You are on page 1of 15

Универзитет „ Св.

Кирил и Методиј “ – Скопје

Машински факултет - Скопје

БИЗНИС ПЛАН

Предмет: Инженерска економика

„ Организирање секаков вид настани“

Изработиле: Mентор:

Катерина Блажева 1127 Проф. д-р Валентина Гечевска


Јована Ивановска 88 асс. м-р Бојан Р. Јовановски
Стефан Костовски 903
Симона Богоевска 484

Скопје, 2018
Инженерска економика

Содржина
Инженерска економика

:
Резиме .....................................................................................................................................3

1. Опис на услуги.................................................................................................................. 4

2. Анализа на пазар...............................................................................................................5

3. Конкурентност...................................................................................................................6

4. Канали на продажба и дистрибуција............................................................................7

5. Цена.....................................................................................................................................7

6. Рекламна продажба и стратегија...................................................................................8

7. Ресурси.................................................................................................................................9

8. Промоција и маркетинг..................................................................................................12

9. Структура на вработени.................................................................................................13

10. Финансиски план...........................................................................................................14

11. Ризици...............................................................................................................................15
Инженерска економика

Резиме

Индрустријата за организирање настани, позната уште како ивент индустрија,


преставува нова комуникациска диспилина кој завзема многу значајна позиција во
маркетинг комуникациите, а како показател на тоа се буџетите наменети за оваа
индустрија кои од ден на ден, се повеќе и повеќе се зголемуваат, а сето е резултат на
можноста брендовите и компаниите да и се обратат директно на целната група, притоа
гласно да ја пренесат посакуваната порака, воедно и да и пружат несекојдневно
искуство.

Во однос на нивото на кое се наоѓа ивент индустријата во Македонија, може да


се каже дека е задоволително со оглед на ниската финансиска состојба на самите
компани. Се повеќе компании се одлучуваат за организирање на различни настани, без
разлика дали станува збор за коорпоративни настани, конференции, работилници, прес
конференции или интерни настан.

Секој може да организира настан, но она што е значајно е крајниот резултат


или исходот од настанот, дали тој настан е вреден за паметење, дали тој се издвојувал
од другите, дали раскажал приказна која вреди понатаму да се прераскажува и дали е
технички и професионално реализиран. Ова се само неколку параметри кои треба да
бидат земени во предвид од агенциите и компаниите кои се занимаваат со евент
менаџмент при организирање на еден настан.

Информации за идното претпријатие

Име:

Правен статус: ДОО

Дејност: Организирање на секаков вид свечености и др. услуги

Локација: Карпош, Скопје, Ул. Иван Аговски

Даночен број: 5489523143

Жиро сметка: 20000005904189 5 33

Банка: Стопанска Банка АД Скопје


Инженерска економика

1. Опис на услуги

Професионалниот тим е обучен за комплетно осмислување, планирање, организација,


техничка поддршка и водење на разни настани (конференции, конгреси, симпозиуми,
конвенции, семинари, обуки, работилници, пресконференции, презентации,
промотивни настани, тим билдинзи, деловни состаноци, тематски забави, роденденски
забави, изложби, свечени прослави).

Како главни дејности на нашата компанија преставуваат:

Избор на локација

Во име на клиентот се прави анализа на соодветните локации согласно барањата, а


потоа го предлагаме најдоброто можно решение за простор во кој ќе се случува
настанот.

Изработка на покани

Нашата агенција дава предлози за дизајнот на поканата, осмислување на соодветниот


текст во зависност од настанот, изработката, како и професионална доставана истите
од страна на курир и според листата на поканети лица.

Рекламирање и промоција

Дизајнирање и печатење на банери, брошури, постери и печатени материјали поврзани


со настанот кој го организираме. Според барањата обезбедуваме и медиумско
рекламирање, односи со јавност и огласување.

