You are on page 1of 12

СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – Кочани

Бизнис план

Хотел „СЕВН ХЕВН“ ДОО Кочани

Сега седмото небо е поблиску до тебе!

Ментор: Изработил:
Проф. Дивна Лазарова Александра Павлова IV1

Ноември,2015
Содржина на бизнис планот:
-насловна страна
1.Вовед
1.1 Општи податоци за компанијата
- резиме
2.Опис на проектот
2.1 Состојба во гранката
2.2 Цели и очекувања
2.3 Опис на производот или услугата
2.4 Вид на инвестиција
2.5 Финансиска структура
2.6 Временски план на реализација на инвестицијата
2.7 Нови работни места
3.Маркетинг план
3.1 Опис на производот или услугата
3.2 Споредба на производот со конкуренцијата
3.3 Локација
3.4 Пазарна област
3.5 Главни купувачи
3.6 Вкупна побарувачка
3.7 Удел во пазарот
3.8 Предвидување на продажбата
3.9 Продажна цена
3.10 Промоција
3.11 Маркетинг стратегија
3.12 Трошоци за маркетинг
4.План на услуги
4.1 Деловен простор-градежни објекти
4.2 Процес на продажба
4.3 Опрема машини и возила
4.4 Трговски стоки, услуги
4.5 Потребна работна сила
4.6 Планирање на реализацијата
5.Организација и менаџмент
5.1 Правна форма
5.2 Организациона шема-органограм
5.3 Квалификации на претприемачот
5.4 Број на вработени и квалификацииќ
5.5 Канцелариска опрема
5.6 Административни трошоци
6.Финансиска анализа
6.1 Инвестиционен и финансиски план
6.2 Проценка на приходи од промет
6.3 Оперативни трошоци
6.4 Утврдување на почетни дефицити или суфицити
6.5 Амортизација
6.6 Извештај за добивка или загуба
6.7 Готовински тек
SWOT ANALIZA
1.Вовед

Општи податоци за компанијата

Полн назив на фирмата: Друштво за производство, трговија и услуги Хотел


„СЕВН ХЕВН“ ДОО Кочани
Скратен назив на фирмата: Хотел „СЕВН ХЕВН“ ДОО Кочани
Седиште на фирмата: Ул. „Штипски пат“ бб Кочани
Телефон/факс: 033 297-320
Е-маил адреса: sevn.hevn@yahoo.com
EДБ: 4013015410401
ЕМБС: 4101527
Жиро сметка 210020154101527
*депонент Тутунска Банка
Број на вработени: 27
Сопственичка структура: 100% приватна
Шифра на дејност: 55.10 Хотели и слични објекти за сместување
Правна фирма: ДОО
Датум на упис во централниот регистар: 01.20.2015 год.
Број на решение од ЦРМ: 011020154127
Лице за контакт: Александра Павлова
2.Опис на проектот

2.1 Состојба во гранката


Компанијата Хотел „СЕВН ХЕВН“ ДОО Кочани се занимава со хотелиерство и
угостителски услуги. На пазарот постои веќе три месеци и за овој краток
временски период успеа да ја освои довербата на граѓаните. Поголеми
претпријатија кои конкурираат во овој сектор се Комплекс „Аурора“ Берово, Хотел
„Александар Парк“ Виница, Хотел „Шагал“ Виница, Хотел „Амор“ Кочани и многу
други. За разлика од своите конкуренти компанијата „СЕВН ХЕВН“ нуди спа-
центар, казино, фитнес сала и традиционална македонска храна во ресторанот.
Исто така хотелот нуди посебна нега за стари лица и лица со посебни потреби. Тој
е единствен Хотел со 7 ѕвезди на Балканот. Тимот кој работи во компанијата
вклучува претежно млади луѓе со стекнато работно искуство во Македонија и
странство.

2.2 Цели и очекувања


Основни цели на компанијата за наредниот период се:
-изградба на отворен базен
-изградба на катна гаража
-изградба на спортски терени
-отварање на игротека

2.3 Опис на производот или услугата


Хотел „СЕВН ХЕВН“ има капацитет за сместување на околу 400 гости во
современо опремени соби и апартмани, располага со ресторан за организирање
на свечености со максимум 500 гости. Гостите имаат можност да се релаксираат
во спа-центар, да се забавуваат и заработат во казино и да спортуваат во
најсовремена фитнес сала.
Освен македонска традиционална јадења менито на ресторанот е збогатено и со
храна од светско познатите кујни.
2.4 Вид на инвестиции
-Инвестиција во основни средства 350.000€
-Инвестиција во обртни средства 50.000€
-Вкупна инвестиција 400.000€

2.5 Финансиска структура


-Сопствени средства 100.000€
-Туѓи средства 300.000€

2.6 Временски план на реализацијата на инвестицијата


По добивање на финансиските средства се очекува реализација на ивестицијата
најдоцна до јуни 2016год.

