You are on page 1of 42

Обработка на текст

Програмите за обработка на текст биле едни меѓу првите комерцијално достапни програми. Денес
постојат голем број комерцијални, но и бесплатни програми за обработка на текст (како што е OpenOffice
Writer кој е дел на OpenOffice пакетот на програми).

Во продолжение се опишуваат некои основни принципи на обработка на текст во Microsoft Word, но сето
тоа е примелниво и на сите останати програми од овај тип.

Microsoft Word
Word е дел од Microsoft Office пакетот наменет за внесување и обработка на текст. Освен обработката на
текст, постои и можност за користење на разни други објекти, како што се слики, табели, графици и др.
Секоја нова верзија на оваа програма, како и останатиот дел од Office пакетот, донесува значаен број на
нови можности, но оние основните секогаш се исти без разлика дали се користи Word 97 или Word 2010.

Последната верзија на
Microsoft Office
пакетот(Office 2010) донесе
значајни промени во однос на
предходните верзии. Тоа
особено се однесува на
распоредот и групирањето
на алатките. Но и покрај
тоа, функционирањето на
алатките и нивната
примена не се променети.
Основно мени

Ги содржи сите наредби и опции достапни во Word. Поделен е на неколку менија со следните опции
(наведени се само основните):

File – отворање и спремање на документи, зачувување, излез од програмата


Edit – копирање, сечење, пребарување
View – различни погледи на документот, зум, работа со траките за алатки
Format – опции за уредување на текстот (фонт, параграф)
Tools – разни алатки
Table – опција за работа со табели
Window – опција за работа на повеќе документи истовремено
Help – опција за помош

Трака на стандардни алатки

Како и сите алатни траки, содржи икони кои служат за побрз пристап кон опциите во Word.

- нов документ
- отварање на документот
- зачувување на документот
- печатење на документот
- сечење (cut)
- вметнување (paste)
- undo (враќање еден чекор назад, односно на предходната состојба)

Трака за уредување

- промена на фонт

- менување на големината на буквите - сместување на текстот десно


- задебелување (bold) - порамнување на текстот
- закосување (italic) - нумерирање
- менување на боја на буквите
- подвлекување (underline) - пишување експоненти
- сместување на текстот лево - пишување на индекс
- сместување на текстот во средина
Останати алатки, траки и наредби

Word содржи многу повеќе алатни траки отколку што ќе биде опишано во оваа скрипта и повеќето од
нив нема никогаш да затребаат, но понекогаш се случува да затреба некоја алатна трака која не е
активна, или некоја наредба која не е на ниту една алатна трака. Тогаш е потребно рачно да се активира
таа алатна трака (или наредба). Тоа се изведува со избор на View, наредбата Toolbars. Кога ќе се појави
попис на алатните траки, може да се вклучи или исклучи поединечна алатна трака, со тоа што се клкнува
на нејзиното име. Ако се сака да се додаде некоја наредба, која не е присутна на алатната трака,
потребно е да се кликне на наредбата customize. Се појавува ново мени, кое соджи попис на сите
наредби достапни во Word. Едноставно треба да се најде наредбата и да се одвлече со помош на
глувчето на саканото место во некоја од активните алатни траки.

Нови документи

При влегувањето во Word автоматски се отвoра нов документ, кој е спремен за внесување на текст. Ако
се сака да се отвори нов документ, тоа може да се направи со наредбата File -> New или со клик на
иконата New која се наоѓа на стандардното мени.

Отворање на документ

Ако се сака да се отвори документ кој се наоѓа на некое место (нпр. на хард дискот или на CD) тоа се
прави со наредбата File -> Open или со клик на иконата Open која се наоѓа на стандардната трака на
алатки. Во дијалогот кој ќе се појави, се пронаоѓа местото каде што е зачуван документот, се кликнува на
документот и се избира наредбата Open.