Изработка и одржување на веб страна на настанот

Целосен дизајн, изработка и одржување на веб-страната на настанот, со секојдневно


ажурирање на измените и дополнувањата.
Инженерска економика

Дизајнирање,  печатење и дистрибуција на конференциски  материјали

Графички дизајн, печатење, копирање и дистрибуција на конференциски покани,


програми, списоци на учесници, папки, книгинаапстракти, бележници, пенкала,
индикатори, беџови, менија, сертификати, благодарници.

Менаџмент на местото на настанот

Тимот на агенцијата задолжително одржува подготвителни состаноци со одговорните


лица во хотелите и институциите, како и координација за време на настанот за сител
огистички детали. Нашиот тим стои на располагање за имплементирање на било какви
промени во дневниот ред, потреби на говорниците и учесниците, како и за сите оние
кои се директно поврзани во спроведување на настанот. Ние сме претставникот на
клиентот наместото на настанот, задолжен за спроведување на сите договорени
активности и контакти со добавувачите.

Кетеринг услуга и организирање на коктели

Организираме, предлагаме избор на повеќе менија од кетеринг служби и ресторани и


заедно со клиентот го избираме најдоброто мени. Сепак, се прилагодуваме на типот на
настанот, како и местото каде се одржува истиот, пареализираме и кетеринг услуги на
отворено, ланч пакети...

Проширување на настанот

Секој настан го прошируваме со свечени вечери, тим-билдинг активности, едно дневни


или повеќе дневни екскурзии и забави. Координацијата на сите активности во
зависност од потребите на настанот со добавувачите при организација на свечени
вечери-коктели, фотографирање, забавувачи е наша обврска. Нашите одговорности се
организирање прием на учесници, галавечери, ексурзии пред или по настанот по
најважните туристички места.

Изнајмување на конференциска/ техничка опрема

За настани каде има потреба, изнајмуваме конференциска и техничка опрема, која се


поставува и функционира во присуство на високо професионални техничари, и тоа:
Инженерска економика

Конференциска опрема

Аудио за озвучување, статични и  безжиченимикрофони, безжиченмикрофон-буба и


др.

Безжична опрема за симултан превод

Повеќе канални безжични приемници (заповеќејазици), слушалки, кабина за симултан


превод, дистрибутер на аудио сигнал-линиски излез за прикличување на камери.

Презентациска опрема

Мултимедијален ЛЦД проектор, проекционоплатно, ЛЕД, ДВД плеер, табла-


флипчарт, мултимедијална табла, повеќе канално дигитално аудиo снимање на ЦД,
дигитално видео снимање на ДВД, фотографирање.

Визуелна и светлосна опрема

Сценографија, платформа за бини и говорници, осветлување според потребите на


настанот, банери, билборди, инфопулт, алуминиумска конструкција за банер и
дополнително светло.

Настани на отворено

За одржување на настани на отворено користиме неколку типови на шатори.


Направени се да одговораат на сите потреби и замисли, така што може да се
комбинираат различнитеформи по желба на клиентот и пригодата за која сеи
знајмуваат.

Шатори за забави

Изнајмување на шатори за корпоративни забави, специјални настани, промоции и


други посебни пригоди.

Шатори за настани

Спектакуларни шатори за специјални настани, во различна големина, мали и големи,


со различен распоред и интересни структури.

Шатори за сенка

Заштита од сонце за корпоративни настани, комерцијални промотивни активности,


презентации, пресконференци                                                      
Инженерска економика

2. Анализа на пазарот

Седиштето на нашата компанија е во Скопје, но по по треба присуствуваме и во други


градови во зависност одбарањата на клиентот.
Конкретна целна група на клиенти не би можело да се дефинира, бидејки се
организираат евенти почнувајки од детски родендени, свадби, семинари, промоции.
Луѓето отсекогаш ги одбележувале важните случувања во нивниот живот, и на
приватно ниво и на општествено.

