You are on page 1of 21

Бизнис план

ФОН Универзитет - Скопје


Факултет за економски науки

Проект по
Деловно планирање
- изработка на бизнис план -

БИЗНИС
ПЛАН
КАФЕ БАР„МАЕСТРО“

Ментор: Марина Топалковска Изработиле:


проф. д-р. Роберт Димитров Томислав Наумовски 09/11435
Виолета Трајковска
Александра Спасовска

2
Содржина

1.Извршно резиме ................................................................................ 5


2. Општи податоци за претпријатието ................................................. 6
3. Визија, Мисија и Цели ....................................................................... 9
4. Производи и услуги ......................................................................... 10
5. Анализа на пазарот ......................................................................... 12
6. Маркетинг и продажба ................................................................... 14
7. Управување и организација............................................................ 16
8. Финансии ......................................................................................... 18
9. Прилози............................................................................................ 21

3
Полн назив на друштвото Кафе Бар Маестро

Адреса Дебар маало, ул. Ленинова бр 15

Директор Владо Михајловски

Телефон/факс 02 3335 243

Единствен даночен број 403014288520

Жиро сметка 300000001430675

Доминантна дејност Кафе бар

Матичен број 0564235

Година на основање 2010 година П.Т рег бр.502/2000

Вид на сопственост Приватна

Број на вработени 4

4
1. Извршно резиме

Кафе барот „Мастро “ ќе биде осниван од страна на Владо Михајловски од


Скопје. Кафе барот ќе се регистрира како Друштво со ограничена
одговорност раководена од едно лице (ДООЕЛ), каде што целосен
сопственик и управител ќе биде Владо Мијахловски. Кафе барот„Маестро“
нуди различни типови на кафе, алкохолни и безалкохолни пијалоци, топло
чоколадо и сл. за да ги задоволи потребите на клиентите. Како составни
компоненти на пијалоците ќе се делат и слатки чоколатца , кикиритки,
бадеми, спортски новини . Со оглед на возрасната група како потенцијални
корисници на нашите производи на возраст од 15-39 годишна возраст би се
јавиле околу 5% од населението во Општина Центар.

Сопственикот на кафе барот Владо Михајлов за отпчнување со работа на


барот ќе вложи капитал во висина од 550.000 денари. Во вкупниот капитал
учество имаат личниот влог на Владо Михајлов во висина од 400.000 денари и
150.000 кредит од банка. Дел од средствата ќе бидат наменети за инвестиции
т.е купување на опрема а дел за покривање на основните трошоци на кафе
барот.

Кафе барот во наредните пет години покажува позитивен биланс на успех.


Односно добивката има растечки тренд во нагорна линија.

5
Исто така и билансот на состојба во наредните пет години покажува
позитивен тренд со што постои можност во финансирање на дополнителна
опрема .Готовинскиот тек во првата година е растечки со мало ниво на раст
поради проценување на месечните продажби кои во реалноста би биле
поголеми. Меѓутоа за разлика од првата година, готовинскиот тек за петте
години покажува растечки тренд.

2. Општи податоци за претпријатието


2.1 Правен статус и сопственичка структура

Кафе барот „Мастро “ ќе биде осниван од страна на Владо Михајловски од


Скопје. Кафе барот ќе се регистрира како Друштво со ограничена
одговорност раководена од едно лице ( ДООЕЛ ), каде што целосен
сопственик и управител ќе биде Владо Мијахловски. Тој ќе го оснива кафе
барот со сопствени средства во висина од 400.000 денари и кредит во висина
од 150.000 денари или вкупно оснивачки капитал 550.000 .

Основна дејност на кафе барот е насочена кон продажба на алкохолни и


безалкохолни пијалоци и различни видови на кафиња. Почитувајќи ги
законските норми , сопственикот ќе ги обезбеди сите санитарни услови ,
вооедно и кафе барот ќе биде поделен со преграда за да се обезбедат посебни
простории за пушачи и непушачи. На шанкот ќе се залепи флаер на кој
стриктно ќе се нагласи дека е забрането точење на алкохол на лица под 18 год.
и дека со секој пијалок задолжително следи и фискална сметка.

