You are on page 1of 25

Наставна тема: Програма за обработка на текст

Наставна содржина

АКТИВНОСТИ СО СЛИКИ И
ЦРТАЊЕ НА ГРАФИЧКИ
ОБЈЕКТИ

Наставник: Мирослав Маркоски


Цели на наставната содржина
 Да вметнат слика од различни места на
компјутерот
 Да знаат да ја уредат сликата
 Да научат да ги менуваат димензиите на
сликата
 Да знаат да ја активираат лентата со алатки за
слики
 Да ги препознаваат и употребуваат
алатките за уредување на слика
Активности со слики
Корисникот може да поставува во документот готови слики од галеријата на
програмата или свои слики – цртани во некоја графичка програма, фотографии,
слики од Интернет итн.

Постапката за внесување на слика во текстуалниот документ е следната:

Галерија
Од датотека
од скенер или камера
Цртање
Готови форми
Уметнички текст
Организациски графикон
Графикон (дијаграм)
Активности со слики
Корисникот може да поставува во документот готови слики од галеријата на
програмата или свои слики – цртани во некоја графичка програма, фотографии,
слики од Интернет итн.

Постапката за внесување на слика во текстуалниот документ е следната:

Галерија
Од датотека
од скенер или камера
Цртање
Готови форми
Уметнички текст
Организациски графикон
Графикон (дијаграм)
ЗАПОМНИ!!!
Пред да се внесе сликата треба да
се постави курсорот на местото
каде треба да се прикаже сликата.
Избраната слика се прикажува во
документот на местото каде
што трепка курсорот.
Вметнување слики од hard disk
Insert -> Picture -> from File

Кога ќе кликнеш на сликата, околу


неа ќе се појави рамка со осум
црни квадратчиња на неа. Со
помош на квадратчињата можеш
да ја намалиш или зголемиш
сликата.
Кога ќе ја означиш сликата, ќе се
појави лентата за работа со слика
(Picture), преку која можеш да ја
осветлиш или затемниш сликата,
да ја ротираш за 90 степени, да го
смениш контрастот и слично.
Однос на графичките објекти и текстот
За да можеме да ја премстуваме и поместуваме сликата во текстуалниот документ
ја употребуваме алатката Text Wrapping

Сега, кога ќе кликнеш на сликата, околу


неа ќе има бели крукчиња и едно зелено
крукче на врвот. Сликата можеш да ја
поместиш, а можеш и да ја ротираш со
помош на зеленото крукче.
Внесување слики од галеријата Clip Art
Insert -> Picture -> ClipArt

ClipArt се внесува и преку алатката


која се наоѓа на лентата со алатки за
цртање. Кога ќе се отвори прозорецот
на ClipArt во делот на TaskPane-от, со
двоклик ја избираме сликата која
сакаме да ја вметнеме во документот.
Вметнување готови графички објекти
(AutoShapes)

Постапка за вметнување на готов


графички објект:

1.Кликни на стрелката за надолу – десно од


алатката AutoShapes и одбери некој од
понудените графички објекти.
2.Покажувачот ќе го добие обликот .
3.Кликни со глувчето на местото каде што
сакаш да нацрташ облик.
4.Држејќи го притиснато левото копче,
повлечи до саканата големина.
5.Отушти го копчето.
Вметнување уметнички текст

Постапка за вметнување на
уметнички тескт (текст со
ефекти):

1.Од лентата за цртање одбери ја


алатката (WordArt).
2.Од добиениот прозорец одбери
стил и кликни на ОК.
3.Ќе се отвори прозорец на кој
можеш да пишуваш.
4.Напиши текст и повторно кликни
на ОК.
Цртање рамка за текст (Text Box)
Insert -> TextBox

Или пак, рамката ќе ја нацрташ со


алатката (Text Box) од лентата за
цртање. Кога ќе ја нацрташ
рамката, во неа можеш да
напишеш текст, а ќе се појави и
нова лентичка Text Box, како на
сликава, од која можеш да ја
одбереш ориентацијата на текстот
со алатката (Change Text Direction)
Вметнување текст во графички објект

Нацртај објект и кликни на него со


десното копче од глувчето. Во
добиеното мени кликни на Add Text
(Вметни текст), по што во објектот ќе се
појави курсорот на место каде што
можеш да пишуваш текст
Трансформации на графички објект
Уредување на графичките објекти
На лентата за цртање се наоѓаат алатки за уредување на графичките објекти,
како: боја на површината, боја, ширина и стил на линиите, додавање сенка
или трета димензија.
Уредување на графичките објекти
Активности со слики во
WRITER
Вметнување слики од хард диск
Вметнување ->Слика -> Од датотека
Однос на графичките објекти и
текстот
Објектот можеш да го распоредиш во однос на текстот на различни начини. Како
на пример:
Вметнување објекти од галеријата
Writer располага со галерија од звуци, линии, точки, подлоги и друго кои можеш
да ги вметнеш во документот. За да ја отвориш галеријата, повикај ја наредбата
Алатки → Галерија, по што ќе се појави галеријата како на следнава слика.
Вметнување готови графички облици

За да вметнеш еден од готовите графички елементи:


1.Кликни на надолната стрелка – десно од соодветна алатка и одбери некој од
понудените графички објекти.
2.Покажувачот ќе го добие обликот .
3.Кликни со глувче на местото каде што сакаш да вметнеш облик.
4.Држејќи го притиснато левото копче повлечи до саканата големина.
5.Отпушти го копчето.
Вметнување текст со ефекти
1. Во лентата за цртање кликни на алатката (Галерија на текст ефекти).
2. Од добиениот прозорец одбери стил и кликни на копчето Во ред.
3. Текстот ќе се појави во документот.
4. Наместо испишаниот текст Fontwork напиши свој текст.
Работа со графички објекти
1. Во графичките облици можеш да вметнеш текст. Доволно е да кликнеш на
објектот и да почнеш да внесуваш текст
2. За да уредиш графички објект, означи го објектот, и потоа кликни на десниот
тастер на глувчето и ќе се појави следното мени:
Уредување линија
Уредување област

You might also like