Ефектите од настаните можат да бидат и негативни и позитивни. Затоа, задача на


менаџерите кои ги организираат настаните треба да биде да ги предвидуваат сите
влијанија кои на одреден настан можат да влијаат, да управуваат со настанот во насока
на балансирање на ефектите, се со цел добивање на повеќе позитивни резултати од
истиот.
Тоа значи дека треба да се минимизираат негативните, а да се максимизираат
позитивните ефекти. Успехот на настанот најмногу зависи од тоа дали менаџерот ќе
умее да направи баланс помеѓу тие позитивни и негативни ефекти.
Кога станува збор за негативните ефекти треба да се има предвид тоа дали постои
свест за нив и способност да се интервенира на време. Се ова упатува на тоа дека
најпотребно е да се има добар план за настанот и квалитетно планирање на тие клучни
моменти.
Од големо значење кај планирањето е финансискиот дел зошто секако дека, од една
страна треба да се постигне целта и трошоците кои треба да се пратат и минимизираат
Инженерска економика

Анализа на пазарот
1 . За настани -Вид
-Квалитет
-Оригиналност
-Време и место на одржување
-Имиџот и степенот на разбирање на
пазарот
2. Локација -Квалитет и капацитет на локација

3. Човечки ресурси -Нивото на искуство


-Ранг и вид на обуки

4. Ниво на развој на компанијата


5. Пазар -Способност да се одговори на потребите
на пазарот и да се задоволат посетителите
Инженерска економика

3. Конкурентност
Сите сакаат да немаат конкуренција, но тоа е нереално и неостварливо, барем за подолг
временски период.
Конкуренција е неминовен фактор за секој бизнис без разлика на големината,
индустријата, пазарот. Доколку се избегнува конкуренција, ќе настапат вистински
проблеми карактеризирани преку намалување на учеството на пазарот, намалување на
продажбата, намалување на бројот на купувачи на услугите. Во нашиотслучај, за да
бидеме во тек со конкуренцијата, е правење на добри маркетинг промоции, почеста
понуда на попусти, најдобра организација од одобрениот буџет, достапност во секое
време, големата соработка со други компании поврзани со нашата дејност.
На нашиот пазар има присуство на повеќе вакви компании за организирање на
прослави и евенти,
но како најсериозни конкуренти би можеле да се набројат:
 Bottega Eventi
 Ava Atelier
 Публицис Скопје
Со оглед на ниската финансиска можност на компаниите и поединците во
Македонија, индустријата за организирање на настани е на задоволително ниво.
Компаниите и поединците споредбено со минатото, се повеќе се охрабруваат и
организираат различни типови на настани, независно дали се тоа корпоративни
настани, конференции, свадби, прослави, родендени.
Секој може да организира настан како што може да си ја организира и сопствената
свадба.
Но, она што е значајно е крајниот резултат или исходот од настанот, дали тој настан е
вреден за паметење, дали тој се издвојувал од другите, дали раскажал приказна која
вреди понатаму да се прераскажува и дали е технички и професионално реализиран.
Ова се само неколку параметри кои треба да бидат земени предвид од агенциите и
компаниите кои се занимаваат со евент менаџмент при организирање на еден настан.
Инженерска економика

4. Канали на продажба и дистрибуција


Ние како мала организација и како услужна дејност не ни потребен голем простор за
работа. Предвидено е мала канцеларија од 30м 2 на одредена локација во ценатрот на
градот. Купувачите на кои им се допаѓа нашата орагнизација можат да дојдат кај нас,
каде што во нашата канцеларија ќе им биде објаснето за севкупната наша
организација на настани. Купувачите ни ја кажуваат цената до која сакаат да биде
организиран некој настан и ние понатаму планираме и организираме тоа да се случи
со најдобро залагање од страна на вработените и со тоа да се добие квалитетна услуга
и нашите купувачи да биде задоволни, што е целта на нашето работење.