6
2.2 Локација

Кафе барот се наоѓа во Дебар Мало на улица Ленинова , општина Центар-


Скопје. Во близина на објектот се наоѓа холандкста амабасада како и
фирми,колонијали, хотели како и неколку бурекџилници. Во непосредна
близина се наоѓа и основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Улицата се
протега на растојаниe од приближно 250 метри , која претставува патокрст
помеѓу Клубот на пратеници и излезот кон зеленото пазарче Буњаковец.
Самата населба е густо населена што покажува и самиот факт дека на 1 км2
живеат 6 032,18 жители1.

2.3 Просторен капацитет и опременост

ПРОСТОРЕН КАПАЦИТЕТ

Кафе барот располага со просторен капацитет од 70 м2 . Специфично за


самиот простор е тоа што е поделен на два дела : внатрешен дел од 40 м2 и
надворешен дел(тераса) од 30 м2.Во рамките на внатрешниот дел се наоѓа
склад од 7 м2 кој ќе се користи како магацин и два тоалети(машко и женско)
со квадратура од 12 м2 . Локалот се наоѓа во одлична состојба.Подот не треба
да се менува, а исто така има вграден шанк кој се наоѓа во добра состојба.

ОПРЕМЕНОСТ
Од постоечка опрема која и во претходниот период се користела за истите
потреби се располага со вграден дрвен шанк кој е во добра состојба и
звучници со систем. Владо Михајловски во наредниот период ќе треба да
набави комплетна нова опрема за отпочнување на својот бизнис. Тој планира
целиот кафе бар да биде со дрвен ентериер. Во внатрешниот дел од просторот
е предвидено да има пет маси со четири столчиња како и три шанк столици,
а додека за надворешниот дел (терасата) пет маси со по четири столчиња.

1
http://www.mk.wikipedia.org/wiki/Општина_Центар
7
Опис на Количина Единечна цена Вкупно во МКД
опремата во МКД
Шанк столици 3 2.000 6.000
Клуб маси со 10 7.500 75.000
комплет
столови 4
Кафе мат 1 12.000 12.000
Амбиентални 5 1.500 7.500
светла
Високи чаши 50 3.000 3.500
Ниски чаши 50 2.500 3.000
Шољи за кафе 50 2.500
Фрижидер(мал) 1 18.000 18.000
Пепељари 25 30 750
Амбиентални 10 1200 12.000
светла
ВКУПНО 139.500

Опис на опремата

Клуб масички изработени од масивно дрво и фурнирани медијапански


плочи во натур дезен или бајцувани по избор.

Столови- изработени од масивно дрво и медијапан. Тапацирани со мебел –


штофови од познато производители и исполна од висококвалитетен сунгер.
Премази – еколошки бои и лакови.

2.4 Клулчни способности на менаџерот

Сопственик на кафе барот „Маестро“ ќе биде Владо Михајловски. Тој има


завршено факултет за физичка култура, а од својата 13-та година тренира
ракомет. Денес игра во ракометниот клуб Металург, како и во
репрезентацијата на Македонија. Темпото на живот што го има не му дава
можност да се вработи во некоја фирма и да оди редовно на работа. Токму тоа
и е причината поради која сака да заполне со сопствен бизнис каде што ќе
може да се вработи. Клучната способност на Владо Михајловски е
претприемачкиот дух и самодовербата која ја има стекнато во досегашниот
период, кои ќе придонесат за успех на бизнисот. Работната кариера на Владо
Михајловски има особено придонес за стекнувањето на неговата

8
самодисциплина и контрола во ситуациите под притисок, кои што се особено
важни карактеристики за еден претприемач. Долгодишното искуство во
спортот му овозможило стекнување на голем борј на контакти кои постојано
ги одржува, а кои ќе придонеат за успешен бизнис.