Зачувување/снимање на документ
Снимањето на документот е слично со отварањето на документ. Се избира File -> Save (или само се
избира иконата Save од стандардното мени). Ќе се појави нов прозорец во кој се одредува саканата
локација за зачувување на документот и како саканото име, а потоа се кликнува на Save.
Кога се сака да се зачува друга верзија на документот, под друго име или тој да се сочува на друга
локација, се избира наредбата File -> Save As. Повторно се појавува прозорец кој прашува за локацијата и
името на документот.

Копирање, сечење и вметнување на текстот

Кај пишувањето често се наметнува потребата за копирање или преместување на поголеми количини на
текст во самиот документ или помеѓу документи, т.е. копирање текст од други програми (пр. web
browser-и). За тоа служат наредбите Copy (копирање), Cut (сечење) и Paste (вметнување). Овие команди
се достапни во основното мени под наредбата Edit или со помош на иконата од стандардната лента на
алатки. Наредбата Copy го копира означениот дел од текстот во привремена меморија, наредвата Cut го
отсекува означениот дел од текстот (т.е. го копира во привремената меморија и потоа го брише од
документот). Наредбата Paste го вметнува текстот од привремената меморија на местото на курсорот.

Уредување на текстот

Најголемата сила на Word лежи токму во неограничената можност за форматирање на текстот.


Основните наредби кои тоа го овозможуваат се наоѓаат во менито за уредување и под наредбата Format.
Овде се достапни сите наредби за уредување на фонтови, параграфи и други напредни опции.

Проред
Ако се сака текстот да има поголемо растојание помеѓу редовите, се избира опцијата Paragraph. Во
менито кое се појавува се работи со опциите под името Spacing. Овде се веќе дадени предодредени
растојанија како single (нормално растојание), 1,5 и double (двократно растојание).

Вметнување на слики

Word не е ограничен исклучиво за работа со текст, во него можат да се вметнуваат разни други
документи, како на пример слики. Тоа се прави со наредбата Insert. Кога ќе се кликне на Picture, ќе се
појави избор помеѓу вметнување clipart или слика од некој друг медиум.
Кога се сака да се вметне слика од медиум (било да е хард диск, CD или нешто друго), се избирате
наредбата From File. Дијалогот кој ќе се отвори е сличен со прозорецот за отворање на документ.

Броеви на страници

Кога се обработува текст со голем број на страници, пожелно е страниците да бидат нумерирани, заради
полесно снајдување (особено после зачувањето на ваквиот документ). Затоа што рачното нумерирање
на страници би било напорно и за мали документи, а не пак за документи со значително голем број на
страници, за таа цел служи наредбата Page Numbers, која тоа го објавува автоматски. Од кога ќе се појави
прозорчето со опциите, постои можност да се одреди положбата на броевите на страницата. Опцијата
Position одредува дали бројот ќе биде на дното или врвот на страницата, а опцијата Aligment, ја одредува
положбата на бројот (лево, десно, централно...). Додатни опции се кријат под наредбата Format.

Симболи

Понекогаш при пишувањето на некој текст потребен е знак кој не е дел од стандардната тастатура, како
на пример некој математички симбол или буква од друго писмо (пр. грчкото аили кинеското писмо). До
тие знаци може да се дојде со наредбата Symbol. Во новоотвореното прозорче може да се најде
потребниот симбол и, со клик на Insert, се вметнува во документот.

Објекти

Word, иако е преполн со можности, сепак е лимитиран во некои барања, како на пример пишување на
математички равенки кои треба да се употребат во некој документ. За да се реши тој недостаток,
развиени се додатоци за Word кои се повикуваат со наредбата Object. Еден од најчестите објекти кои се
употребуваат е Microsoft Equation. Иако е можно во Word да се напишат потенции и индекси, секоја
равенка е скоро невозможно да се запише со употреба само на Word. За тоа служи Microsoft Equation, кој
е всушност потпрограма на Word која служи исклучиво за пишување на равенки. Се отвора со наредбата
Object и изборот на Microsoft Equation од листата. Потоа се отвора потполно нов прозорец, со Equation
мени, со помош на кое можат да се вметнат сите елементи потребни за пишување на равенката.