Вообичаено клиентот доаѓа со конкретен бриф во кој се појаснуваат главните цели со


кој настанот треба да се постигне. Во некои ситуации брифот доаѓа со прецизиран
буџет, но многу често се случува прво да биде развиен концептот за настанот, па потоа
да се оформи и буџетот. Кога имаме одврзани раце во оформирање на буџетот на
настанот, тоа се случува често поради довербата која сме ја стекнале кај нашите
клиенти, имаме можност да имплементираме и врвна аудио и визуелна техничка
опрема која понекогаш ја увезуваме од странство, користиме ексклузивни локации,
дизајнираме специјална сценографија за настанот, ангажираме реномирани кетеринг
компании и познати естрадни уметници. Но, да појаснам за нас се еднакво важни и
настаните кои имаат одреден буџет од страна на клиентот, да бидам искрена, дури тие
се и предизвикувачки за работа. Ние секогаш се трудиме да го изведеме најдоброто , а
притоа да не излеземе од буџетиските рамки и да направиме незаборавен настан, кој
воедно ќе биде препознатлив за компанијата како клиент, а ние гордо ќе го потпишеме
како организација.

5.Цена
Цената на чинење на единица производ претставува збир од сите трошоци за
производство и продажба на единица производ ( килограм, парче и сл.). Оваа цена се
пресметува кога вкупните трошоци ќе се поделат со количината на готовиот производ.
Продажната цена за единица услуга е цената по која ќе се продава услугата.
Продажната цена се добива кога цената на чинење на производот ќе се додаде
планираната продажна маржа. Конкретно во нашиот случај за различни настани
постојат различи цени на чинење на услугата. Како што постојат услуги како
организација на прослави на фирми, родендени, коктели, матурски и сл. така постојат и
различни цени на услугите.
Инженерска економика

6. Рекламна стратегија и продажба

Овде најчесто се поставува прашањето како ние како организација ќе ги привлечеме


купувачите да ја купат нашата услуга. Со помош на најразлични реклами ние ќе ги
привлечеме купувачите да ја користат нашата услуга. Одвоени се одредена сума на
пари кои ќе бидат потрошени токму за рекламирање на нашата организација.
Формирање на web страница ќе им овозможи на купувачите да ги гледаат последните
новини и услуги што ги организира нашата организација. Исто така на почетокот ќе
бидат изготвени и флаери кои ќе бидат доделени на различни луѓе, а ќе има и различни
презентации за нашата организација во најразлични локации со цел да се запознаат
луѓето за новата организација на настани што е нова на пазарот.

7.Ресурси

За да се започне бизнис најбитно нешто се ресурсите, односто да се дефинираат


ресуристе , се она што ни е потребно за да се започне со работа. Најпрво треба да се
одвојат доволно финансиски стредства. Тие средства ќе ни служат за изнајмување на
простор, т.е канцеларија во која ќе бидат сместени сите работи кои што ќе ни бидат
потребни за работа со клиенти. Исто така важен ресурс се вработените во
организацијата, така што на почеткот на бизнисот планирано е нивниот број да биде
4 ,а понатаму да се зголеми кадарот. Вработените треба да бидат доволно
комуникативни за да ги убедат нашите клиенти дека ние сме најдобри на пазарот и
дека нашата услуга е многу квалитетна. Важно е и дека треба да се спомнат
соработките со други компании кои ќе ни помогнат за реализација на нашата услуга.
Друг важен ресурс е опремата. Бидејќи не се работи за производствен бизнис, тука за
услужна дејност не е потребна многу опрема освен компјутери, телефони , факс,
принтер, скенер и сл.
Инженерска економика

8. Промоција и маркетинг

Поради фактот дека стандардот и менталитетот во нашата околина е сеуште скептичен


за нови и современи идеи и производи на пазарот, наш личен предизвик беше овој
бизнис план да создаде нови гледишта и да се сруши онаа бариера на стереотипи и
конзервативност во секојдневното живеење. Агенцијата за организирање секаков вид
настани започнувајќи од прослави, родендени, свадби, конференции, семинари,
приватни настани и слични е идеја која сеуште е релативно слабо пласирана на нашиот
пазар, ни беше сатисфакција плус да се решиме на овој чекор и да креираме нешто што
ќе биде конкурентно а и воедно ќе даде до знаење дека можеби со ова на
заинтересираната таргет група ќе и се олеснат сите оние обврски околу организирање.