3. Визија, Мисија и Цели

9
4. Производи и услуги
4.1 Опис на производи и услуги

Кафе барот„Маестро“ нуди различни типови на кафе, алкохолни и


безалкохолни пијалоци, топло чоколадо и сл. за да ги задоволи потребите на
клиентите. Како составни компоненти на пијалоците ќе се делат и слатки
чоколатца , кикиритки, бадеми, спортски новини . Производите се наменети
за секојдневна потрошувачка и поради тоа ќе се настојува во целост да се
одговори на преференциите на клиентите. Пијалоците ќе се нудат во
стандардна стаклена амбалажа со можност за избор на чаша и сламка.
Основна предност на кафе барот е тоа што нуди производи од врвен квалитет
и обезбедува пријатна атмосфера.

Продажната цена на производите е следна:

Призвод Цена МКД


Макијато(мало) 50 ден.
Макијато големо 70 ден
Нес 80 ден.
Капучино 80 ден.
Експресо 60 ден.
Пиво мало 70 ден.
Водка 100 ден.
Коњак 120 ден.
Виски 200 ден.
Џус, густи сокови 80 ден.
Безалкохолни пијалоци (фанта, кока кола, 60 ден.
спрајт)

4.2 Планирање на производството

Кафе барот „Маестро“ дневно ќе продава по 80 кафиња(макијато


мало,макијато големо,нес, капучино,експресо); 55 безалкохолни
пијалоци(фанта,кока кола,швепс, минерална вода, тоник,густи сокови) ; 40
алкохолни пијалоци (коњак,виски,водка,пиво). Во продажбата на кафе
директно влегуваат следниве трошоци:
10
Kaфе ( Lavazza) 1 кг 850 денари
Лажици 200 350 денари
Млеко 1 литар 40 ден
Шлаг пена 1 150 ден
Шеќер 1 кг 40 ден
За задоволување на дневните потреби ќе бидат потребна следната количина :

3 кг кафе, 2 литра млеко, 1 шлаг и 2,5 кг шеќер (80 кафиња во просек)

Дневни трошоци за производство на кафе = 2550 + 80 + 150 + 80+180 =


2960

Суровините ќе се набавуваат првенствено од дистрибутерите со кој ќе се


склучи договор за дистрибуција на месечен период , а поситните работи од
дисконтните продавници зависно од потребата . Максималниот капацитет на
производството во текот на деност може да достигне до производство на 250
кафиња дневно.

4.3 Развојни планови и цели

Во наредниот период се планира да се вове дополнителен асортиман на кафе


од типот на Café Cubanita, café mokka и правење на коктели во летниот
период. Исто така се планира да се ангажираат бендови во текот на
викендите и организирање на свирки и забави.Сето тоа ќе придонесе за
пораст првенствено на алкохолните и безалкохолните пијалоци. Во поглед на
квалитетот на производите ќе се настојува во наредниот период да се задржат
истите дистрибутери на кафе и пијалоци.

11
5. Анализа на пазарот

5.1 Проценет обем на пазарот

Кафе барот своите производи ќе ги насочи кон населението во дебар мало и


околината на Скопје. Во општина Центар , каде спаѓа и дебар маало на
возрасна граница од 15 – 39 годишна возраст живеат 30.746 жители2. Со оглед
на возрасната група како потенцијални корисници на нашите производи на
возраст од 15-39 годишна возраст би се јавиле околу 5% од населението во
Општина Центар.

Во наредниот период се очекува пораст на потенциалјниот пазар заради


воведувањето на дополнителниот производи и услуги( дополнителен
асортиман на кафе, организирање журки, забави, ангажирање бенд ,energy
drink).

5.2 Сегментација на пазарот

Кафе барот „Маестро“ првенсвено ќе се фокусира на возрасната граница од


20-29 годишна возраст која претставува 41 % од вкупната популација.Нашето
учество се проценува на 20% од населението на возраст од 20-29 годишна
возраст. Со оглед на тоа дека сопственикот кафе барот е ракометар и има

2
Според податоците од Државната статистика, Попис на населението 2002 по возрасни групи стр. 79
12
развиено мрежа на контакти се очекува поголем дел од клиентите да бидат
спортисти. Во однос на кознумирањето на одделни производи вообичаено е
дека во текот на утринските часови клиентите имаат потреба од коснумирање на
кафе.