2.7 Нови работни места


Со реализацијата на инвестицијата се очекува отварање на 14нови работни
места(8работници на базенот, 2 во катната гаража и 4 во игротеката)

3.Maркетинг план

3.1 Опис на производот или услугата


Хотел „СЕВН ХЕВН“ има капацитет за сместување на околу 400 гости во
современо опремени соби и апартмани, располага со ресторан за организирање
на свечености со максимум 500 гости. Гостите имаат можност да се релаксираат
во спа-центар, да се забавуваат и заработат во казино и да спортуваат во
најсовремена фитнес сала.
Освен македонска традиционална јадења менито на ресторанот е збогатено и со
храна од светски познатите кујни.

3.2 Споредба на производот/услугата со конкуренцијата


Поголеми претпријатија кои конкурираат во овој сектор се Комплекс „Аурора“
Берово, Хотел „Александар Парк“ Виница, Хотел „Шагал“ Виница, Хотел „Амор“
Кочани и многу други. За разлика од своите конкуренти компанијата „СЕВН ХЕВН“
нуди спа-центар, казино, фитнес сала и традиционална македонска храна во
ресторанот. Исто така хотелот нуди посебна нега за стари лица и лица со посебни
потреби. Тој е единствен Хотел со 7 ѕвезди на Балканот. Тимот кој работи во
компанијата вклучува претежно млади луѓе со стекнато работно искуство во
Македонија и странство.

Карактери- „Алекс.
„Севн Хевн“ „Аурора“ „Шагал“ „Амор“
стики парк“
Квалитет на
5 4 2 3 2
услугата
Цена висока мн.висока ниска поволна висока
Заштитно
„Севн Хевн“ „Аурора“ „Шагал“ „Алекс.парк“ „Амор“
име
Капацитет
1000 800 700 600 800
на гости
Категорија 7 ѕвезди 5 ѕвезди 3 ѕвезди 5 ѕвезди 4 ѕвезди

3.3 Локација
Хотелот „Севн Хевн“ е лоциран на ул. „Штипски пат“ бб во Кочани. Локацијата е со
добра патна и телекомуникациска инфраструктура. Хотелот се наоѓа на излезот
од градот каде што гостите можат вистински да се одморат и уживаат надвор од
гратската врева.

3.4 Пазарна област


Хотелот го покрива подрачјето на Општина Кочани каде што постои поволна
патна инфрастуктура што овозможува времето за патување и трошоците за
превоз на вработените како и транспортните трошоци да се сведат на минимум.
3.5 Главни купувачи
Најголем дел од гостите во хотелот се физички лица на возраст од 7 до 77год.
Меѓутоа во хотелот може да престојуваат и правни лица преку организирани
деловни состаноци, свечености по повод празници.

3.6 Вкупна побарувачка


Според направени статистички истражувања констатирано е дека во РМ од
вкупниот број жители 20% годишно користат хотелски услуги(2.000.000 * 20% =
400.000). Исто така се очекуваат и околу 200.000 странски посетители.

3.7 Удел на пазарот


Од вкупната побарувачка компанијата „Севн Хевн“ може да покрие 5%(600.000 *
5% =30.000)

3.8 Предвидување на продажбата


Детален преглед на предвидената продажба по месеци во годината и наредните
две години ќе биде даден во финансиска анализа во табела број 2.Проценка на
приходи од промет.

3.9 Продажна цена


Продажната цена на хотелските услуги се утврдува со над-трошковен метод
зголемена за 30% маржа, во некои случаи може да се користи и компаративната
метода за утврдување на продажна цена при што ќе се врши споредување на
цените на слични хотелски услуги од други хотели.

3.10 Промоција
За привлекување на што поголем број гости компанијата ќе започне најпрво со
изработка на
-рекламни материјали(визит карти, брошура, каталог, флаери)
-реклама на телевизија, радио и интернет
-поставување на билборди
-поставување на светлички реклами
-сезонски попусти
-воведување наградни игри
-бесплатен престој на деца до 5год.
-учество на саеми и лична продажба.

3.11 Маркетинг стратегија


На почетокот се предвидува ударна реклама на телевизија, радио и интернет.
Потоа за време на новогодишните празници се предвидува изработка на
рекламни материјали, организирање наградни игри, издавање клуб картички за
постојаните гости. Паралелно со овие активности се планира и поставување на
билборди и светлички реклами, а во месец Мај се очекува учество на саем во
Германија.