За да сето ова звучи попримамливо на клиентот пред се мора да дадеме до знаење дека
секој организиран настан вклучува целосен пакет , зависност од поводот и желбите.
Нашите соработници и партнери се сите оние места, фирми, организации кои што
директно се вклучени во настанот обезбедувајќи простор, кетеринг услуги,
аудиовизуелни услуги и опрема, со што клиентите имаат можност според своите
желби да ја изберат соодветната услуга. Нашите очекувања за почеток не се големи, но
во основата на планирањето маркетинг секторот обезбеди електронски медиуми кој би
ни помогнале околу промоцијата која пак ќе ни помогне побрзо да допреме до
посакуваната клиентела. За почеток би имале одредени попусти и промотивни услуги
со што би им дале шанса на клиентите да го искусат она што ние им го нудиме.
Постојаната соработка би резултирала и со одредени бенефиции и дополнителни
пакети од наша страна.

Веруваме дека ќе создадеме бренд и тим кој ќе успее сите желби и и идеи да ги
преточи во првокласна услуга преку креирање нови критериуми за вистински квалитет
и професионалност.
Инженерска економика

9. Структура на вработени

Како друштво со ограничена одговорност, структурата на нашето работење при самото


формирање ќе вклучува четворица вработени кои истовремено се и сопственици.
Ваквиот чекор е се со цел да се започне работа со луѓе кои што од самиот старт се
запознаени со планот и текот на создавање на идејата и кои директно ќе посредуваат
при организирање и функционирање на работата. Секој би бил задолжен со определени
задачи и обврски за кои ќе биде одговорен.

10. Финансиски план

Трошоци Парични износи (евра)

Регистрација на фирма 200

Плата на вработени 200

Административни трошоци 50

Рекламирање 200

Почетни трошоци 10000

Одржување 50

Осигурување 50

Закупнина 150

Останати трошоци 50

За започнување на бизнисот потребни се финансиски средства. Тие средства во


оваа наша организација ќе бидат вкупно 22 000 евра , од кои 12 000 евра се личен влог
( бидејќи се 4 сопственици на фирма секој од сопствениците ќе има по 3 000 евра личен
влог) и 10 000 евра се финансии кои ќе бидат добиени од банките со подигнување на
кредит со камата 5% , каде што долгот ќе се исплати за 5 годни со грејс период од 12
месеци со месечна отплата од 189 евра.
Инженерска економика

11. Ризици

Ризикот е еден од најголемите причинители за една фирма да не започне со бизнис.


Дали да ризикувам и да започнам бизнис кој ќе се пласира на пазарот со услуги или
пак да не започнам и да не вложувам во тоа?. Секој бизнис има свој ризик. Оваа наша
организација постои можност да не опстане на пазарот ако нема доволно настани за
организирање и ако нема доволни клиенти, а со тоа нема ни доволно профит да
остварува. Бизнисот е особено ранлив и изложен на многу ризици - од животна
средина до економска и политичка. Не е лесна задача да се земат долгорочни
инвестициони одлуки, особено имајќи предвид дека отпорноста на секој одделен
бизнис во голема мера зависи од издржливоста на своите добавувачи и купувачи.
Воведувањето на управување со ризиците доаѓа во право време, со оглед дека јавните
институции насекаде во светот работат во економска, социјална и политичка средина,
која брзо се менува. Во таква услови од пресудно значење е тие да можат да реагираат
брзо и флексибилно на променетите околности или да се прилагодат на нив.
Раководството на секоја институција треба да биде подготвено за можните промени,
кои можеби ќе бидат неопходни во однос на насоката во која институцијата се движи
и/или поради менување на приоритетите и важноста на одредени делови на
работењето.

You might also like