You are on page 1of 3

РАБОТА СО ФИГУРИ И МАСКИ ВО СКРЕЧ

Маските претставуваат различни облици на ист лик (фигура), во различни положби, бои, изрази...
Изгледот на фигурата се менува со избор на јазичето “Маски“ (COSTUMES).

Доколку маските не се додадени во програмата автоматски, во постарите верзии на Скреч ќе треба


самите да ги додавате преку наредбата Внеси или Import. Бројот на маски со кои ќе работиме не е
ограничен.

Наредбата која ни овозможува користење на маските т.е нивно менување во текот на програма е
Префрли на маска или Switch costume која се наоѓа во делот Looks со лилава боја. Помеѓу промената
на маските добро е да користиме наредба Чекај 1 сек, за да го видиме ефектот од промената на
маските.
Во делот Looks се наоѓаат и следниве наредби:

Наредбите кои се запишани како Намести боја, Намести големина... Set color, Set size...
овозможуваат поставување на една константна големина и боја на фигурата која нема да се
промени во извршувањето на програмата.

Наредбите запишани како Смени боја, Смени големина... Change color, change size... ќе ја менуваат
бојата и големината на фигурата при секое извршување на програмскиот код. Ако ги користиме нив,
добро би било во почеток на програмата да ја рестартираме фигурата на нејзините оригинални
големина и боја, т.е веднаш под знаменцето да ставиме SET SIZE TO 100 % и CLEAR GRAPHIC EFFECTS.

Во наредбата Change effect color освен промена на бојата можеме да менуваме и други визуелни
ефекти како Мозаик, Дух, Тркало и сл.

Вежби:

1. Со помош на една фигура и нејзините маски да се програмира анимација т.е танцување на


фигурата (преку промена на маски). Програмата да се дополни со соодветна позадина на
етапа и по избор други изучени елементи, движења, интеракција.
2. Да се изработи програма која дава резултат како на сликата подолу т.е топката ја менува
бојата, го менува својот изглед во мозаик, ја менува својата големина, и пак се врака на
оригналната боја и големина.
Домашна: Вежбајте ги програмите изработени на час, комбинирајте ги и другите изучени елементи,
вметнете интеракција, запознавање со фигурата која танцува и сл. Не треба да испратите код, само
да вежбате за полесно усвојување на содржините.

You might also like