3.12 Трошоци за маркетинг


За реализација на промотивните активности предвидени се следниве трошоци:
-изработка на рекламни материјали(визит карти, флаери, брошури,
каталог)---------------------------------------------------------------------------------------------------------
------------2000€
-реклама на телевизија, радио и интернет-----------------------------------------------60.000€
-поставување билборди--------------------------------------------------------------------------4.000€
-поставување светлички реклами-------------------------------------------------------------
3.500€
-воведување наградни игри---------------------------------------------------------------------5.000€
-учество на саеми--------------------------------------------------------------------------------10.000€
Вкупно------------------------------------------------------------------------------------------------84.500€

4.План на услуги
4.1 Деловен објект
Хотел „Севн Хевн“ располага со простор од 8000м2 и има 125соби и 10апартмани.
Во склопот на хотелот се наоѓа ресторант, спа-центар, казино и фитнес сала.
Хотелот се наоѓа на излезот од градот со добра патна инфраструктура.

4.2 Процес на продажба


Хотел „СЕВН ХЕВН“ има капацитет за сместување на околу 400 гости во
современо опремени соби и апартмани, располага со ресторан за организирање
на свечености со максимум 500 гости. Гостите имаат можност да се релаксираат
во спа-центар, да се забавуваат и заработат во казино и да спортуваат во
најсовремена фитнес сала.
Освен македонска традиционална јадења менито на ресторанот е збогатено и со
храна од светско познатите кујни.Процесот на продажба се одвива со резервација
од страна на физички лица и склучување на договори со правни лица. Со
направена резервација за над 100лице следува попуст од 20%

4.3 Опрема и возила


Собите во хотелот се најсовремено опремени. Исто така ресторанот, казиното,
фитнес салата и спа центарот имаат најлуксузен ентериер. Работењето на
хотелот е олеснето благодарение на три комби возило и еден автомобил.
Возилата се со најдобри перформанси

4.4 Потребна работна сила


Компанијата има вкупно 27вработени од кои 1 топ менаџер, 1 асистент менаџер, 2
обезбедување, 6 во комерцијалниот сектор, 4 во административно правен сектор,
5 во финансиски сектор, 6 во маркетинг секторот и 2 во техничкиот персонал. Сите
вработени се со соодветна квалификација, стручни и искусни.

4.5 Планирање на реализацијата


По добивање на финансиските средства се очекува реализација на ивестицијата
најдоцна до јуни 2016год.
5.Oрганизација и менаџмент
5.1 Правна форма
Компанијата е регистрирана како ДОО

5.2 Организациона шема-органограм


Топ менаџер Деспина Атанасова
Асистент на топ менаџер Вероника Зашова
Надзорен одбор Л.Сара, Р.Христина, Ј.Марија
Комерцијален сектор
Менаџер на ком.сектор Бојана Тодорова
Менаџер за набавка Вики Ангелова
Менаџер за продажба Ангела Цонева
Менџер на казино Роберт Стоименов
Менаџер на спа центар Стефанија Тасева
Менаџер на ресторан Кристина Арсова
Администрат.правен сектор
Office менаџер Наталија Димитрова
Правник Александра Павлова
Менаџер за човечки ресурси Јована Јанева
Менаџер за односи со јавноста Моника Венкова
Финансиски сектор
Менаџер на фин.сектор Маја Петкова
Финансиски консултант Стефанија Јовановска
Овластен сметководител Силвана Василева
Сметководител Емилија Анастасова
Благајник Драгана Иванова
Маркетинг сектор
Менаџер на маркетинг сектор Сашка Милосјова
Експерт за истражување на пазарот Сара Лазарова, Иле Стојков
Експерт за промоција Христина Ристова
WEB дизајнер Каролина Николова
Експерт за изработка на промотивни
Марија Јорданова
материјали
Технички персонал
Инжинер за компјутерска техника Бојана Блажевска, Рената Стаменкова
Обезбедување Методи Максимов, Даниел Илиев
Хигиеничари

5.3 Квалификации на претприемачот


Топ менаџер на компанијата е Деспина Атанасова. Таа е дипломиран економист
во насока менаџмент со 2 години работно искуство. Има солидно познавање на
англиски и италијански јазик и работа со компјутери. Поседува лидерски,
организациски, комуникациски способности. За краток временски период успеа да
ја доведе компанијата до завидно ниво.

5.4 Број на вработени и квалификации


Компанијата има вкупно 27 вработени од кои 1 топ менаџер, 1 асистент менаџер,
2 обезбедување, 6 во комерцијалниот сектор, 4 во административно правен
сектор, 5 во финансиски сектор, 6 во маркетинг секторот и 2 во техничкиот
персонал. Сите вработени се со соодветна квалификација, стручни и искусни.

5.5 Канцелариска опрема


Компанијата располага со современа канцелариска и компјутерска опрема.

5.6 Административни трошоци


Детален преглед на административните трошоци е даден во табела број
2.Оперативни трошоци

You might also like