство и пакување со цел следење на трендовите во пакувањата на
производите на европскиот пазар. Уште многу одамна главна цел на
компанијата претставува довербата на потрошувачите со задоволство тоа
никогаш да не се промени.
Визијата на АД Европа е да создадат слатки спомени за своите купувачи
ширум светот притоа споделувајќи љубов, позитивност и предизвикувајќи
насмевки на нивните лица.
Мисијата на АД Европа е да продолжат да ги инспирираат и задоволат сите
трагачи на задоволства како што успешно го прават уште од 1882 година.
Основана е од Теохар Икономов, како занаетчиска работилница за
производство на бонбони, локум и други производи од шеќер. Во 1934
компанијата започнува со производство на чоколада, а во 1935
дополнително започнуваат да произведуваат и бисквити, вафли и карамели.

Анализа на елементите на маркетинг миксот


Производ
Во однос на производството на Европа, може да се каже дека
истото се одвива во три сектори и тоа:
• Сектор за какао производи, десерти и локум
• Сектор за бонбонски производи и
• Сектор за брашнено кондиторски производи

Во првиот сектор се произведуваат млечни и темни чоколади, чоколади


со и без додатоци, бела чоколада со додатоци, чоколадни десерти, мини
крем банани,мињони, гумени и желе бонбони,локум,локум со додатоци,
бонбониери,пенести производи прелиени со чоколадо како крем банани,
чоколадиран локум.

Во однос на вториот сектор се произведуваат тврди бонбони, карамели,


филувани бонбони со разни ароми, бастуми со разни ароми и желе.

Во третиот сектор се произведуваат вафел производи со млечен и како


крем, крем од лешници, кафе крем, вафли со овошен вкус и вафли
прелиени со чоколада и како крем. Под кондиторски производ, подетално
објаснето се однесува на висококалорични производи си голема количина
на шеќер,потоа додатоци за вкус и пријатна арома. Освен нив, други
суплементи кои ги има се брашно, мед, овошје, масло, јајца, какао, ореви,
карамела, лимонска киселина, желатин и сл.

Што се однесува на чоколадите, може да се забележи дека во таа


линија на производи постојат ексклузивни чоколади, елит чоколади и
млечни чоколади. Кај Ексклузивните чоколади се разликуваат неколку
видови и тоа ексклузивна чоколада со бадем, ексклузивна чоколада со
брусница, ексклузивна чоколада со лешник и ексклузивна чоколада со
лешник бадем и суво грозје. Овие чоколади може да се најдат во пакување
од 150 грама. Во делот на Елит (Elite), односно темни чоколади се
разликуваат елит темна чоколада, потоа со брусница, бадем и портокал и
сите овие во пакување од 85 грама. Исто така постои и Дарк чоколада која е
во пакување од 100 грама како и метропол чоколада од 100 грама која е
какао крем табла и е наменета за готвење. Во делот на млечна чоколада
има Витлате млечна чоколада во пакување од 100 грама како и млечна
чоколада со ориз во пакување од 150грама. Како помали пакувања од 15
грама се млечните чоколатца таканаречени Мини како и Brixx чоколатцата
од 22 грама во две варијанти со млечен фил и со фил на лешник.

Во однос на линијата бисквити, достапни се интегрални бисквити со


вкус на јаболко и цимет, исто така и со вкус на ванила како и спој на ванила
и чоколадо.Првите два вида може да се најдат во пакување од 165 грама
како и оние со вкус на ванила и чоколадо во пакување од 195 грама.

Исто така има и чоколадни десерти од 100, 150, 120, 200 грама.
Чоколадниот десерт со шери вкус достапен е во форма на срце од 100
грама а останатите шери бонбониери се во поголеми пакувања и секако
различни во поглед на нивната форма. Симфонија бонбониерата и
Хармонија бонбониерата се во различни бои како и бонбониерите Минти и
With love чоколадниот десерт достапни од 200 грама по пакување.
Во делот на таканаречените чоколадните производи се наоѓаат широко
познатите крембанани во различни грамажи како и чоко желе зајко, но и
Пралине производите со неколку различни вкусови грамажи од 250,500,800
грама.
Кај Вафел производите се разликуваат Jadran наполитанките, потоа
Mocca како и Ме&You коишто пружаат крцкаво задоволство на своите
потрошувачи и конзументи.
Кај линијата бонбони се разликуваат тврди бонобни, тврдо полнети
бонбони,карамели и гумени и желе бонбони.
Во линијата локуми постојат локум саде во пакување од
100,150,400,500,900 и 1000 грама, потоа локум со ореви, локум ружа и
секако чоколокум.
Кај рефус производите се наоѓаат метропол какао крем таблата од 500
грама, кинг рум плочките, чоколокум, чоколадирани наполитанки, останати
Лена наполитанки како и минт бонбоните,микс бонбоните и млечна
карамела.
Како производи за специјални пригоди коишто “Европа” ги
произведува и нуди се бастумите коишто се во грамажа од 170 грама и 1
килограм, но и Велигденското Чоко Зајко од 200 грама како и Крем банана
од 170 грама за Новогодишните празници. Новогодишните пакетчиња може
да се најдат во повеќе форми и облици како на пример Новогодишно
пакетче - Елка од 344 грама, Новогодишно пакетче - Снешко мал и Снешко
голем и новогодишно пакет - Мала куќа и Голема куќа.
Како една од најстарите компании во кондиторската индустрија на
Балканот, може да се каже дека “Eвропа особено се истакнува по
оригиналната рецептура што стои зад секој нејзин производ, при што се
употребуваат најквалитетните суровини и постојано се следат законските
регулативи.
Бидејќи постојано се следат новитетите и креираат трендовите,
“Европа” неодамна во својот асортиман внесе нови производи како што се
малите чоколади и вафли МИНИ и чоколадните десерти МИНТИ коишто
веднаш ги освоија љубителите на слатки задоволства.