Краток опис на менито и елементите кои тој ги содржи:

1. симболи за односи (поголемо, помало..)


2. симболи за разделување
3. ознаки на симболи (разни стрелки и линии)
4. симболи за математичките операции
5. стрелки
6. логички симболи
7. односи меѓу множества
8. разни симболи
9. мали грчки букви
10. големи грчки букви
11. загради
12. корени
13. експоненти и индекси
14. суми
15. интеграли
16. стрелки над симболот
17. име на стрелките
18. симболи на продукт
19. матрици

Употребата на Microsoft Equation е доста едноставна: само се избира потребниот елемент и се впишува
тоа што е потребно (бројки, букви). Навигацијата по равенката се врши со стрелките од тастатурата.

Header и Footer

Во делот на поглавјето кое се занимава со вметнување броеви на страниците, може да се забележи дека
тие всушност не се поствени внатере, во текстот, туку надвор од него. Поставени се во делот на
страницата од документот кој се вика подножје (Footer) или заглавие (Header). Тоа се делови на
страницата резервирани за додатни информации, како на пример: број на страницата, време, автор,
наслов итн. За тие делови да станат видливи, потребно е во менито View да се кликне на наредбата
Header and Footer. Се забележува дека нормалниот текст станува сив (и привремено недостапен), а се
отвора нов активен дел на документот (т.е. нова лента со алатки) во која може да се внесуваат разни
информации за овој документ, кои потоа ќе се појават на секоја страница на документот. Кога се сака да
се префрли меѓу Header и Footer, тоа може да се направи со иконата на алатната лента, а заглавието или
подножјето се затвора со кликот на иконата Close на алатната лента.

Фуснота

За разлика од подножјето и заглавието, кои содржат информации кои се појавуваат на секоја страница
на документот, фуснотата служи за подетално објаснување на некој поим од текстот. Затоа е важно пред
вметнувањето на фуснотата да се кликне точно на зборот кој треба да се објасни. Потоа се одбира Insert -
> Reference -> Footnote. Менито кое тогаш се појавува содржи опции за позиционирање (фуснотата може
да биде сместена на истата страница како зборот кој се објаснува или на крајот на текстот – во овај случај
се нарекува endnote) и опции за уредување на ознаките. Ког се избира Insert, Word автоматски става
бројка во експонент на зборот кој се објаснува, а потоа се позиционира на местото на фуснотата, каде
што се пишува самата фуснота.

Нумерирање

Постојат ситуации кога е потребно да се означат поединечни делови од текстот со бороеви или некои
други ознаки (нпр. ако се сака параграфите да бидат означени со редни бореви или кога набројуваат
некои поими, секој од нив има одреден знак пред себе). Наместо редните броеви или другите знаци да
се внесуваат рачно, се избира Format -> Bullets and Numbering. Овде може да се избира меѓу многу
понудени стилови на означување (Bulleted) и броеви (Numbered), а секој стил може додатно да се
прилагоди на потребите со опцијата Customize.

Работа со табели
Word има можност за креирање на табели, кои можат да бидат многу корисни во ситуации кога мора да
се внесуваат податоци во одреден формат. Наредбите поврзани со табели се во менито Table. Кога треба
да се направи нова табела, доволно е да се отвори тоа мени и да се избере Insert -> Table. Ќе се појави
прозорец, во кој се одредуваат бројот на колони и редови кои табелата треба да ги има (тие можат и
покдоцна, по потреба, да се додадат и избришат со наредбите Insert и Delete). За уредување на табелите
важна функција има наредбата Merge Cells, која ги спојува келиите кои се означени, што е многу погодно
затоа што овозможува креирање табела во која редовите немаат ист број на колони (нпр. првиот има
една колона затоа што го содржи насловот, а останатите имаат повеќе затоа што содржат податоци).
Самите келии (а и редовите) можат произволно да се менуваат и зголемуваат со тоа што се става
курсорот на маргината, додека не се појави поинаков облик на стрелката, тогаш со држење на левиот
тастер од маусот се влече маргината во саканата насока. Сите опции за уредување на табела се достапни
со наредбата Table Properties.

