You are on page 1of 7

Бизнис план:

Основање на кафич
„ Manhattan “
Содржина:
1. Основни податоци за фирмата.................................3
1.1 Полн назив на фирмата......................................3
1.2 Седиште на фирмата.........................................3
2. Состојба на гранката.................................................4
3. Цели и очекувања.....................................................5
4. Опис на производството(услугата)..........................6
5. Опис на производот..................................................7
 Основни податоци за фирмата

 Полн назив на фирмата

Името на фирмата има значење за мене. Идејата и значењето на


името ми е затоа што имам желба да прошетам по улиците во
Менхетен, па по тоа и го ставив името на фирмата. Исто така сум во
план кафичот да биде со тој Њујоршки амбиент. Па се надевам дека
ќе биде полн со гости, исто како улиците во Мехетен.

 Седиште на фирмата

Ул. Кочо Рацин бр.1

Оваа локација се наоѓа во Свети Николе. Во близина има основно и


средно училиште. Јас ја одбрав оваа локација затоа што се наоѓа на
раздвижено место, учениците секогаш после училиште одат на кафе и
некои професори исто така. Мислам дека на ова место ќе има повеќе
промет.
 Состојба на гранката

Конкуренцијата во оваа област има премногу. Затоа што блиску до ова


место има доста кафичи, сендвичари, ресторанти. Сите кафичи во
близина се многу посетувани. Затоа ја одбрав оваа локација затоа што
мислам дека иако има повеке кафичи на едно место некако ќе успеам
затоа што иамам голем број на пријатели. Но, сепак нема да се
стремам на тоа дека имам пријатели туку сама ќе се трудам да биде
што повеќе средено добро и нормално со добра цена во менито.
 Цели и очекувања
Како што наведов погоре целта ми е најпрво да го средам кафичот
подобро од другите во околината, односно според тој амбиент по кој
се средувани кафичите во Мехетен, потоа да имам и доста посетители
и кога еднаш ќе дојдат да не се двоумат за втор пат. Така бизнисот би
ми успеал па би сакала да се проширам и во други градови во
Македонија. А ако и тоа ми успее зошто да не и надвор од Македонија
и да станам бренд како што се Starbucks, MC’s, KFC… и сл. Нив ги има
секаде во светот па тоа би ми била главната цел.
 Опис на производството (услугата)

Јас со овој мој бизнис во главно нема ништо да произведувам односно


со готово купени производи и машини ќе се прави кафе, цедени
сокови, милкшејкови, чаеви, разни коктели алкохолни и безалкохолни,
и слично.

Кафињата, машините за кафе, филџаните и шолчињата ќе ги набавам


од Attibassi, исто така и шекерчињата. Разни колачи и бисквитки, шлаг,
чоколаден прелив, шекер, салфетки, пепељари, цевчиња, чашки за
сокови, алкохолни пијалоци и такви некои мали ситни работи од некој
поголем маркет како Џамбо или некој друг. Сладоледи од нестле,
цедевита од витаминка. Нешто ќе набавувам и од грција и другите
соседни држави. Чај ќе набавувам од Good Nature. Соковите, пивата
од Скопска пивара.

За во вецето ќе треба да има освежувачи, течен сапун, ролни и


тоалетна, но тоа може да се набави и од обична продавница.
 Опис на производот

Како што имав наведено погоре, во овој бизнис нема производство. Се


што ќе се продава, ќе биде набавено од некои други произведувачи. И
ќе се настојува тоа да се продаде на најубав начин, односно луѓето
што ќе доаѓаат да го испијат своето утринско кафе, секогаш да биде
свежо и убаво, за тие утре пак да се вратат таму. А исто така ќе се
настојува да ги има најубавите забави во градот со најдобрите
музичари, за да наредниот викенд на младите Менхетен кафе да им
биде прв на списокот за забава.

You might also like