You are on page 1of 8

ВОВЕД

Попова Шапка, Маврово, Пелистер, Кожуф, Крушево... Македонија има


повеќе планински убавици на кои се распослани повеќе ски-центри. Одамна се
познати дома, но и надвор, но и одамна никако да го вратат некогашниот сјај.
Сите располагаат со по еден или повеќе хотели, ски-патеки, жичарници,
лифтови, по некое „бачило“ за чај, кафе или греано вино. Но проблемот е што
тие со години се далеку од атрактивни. Барем во споредба со она што го нуди
конкуренцијата од соседството. А таа, како што стојат работите, и годинава ќе
им го земе приматот. Без конкретни инвестиции, со незначителни новини во
понудата ќе стартува и оваа ски сезона. Експертите се загрижени:
„Во Македонија генерално е потребен нов стратешки пристап за туризмот, а
ски-центрите се посебна приказна. Мора да се работи на инфраструктурата и
дефинитивно да се размислува на проекти за Јавно приватно партнерство.
Некој вид концесионирање, за да се обезбеди конкурентност. Ако ги оставиме
вака постојните состојби, тешко дека работите ќе одат напред“, сугерира
универзитетскиот професор Науме Маринковски. 
Концептот на јавно приватно партнерство би било новина за ски-центрите во
земјата кои во дел се државна сопственост, а дел се оперираат од приватни
сопственици. Но проблемот, според упатените, е што и онаму каде оперира
приватниот фактор, отсуствува конкретна државна поддршка. Пред сѐ во делот
на пропратната инфраструктура, на која ѝ треба модернизирање.

3
Скијачки центри во Македонија

Голем потенцијал, мала искористеност. Вака со една реченица може да се


сумира состојбата на македонските скијачки центри.

Маврово и Попова Шапка остануваат на врвот и покрај минималните


инвестиции последниве години, Кожуф иако вложи 20 милиони евра никако да
профункционира поради проблеми со патот, малите капацитети прават мали
чекори за да ги подобрат условите.

Маврово останува најпопуларен скијачки центар

Слика.1 (www.google.com/скијачки центар Маврово)

Со 47 сантиметри снег, патеките на Маврово се целосно подготвени за


скијање. Сезоната веќе започна. Цените се исти како лани – утринска карта 650
денари, полудневна 850, дневна 1.100 денари. Билетот за жичарата чини 300
денари.

4
Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ располага со 11 ски-лифтови и 3
жичарници долги 5.700 метри. За еден час можат да се превезуваат и да
скијаат над 11 илјади лица.

Стартот на скијачката приказна во Маврово датира од 1959-та година кога


тогашниот Скијачки сојуз решил на ова место да се гради скијачки центар.
Изградбата на првиот сместувачки капацитет „Скијачка школа“ почнала 5
години подоцна, кој денеска е хотел.

Половина век подоцна, скијачкиот центар на Бистра е препознатлив по


патеките на кои се одржуваат врвни меѓународни натпревари во алпско,
нордиско и сноуборд скијање. Маврово има можности за натамошен развој на
туризмот, не само во зима , туку преку целата година, но за тоа да стане
реалност неопходни се нови инвестиции.

Попова Шапка

Слика.2 (www.google.com/скијачки центар Попова Шапка)

5
Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република
Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка
од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен
за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со
прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.

ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово, располага со два хотела


“Попова Шапка” и “Славија” кои се наоѓаат на 1707 и 1780 м. надморска
височина. Скијачкиот центар Попова Шапка е поврзан со локален асфалтен пат
од Тетово во должина од 18 км. кој во редовно се одржува.

За оние кои повеќе преферираат летни авантури, ова е вистинската


дестинација за летен одмор, планинарење, планински велосипедизам и
параглајдинг.
Хотелите Славија и Попова Шапка се одличен избор за сите оние кои сакаат да
поминат денови исполнети со сонце, чист воздух, спортување и забава.
Нашите капацитети гарантираат прекрасен и удобен одмор помеѓу миговите
исполнети со активности.