Вметнување табели и графици од Excel

Во продолжение на прирачникот се обработува програмата за табеларни пресметки Excel, па во некои


случаеви табела од Excel ќе мора се префрли во Word. Вметнување на табели или графици од Excel може
да се направи на два начини. Еден е кога табелата (или графикот) е веќе копиран во привремената
меморија и едноставно се вметнува со наредбата Paste. Другиот начин е да се избере наредбата Paste
Special од менито Edit. Ќе се појават неколку опции од кои се одбира Microsoft Office Excel Worksheet
Object (или во случај на график Microsoft Office Excel Chart Object) и потоа OK. Разликата во овие начини
е во тоа што со употреба на првиот во Word се креира нормална табела или графикон, додека со
употребата на другиот начин се креира табела со која е можно да се работи како во Excel. Ако на такви
објекти се кликне двапати, се појавуваат опциите од Excel (што вклучува и формули), со можност за
работа како во Excel.
Табеларни пресметки

Microsoft Excel

Excel е вториот дел од Office пакетот кој ќе биде претставен. Како што е Word првенствено насочен
спрема обработка на текст, така е Excel ориентиран спрема броевите и оперирањето со нив. Excel спаѓа
во групата програми со име табеларни калкулатори, заради тоа што сите математички, статистички,
логички и други операции кои се изведуваат со броеви (податоци) кои се наоѓаат во табели. Иако Excel
има можеби најширок спектар на примена и најголема флексибилност од сите Office програми во оваа
скрипта, ќе се бидат претставени само неговите оснивни можности.

1- име на моментално избраната ќелија


2- лента за внес и работа со формули
3- ознака за колони (A,B,C, . . .)
4- ознака за редови (1, 2, 3, . . .)
5- навигација помеѓу работните листови на документот
- делот на стандардната алатна лентакој се однесува на работа со документи
(отварање, зачувување...) потоа уредување на податоците (фонт, боја,
големина...) ист е како во Word, па за опис на тие елементи и функции
погледнете го предходното поглавје
- секоја ќелија има своја специфична ознака која е комбинација од нејзиниот ред
и колона

Работни листови

Секој Excel документ во себе содржи еден или повеќе работни листови (кај новиот документ постојат
три) кои можат да се додаваат и бришат од документот. Работните листови се своевидни
поддокументи, бидејќи не мораат да содржат слични податоци, секој може да биде поинаку уреден
итн. Навигацијата помеѓу нив се изведува со за тоа наменета алатна лента (број 5 на илустрацијата од
претходната страница). Работните листови можат да се избришат така што ќе се кликне на десен клик
на глувчето и ќе се избере Delete (овде е и опцијата за именување на работниот лист), а можете и со
менито Insert со наредбата Worksheet.

Функции

Првенствена намена на Excel е изведување математички операции и обработка на тие податоци. За


Excel да ги изврашува своите задачи, мора да знае каков однос се сака помеѓу податоците кои се
внесуваат во него. Тоа е поентата на функцијата. Функциите означуваат операции кои треба Excel да
ги изврши помеѓу две или повеќе ќелии (т.е. податоци). Спектарот на функции кои ги поседува Excel
се движи од наједноставните операции - собирање и одземање, па сѐ до логичките односи и
предвидување трендови.