Првите македонски чоколади со персонализирани пораки


Ексклузивна темна чоколада со бадем

Ексклузивна темна чоколада со брусница

Ексклузивна млечна чоколада со лешник

Ексклузивна млечна чоколада со лешник, бадем и суво грозје

Витлате млечна чоколада

Елит темна чоколада

Елит темна чоколада со брусница

Елит темна чоколада со портокал

Елит темна чоколада со бадем


Цени

Мора да нагласиме дека оваа фабрика која е со потекло од нашето


поднебје, има водено грижа и за цените на своите производи. Познавајќи го
финансискиот капацитет на своите сограѓани и животниот страндард на
земјата во која инвестирале, на тој начин и ги дефинирале сопствените
цени. Како и секој производител, без разлика дали станува збор за добра
или услуги, така и АД ЕВРОПА преку истите настојува да оствари
определена добивка и профит.

Нашиот главен фокус ма ELITE чоколадото, кое е со префинет вкус,


просечната цена според нашите истражувања е околу 65 денари или
поопширно кажано 1 евро. Со самото тоа се истакнува дека ова чоколадо е
со достапна цена каде што повеќето од луѓето би можеле да го дозволат. Во
најмала рака доволно е еднаш да го купат и да се уверат како и во нашите
зборови, така и во квалитетот на оваа фабрика.
Може да се посочи на фактот дека квалитетот го надминува неговата
парична вредност, што би одело во прилог на секој потенцијален, но и
редовен потрошувач на истите.
Непишано правило е да не се суди предвреме на никому и за ништо, па
затоа е и нашата порака токму до секој потенцијален купувач на истото.
“Пробајте, нема да се покаете!”
Промоција

Промоцијата е една од четирите инструменти на маркетинг миксот-производ, цена,


дистрибуција, и претставува комуникациска врска помеѓу купувач и продавач, со
цел да изврши влијание, информирање и убедување на потенцијалниот купувач, а
со тоа да се зголеми интересот и да се создаде бренд лојалност.

Уште од почетокот на нејзиното постоење фабриката “ Европа”, одбира најдобри


состојки за создавање квалитетни слатки производи за потрошувачите од сите
генерации. Постојано обидувајќи се да го проширува својот асортиман и
овозможувајќи вкусни уживања за сите потрошувачи. До ден денес компанијата
активно го гради својот бренд со неисцрпни идеи за иновација, со највисоки
технолошки стандарди и промоција на нови вкусови наменети за секој
потрошувач. Компанијата ги креира повеке категори на промоција,како што се
огласување,унапредување на продажба со посебни понуди(намалени
цени),односи со јавноста за подобро прифакање и позиционирање на
организацијата во јавноста.

Во поглед на промотивните активности а во тек со современите текови, освен


својата веб страна има активна застапеност и на другите социјални мрежи како:
Facebook, Instagram, Twitter, и на Youtube со сопствен канал.

На веб страната на “ Европа “ дадени се општи информации за компанијата,


нејзините производи, нејзината мисија, визија, историја, политика на квалитет,
новитети, општествена одговорност, идни активности како и видео објаснувања за
промотивни активности. Исто така достапни се информации, кои се однесуваат на
локација, вработување, последните новости, контакт и e-mail.

На социјалната мрежа Facebook има 84269 следбеници, 83584 допаѓања. Има и


информации за дејноста и услугите што ги нуди, телефонски број за контакт, линк
до официјалната веб страна, како и линкови до Twitter, Instagram, Youtube и e-mail.
Секојдневно објавува постови за своите вкусни производи но и информации за
нови слатки понуди кои што се на акција, коишто секојдневно се пропратени со
многу допаѓања, споделувања и коментари.
На Instagram профилот истакнати се информации за дејноста на компанијата,
нејзините продавници, производи и промоции.