Крушево

Слика.3 (www.google.com/Скијачки центар Крушево)

6
Ски центарот Крушево e едно од најпопуларните места за скијање и,
генерално, за зимски туризам во Македонија. Дел од ски центарот е местото
викано Станич каде што се наоѓаат неколку скијачки стази за аматери заедно
со два ски лифта.
Настрана од овие стази за скијање под жичарницата поминува уште една стаза
во должина од 618 метри која се смета дека е наменета повеќе за
професионалци.
Горе на Станич има два ресторани - Скаут и Шапе, кои нудат многу пијалоци и
видови на храна.

Пелистер

Слика.4 (www.google.com/Пелистер)

Ски центарот ,,Копанки“ е сместен во раскошот на прекрасна моликова шума


во Националниот парк Пелистер во југозападниот дел од Република
Македонија на 1420-1900 метри надморска висина.

Ски центарот со Битола е поврзан со асфалтен пат во должина од 15 км, а


додека пак растојанието до аеродромот во Охрид изнесува 70 км и 180 км до
аеродромот во Скопје.

Комплетната инфраструктура на жичарницата, ски стазата и ски лифтот се


наоѓаат покрај хотел Молика на почетна надморска височина од 1420 метри
каде што е почетокот на жичарницата, 1610 метри локацијата на планинарскиот
дом Копанки и стартот на Ски стазата на надморска висина од 1800 метри.

7
Кожуф

Слика.5 (www.google.com/Планина Кожуф)

Кожуф е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција.


Највисок врв на Кожуф е Зеленбег висок 2.176 метри. На само 210 км од Скопје
и 130 км од Солун – на југот од земјата се наоѓа најмладиот ски центар во
Македонија – Кожуф. На Кожуф се создава еден од најелитните Ски центри во
Југоисточна Европа и многу пошироко. Пространите скијачки терени
подготвувани скоро десетина години, а сега покриени со снежна покривка од
еден метар, местоположбата и природните ресурси со кои располага
планината Кожуф ветуваат дека овој ски центар ќе стане нова атрактивна
зимско-туристичка дестинација во Македонија. Првиот ден од скијачката сезона
на ски центарот Кожуф привлече голем број посетители од целата земја.
Посетителите на топлото сонце уживаат во скијањето и сурфањето по
скијачките терени. Досега во скијачкиот центар Кожуф, кој се протега на
површина од 2.000 хектари, се инвестирани повеќе од 12 милиони евра во
пристапниот пат од кај Гевгелија, далноводот, шестоседната жичарница, ски
лифтот и неколку придружни објекти. Освен во зимскиот период, Кожуф е
примамлив и во останатиот период од годината.

8
ЗАКЛУЧОК

На Јабланица кај Струга и Вевчани, на Бушава планина кај Крушево и


Македонски Брод, на Караџица кај Сопипште и Студеничани се планирани да
се градат три нови луксузни скијачки центри кои би чинеле помеѓу 700 и 800
милиони евра.

Целта е стимулирање на домашната економија и на меѓународниот и


домашниот туризам.

За потребите на новите скијачки центри ќе се изградат три нови туристички


села со 16 луксузни хотели со 4 и 5 ѕвезди, ресторани и околу 130 планински
куќи со капациет од над 5000 легла, жичарници, ски-лифтови, над 180 км
алпски скијачки патеки, велосипедски и авантуристички патеки и резервоари за
производство на снег. Од подножјето на планините до  врвот ќе се стигнува
исклучиво со жичарница и тоа за 8 до 15 минути.

„Кога станува збор за урбанистичкиот развој на којшто треба да се изведат е


сличен за сите локалитети. Станува збор за ресорти кои би функционирале во
текот на целата година како во зимскиот така и во летниот период, а тоа
подразбира дека ќе има низа активности кои би можеле да се изведуваат.

9
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Скрипта: “Скијачки центри”

Брошура- “Попова Шапка”

Web:https://mk.tv21.tv/

10

You might also like