Правила за внес на функции

Практично постојат два начини за внесување на функции во Excel. Првиот е внесување со директно
впишување во ќелија. Функцијата се пишува така што во ќелијата во која се сака да се добие резултат
најпрво се впишува знакот еднакво (=). Тоа му кажува на Excel дека следи впишување на функција,
така што по знакот еднакво сѐ се третира како функција. Друга нешто кое треба да се запамети е дека
секогаш при пишувањето формули во Excel треба да се избегнува директното пишување на броеви.
Многу е подобро со ознака на ќелијата ( нпр. кога се собираат две ќелии А1=5 и В3=6, треба
формилата за тој збир да изгледа =А1+В3, а не =5+6). Пишувањето на функциите т.е. пресметувањето
во Excel на овој начин носи големи предности. Кога се сака да се смени една од бројките, треба само
да напише друга бројка во ќелијата, а функцијата автоматски ќе ја изврши математичката операција.
Во случајот кога би била напишана функција =5+6, тогаш би требало да се менува целата функција, а
со тоа би се уништила поентата на Excel, бидејќи таквите операции можат да се извршат со обичен
калкулатор. Најголемата моќ на Excel е во неговата флексибилност.

При внесувањето на децималните броеви во Excel за внес на децимали ОБАВЕЗНО


секогаш да се користи само нумеричкиот дел на тастатурата – ознаката за децимала се
наоѓа на копчето Del.

Резултатите некогаш на многу комплексните математички операции можно е многу лесно да се


менуваат или искористат како почетна точка за некоја друга формула или операција. Негативна
страна на рачното пишување на функцијата е нивото на потребното знаење т.е. потребно е
познавање на точната синтакса на функцијата која се сака да се напише (а тие се за некои функции
доста комплексни).

Заради тоа се препорачува и вториот начин на пишување функција, а тоа е со едноставно бирање од
мени. До менито со функциите може едноставно да се дојде со кликање на иконата fx. Ќе се појави
менито со сите функции разместени по категории за полесно пронаоѓање. Пишувањето функции е
многу интуитивно, бидејќи програмат сама води и ја пружа целата потребна помош.

Просечниот корисник користи само еден мал дел од можностите на Excel, па запознавањето со сите
функции на Excel е бесмислено. Наместо тоа, ќе ги запознаете оние функции кои сигурно ќе ви бидат
потребни во вашето студирање.

Преглед на некои функции

Во групата Math & Trig спаѓаат:

ACOS – ова е функцијата arcus cosinus

ASIN – оваа функција е arcus sinus

ATAN – arcus tangens

COS - cosinus

EXP – функција која го потенцира бројот е со некој број

LN – функција за пресметка на природниот логаритам од бројот


LOG – функција за пресметка на логаритам на бројот по некоја база

PI – едноставна функција која ја дава вредноста на бројот π

POWER – функција која го потенцира некој број со некој друг

SIN - sinus

SQRT – функција која пресметува втор корен од бројот

SUM – збир на сите броеви внатре во одбраните ќелии

TAN – tangens

Во групата Statistical спаѓаат :

AVERAGE – пресметува средна аритметичка вредност

COUNT – ги брои ќелиите кои содржат броеви

COUNTA – многу слична со претходната функција, се разликува во броењето на ќелиите кои содржат
некој податок (може да биде и текст)

FORECAST – функција врз основа на познатите податоци може да предвидува нови податоци
користејќи ја методата на најмали квадрати

MAX – ја наоѓа најголемата вредност меѓу податоците

MIN – ја наоѓа најмалата вредност меѓу податоците

Во групата Logical спаѓаат :

(во оваа група се наоѓаат функциите кои сами по себе не служат за обработка на податоци, туку за
создавање на логички врски помеѓу нив (т.е. помеѓу самите функции))

AND - и

FALSE - неточно

IF - ако

NOT - не

OR - или

TRUE – точно
Основни математички операции

Под основни математички операции во Excel се сметаат собирање, одземање,


множење и делење. Внесувањето на математичките операции (+,-,*, /) се врши со
копчињата. На пр. ако сакаме да ги собереме броевите во ќелиите А2 и В5 формулата
ќе изгледа вака: =А2+В5 каде што плус (+) се пишува со помош на копчето.