На Instagram профилот на “Европа“ има 13700 следбеници, секојдневно се


објавуваат нови постови кои што активно ги следат голем број следбеници.
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони “Европа “ е присутна и на Twitter
профилот со свои информации кои водат до нејзиниот веб сајт и има 1807
следбеници. Мал е бројот на постови за ибјавување во однос на претходните
социјални мрежи.

Youtube каналот е креиран во 2014 година и има 188 следбеници и поставени се


17 видеа и тие се со интересна содржина кое што лесно може да го привлече
вниманието на потенцијалните купувачи.

Од сите социјални мрежи преку кои што компанијата се обидува да биде


застапена со нови атрактивни промотивни активности се забележува дека
најчесто користени и активни се социјалните мрежи Facebook и Instagram.

За своите потрошувачи "Европа" одлучи за Осми март да им подари чоколадо во


форма на срце кадешто добитниците ќе може да ги подигнат во малопродажните
објекти на "Eвропа"

Конкуренција
Како и секој бренд, па и АД ЕВРОПА има свои кокурентски производи.
Тие се присутни и на македонскиот пазар, но и на странскиот и тоа во
широки размери. Конкуренцијата може да биде базирана на квалитет, начин
на паковање, цена, неговата достапност во малопродажните салони и
слично.
Како домашен конкурент дефинитивно би можело да се наведе
чоколадото “ЛУНА” од познатата прилепска “ВИТАМИНКА”. Ова чоколадо го
има во 3 вкуса, млечно, јадога и лешник. Витаминка е бренд кој е познат по
производството освен на благи работи како чоколади, крем, и друго, тие во
својот асортиман имаат и кечап, мајонез, супи, чаеви.
Од странските брендови кои се пошироко распространети е и “ГАЛЕБ” на познатиот
“ПИОНИР” кои народот лесно и брзо ги препознава по својата пред се` небесно сина
паковка.

Балкански познатите “НАЈЛЕПШЕ ЖЕЉЕ” на “НЕСТЛЕ” кои со своето име на бренд


станаа доста посакувани производи кога станува збор за чоколадо за поклон. Веќе истите
ги има во неколку вида на грамски паковки, па со самото тоа се и со различни цени.

Како за крај, треба да се спомене и “МИЛКА” која доаѓа од Алпите. Специфичната боја и
вкус од падините на планините го прославија брендот по цена која е слична и на ELITE.

Коментари во врска со производите на “Европа”

“Темното чоколадо со бадеми штотуку го пробав, но не ми остави голем


впечаток, не сум премногу воодушевена” - Јана,24

“Ги видов производите на Европа, особено чоколадото со брусница кое ми остави


најголем впечаток, позитивно сум изненадена” - Аника,29

“Не ми е познат производот, извинете” - баба Милка,61

“Брусницата посебно ме изненади,wow” - Мартина,19

“Бев скептичен во врска со конкретната Elite линија на чоколади, но решив да го


купам. Пријатно изненаден во секој случај”. - Петар,37
Заклучок

Нашето гореопфатено чоколадо, познатото Елит (Elite), чоколадото кое плени


со својот темен дизајн, како чоколадо за љубителите на добриот дизајн со своите
златни букви, како и специфичниот вкус, за вистинските љубители кога е благото
во прашање. Добрата естетска рамка и автентичноста на вкусот го издигнуваат
ова чоколадо како производ кој високо се пласира пред се` на домашниот пазар.
Неговата достапност во нашите маркети, широко распространентите ВЕРО,
ТИНЕКС, РАМСТОР и помалите дисконти како што се СТОКОМАК, КАМ и други, го
дистрибуираат ова чоколадо до секој еден потрошувач, од најмлад до најстар.
На нивните социјални мрежи, ИНСТАГРАМ и ФЕЈСБУК редовно ги
промовираат сите нивни производи вклучително и нашиот ЕЛИТ. Во свет на
дигитализација, интернетот со неговите социјални мрежи, несомнено им помогна и
на самите малопродажби, но и на производителот да се пробијат до поголема
целна група и да развијат препознатливост на брендот.
Цената, цифра која е доста ниска, цифра која лесно се “пробива” до паричникот
на потрошувачите, е предизвикувачки настроена кон нив, да ги освои
потенцијалните потрошувачи, како и да ги задржи веќепостоечките.

Користена литература
https://evropa.com.mk/
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%BE
%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%BE
%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8https://faktor.mk/evropa-vrti-nova-slatka-
stranica-vo-svojata-istorija

ВИ
БЛАГОДАРИМЕ
НА ВНИМАНИЕТО!

You might also like