5.3 Анализа на конкуренција

Во радису од 250 метри од поставеноста на кафе барот „ Маестро“ се наоѓаат


5 кафе баровои , од кои 2 директно се поставени на појасот на улицата
Ленинова. Од истражувањата на терен, овие кафе барови не се спортско
ориентирани, располагаат со помал просторен капацитет . Сепак овие кафе
барови претставуаат наша непосредна конкуренција. Направена е SWOT
анализа на нашиот кафе бар, при што слабите страни во наредниот период
ќе се настојува да преминат во наши силни страни. Предностите во однос на
останатите кафе барови е тоа што кафе барот нуди составни компонети со
производите(чоколатца,кикиритки,бадеми, весници), пријатна спортска
атмосфера. . Во однос на заканите кои и следат на пекарата ќе се настојува
навремено да се предвидат истите и нивното дејствување да се минимизира.

Силни страни Слаби стани


 Квалитетен и обучен кадар  Шанкерот има двојна
функција
 Составни компоненти на
производите  Немање сопствен
простор(високи фиксни
 Спортско ориентиран
трошоци)
 Нов (неамортизиран)кафе мат

 Атрактивна локација

 -Спортски ориентиран

 Достава на кафе до околните


продавници

13
Можности Закани
 Активирање на посебен бенд  Воведување на
дополнителни регулативи за
 Организирање забави , журки
онсивање кафе бар
 Намалување на цената на
 Конкуренцијата да почне со
суровините
воведување на составни
 Разновидни извори на компоненти
финансирање
 Повисоко давачки кон
државата

 Повисока инфлација

 Повисоки трошоци

6. Маркетинг и продажба
6.1 Стратегиско позиционирање

Кафе барот ќе се позиционира на атрактивна локација на улица Ленинова , во


близина на излезот кон клубот на пратеници. Производите што се нудат се
релативно достапни за повеќето од потенцијалните клиенти. Локацијата
овозможува овозможува зголемување на продажбата поради тоа што во
околината се распределени голем број на продавници,фирми,колонијали . Ќе
се настојува кафе барот да стекне углед кафе бар која нуди квалитетни
производи по достапни цени.

6.2 Цени

Цената е формирана по основ на конкурентските цени притоа земајќи ги предвид


покривањето на вкупните варијабилни и фиксни трошоци по единица производ. Со
дефинирањето на цената е овозможено исплата на варијабилните и фискните
трошоци и дел за профит.

Призвод Цена МКД

14
Макијато(мало) 60 ден.
Макијато големо 70 ден
Нес 80 ден.
Капучино 80 ден.
Експресо 60 ден.
Пиво мало 70 ден.
Водка 100 ден.
Коњак 80 ден.
Виски 150 ден.
Џус, густи сокови 80 ден.
Безалкохолни пијалоци (фанта, кока 60 ден.
кола, спрајт)

6.3 Планирање на продажбата и дистрибуцијата

Дневно се очекува количината на продажбата на производите да се движат по


следната насока:

Призвод Дневна продажба


Количина Цена Вк упно
(ДЕН)

Макијато(мало) 15 60 900
Макијато големо 16 80 1280
Нес 18 80 1440
Капучино 15 80 1200
Експресо 16 80 1280
Пиво мало 14 80 1120
Водка 8 80 640
Коњак 15 80 1200
Виски 3 150 450
Џус, густи сокови 15 80 1200
Безалкохолни пијалоци 40 60 2400
(фанта, кока кола, спрајт)
Вкупно 13110

Плаќањето на производите ќе се врши директно со издавање на фискална


каса на секоја маса. Дистрибуцијата на производството ќе биде надворешно
ориентирано. Кафе барот за набавката на алкохолните,безалкохолните

15
пијалоци и кафето ќе соработува со надворешни диструбутери. Додека за
останатите поситни суровини од дисконтните продавници.

6.4 Промоција

За зголемување на препознатливоста на пекарата ќе се одвиваат следните


промотивни активности:

Директен маркетинг – Со оглед на тоа дека сопственикот има голем круг на


пријатели, познаници оваа техника ќе биде најсоодветна за зголемување на
препознатливоста на кафе барот.

