You are on page 1of 3

Интерактивни програми со настани

Настаните или случките во програмските јазици претставуваат нов градбен дел кој
овозможува интерактивност во програмата преку активности со глувчето или притискање на
соодветно копче од тастатурата.
Дали досега работевме со блок кој претставува блок за настан? Воочи дека блок за настан
е и „зелено знаме“ со кој претходно се запознавме. Кога ќе се кликне знамето тоа е знак дека
кодот треба да почне да се извршува. Покрај знаменцето, постојат и други начини со кои се
контролира започнувањето на извршување на програмскиот код или некои негови делови. На
пример, кога ке кликнеме на знаменцето може фигурата да се поместува напред, но кога ке
кликнеме на неа, да каже здраво, а пак кога ќе притиснеме на некоја буква од тастатура да каже
овошје на таа буква итн.
Блоковите т.е изказите кои служат за да креираме интерактивни програми се прикажани
во следнава табела:
Кој дел е настан? Како го препознаваме? Што му се доделува како вредност?
 Настан е првиот исказ, го препознаваме по бојата по зборот кога (значи дефинраме кога
да се изврши подолу напишаниот код), а како вредност се самата фигура, значи девојката.

Еве уште еден пример:


Задача за домашна: Напиши програма со 2 настани. Прво додади фигура топка. Првиот настан е:
кога ќе се кликне на зеленото знаме, бојата на топчето да се смени по случаен избор. Вториот
настан е кога ќе се притисне копчето Space- празно место од тастатура топчето да каже Здраво.
Предизвик плус за сите што сакаат да научат повеќе: Уште еден настан- топчето се движи во
различни насоки при клик на стрелка од тастатурата. Домашните се доставуваат до следниот час
по Програмирање, за една недела.

You might also like