Постери – Во текот на натамошниот период при организирањето на


забави,журки и сл ќе се изработат простери со стандардна димензија за
привлекување на присуствтото на поголемата маса луѓе

7. Управување и организација
7.1 Организациска структура

Во кафе барот редовно ќе се вработат шест лица. Владо Јосифовски ќе биде


сопственик на кафе барот а останатите вработени ќе ги извршуваат
непосредните работи. Викторија Трпкоска, ,Коста Самарџиев и Бојан
Сибиновски ќе бидат вработени на работната позиција келнери. Додека
Стојан Илиевски ќе биде шанкер , задолжен и за пуштањео музика почетниот
период.

Владо Михајловски

Сопственик

Бојан Сибиновски Коста Самарџиев Стојан Илиевски Цеца Станислава


16

Келнер Келнер Шанкер Келнерка


7.2 Планирање на кадри и трошоци

Кадрите ќе бидат во редовен работен однос при што ќе добиваат соодветна


бруто плата и тоа:

Кадар Бруто плата


Владо Михајловски- сопственик 20.000
Стојан Илиевски – шанкер 10.800
Коста Самарџиев-келнер 10.800
Бојан Сибиновски-келнер 10.800
Викторија Трпкоска-келнерка 10.800

7.3 План за развој на менаџментот и кадарот

За зголемување на капацитетот на вработените и дополнително усовршување


на истите се предвидува вработените да посетуваат одредени обуки за развој
на бизнисот. Владо Михајловски ќе посетува обуки за менаџирање на
бизнисот во текот на првата година. Висината на обуката ќе биде околу 12.000
денари. Останатите вработени ќе се обучуваат за правење на коктели и
однесување со клиентите.

17
8. Финансии
8.1 Проценка на потребните вложувања

Сопственикот на кафе барот Владо Михајлов за отпчнување со работа на


барот ќе вложи капитал во висина од 550.000 денари. Во вкупниот капитал
учество имаат личниот влог на Владо Михајлов во висина од 400.000 денари и
150.000 кредит од банка. Дел од средствата ќе бидат наменети за инвестиции
т.е купување на опрема а дел за покривање на основните трошоци на кафе
барот.

8.2 Проценка на приходите од продажба

Приходите од продажба се контструирани на дневна основа и ја


претставуваат оптимистичката рамка на проекциите. Во текот на траењето на
бизни планот се предвидуваат и пораст на процентот од приходите од
продажба и тоа од 4% за секоја наредна година.

Призвод Дневна продажба


Количин Цена Вк упно
а

Макијато(мало) 15 60 900
Макијато големо 16 80 1280
Нес 18 80 1440
Капучино 15 80 1200
Експресо 16 80 1280
Пиво мало 14 80 1120
Водка 8 80 640
Коњак 15 80 1200
Виски 3 150 450
Џус, густи сокови 15 80 1200
Безалкохолни пијалоци 40 60 2400
(фанта, кока кола,
спрајт)
Вкупно 13110

18
8.3 Проценка на варијабилните трошоци

Варијабилните трошоци во однос на вкупните месечни продажби изнесуваат


77%. Високото учество на варијабилните трошоци во однос на продажбите се
должи пред се на зависноста на бизнисот од директните трошоци како и
процентот на маржа кои се предвидува.

8.4 Проценка на прилиовот, одливот и состојбата со готовината

Готовинскиот тек во првата година е растечки со мало ниво на раст поради


проценување на месечните продажби кои во реалноста би биле поголеми.
Меѓутоа за разлика од првата година, готовинскиот тек за петте години
покажува растечки тренд.

19
8.5 Проценка на очекуваниот резултат од работењето

Кафе барот во наредните пет години покажува позитивен биланс на успех.


Односно профитот има растечки тренд во нагорна линија.

8.8 Финансиски показатели

Профитабилноста на биснисот се движи со стапка од 74 % што покажува дека


инвестирањето во оваа бизнис идеа е економски оправдана. Рентабилноста на
бизнисот е со стапка од 24%

20
9. Прилози

Финанскиска констркција на бизнис планот

21

You might also like