Пресметката на повисоките корени се изведува така, што се користи функцијата POWER


(потенција) каде што како потенција се става 1/3 (за 3-ти корен), 1/4 (за 4-ти) итн.

Σ Постои и побрз начин за собирање на вредностите внатре во ќелиите, а тоа е со


помош на иконата за сумирање. Само се селектираат гќелиите кои треба да се соберат
и се клика на иконата. Excel автоматски ќе ги собере ќелиите и резултатот ќе го стави во
првата празна ќелија.

Постојат ситуации кога при копирањето треба да се менува само еден дел од
формулата, а другиот дел од формулата да биде трајно врзан за една ќелија - на пр.
некоја константа. За тоа е потребно малку поинаку да се напише името на ќелијата за
која се сака да е стална. Потребно е да се напише името на ќелијата со знаците $ - на
пр. ако треба ќелијата Н10 да остане стална, тогаш мора да се напишете како $Н$10.
Можеби ова се чини комплицирано, но Excel ја олеснува оваа постапка. Не е потребно
сами да напишете оваа промена. Доволно е да кликнете внатре во името на ќелијата
во формулата (помеѓу Н и 10) и притиснете го копчето F4 на тастатурата. Excel ќе ги
додаде потребните ознаки.

Копирање на формули

При копирање на ќелија која содржи формула може да се забележи дека формулата на новото место
веќе не вреди. Тоа е поради тоа што Excel при копирање или преместување сака да го зачува обликот
на табелата т.е. тој ги поместува изворните ќелии онолку колку се поместила формулата (во пракса
тоа изгледа вака: ако се избрат ќелиите А2 и В2 со формулата =А2+В2, па таа формула се копира две
ќелии подолу и три ќелии десно, новата формула ќе изгледа =C5+D5 – се забележува дека односот во
формулата останува ист ). Оваа појава е можеби на прв поглед збунувачка, но набрзо се увидуваат
нејзините предности. Ако постојат повеќе парови податоци кои треба да се соберат или да се изврши
некоја друга операција, податоците се реадт во колони, а во колоната покрај (во првата ќелија) се
запишува формулата. Кога еднаш е напишана формулата за првиот сет податоци, доволно е таа да се
копира во подолните ќелии.

Иако Excel не содржи икона за пишување индекси и експоненти, постои мал трик со кој
тоа може да се постигне. Напишете во ќелијата некој израз чиј еден дел сакате да го
ставите во експонент. Сега влезете во ќелијата и означете го оној дел кој сакате да го
ставите во експонент и повикајте Format Cell наредбата (со глувчето или од менито
Format) . Сега во опцијата за Font изберете Superscript или Subscript.

Како се движи формулата, така се менуваат и ќелиите кои формулата ги бара, (т.е. од кои зема
податоци). При копирањето, формулата продолжува да функционира со сетот податоци од следниот
ред,, што всушност значи дека не е потребно за секој ред од податоците да се пишува формулата
повторно, туку формулата се запишува само еднаш и потоа се копира (предуслов е секако добро
поставен извор на податоци).

Форматирање на ќелиите

Можевте да приметите дека во Excel не е нужно внесување само бројки туку е можно (дури и пожелно)
да имаме текстуално објастнување на податоците, време и датум на настанување и уште многу други
форми на внес. Типот на внес го одредува својството на самата ќелија во која тој внес се наоѓа или во
која ќе се внесе. Ако се внесе некој текст, тој автоматски ќе биде сместен на левата маргина на ќелијата,
додека бројот ќе биде сместен на десната маргина на ќелијата. Тоа е автоматско својство на Excel, кое
овозможува разликување на текст од бројки (бидејќи со текст не може да се вршат никакви математички
операции). Но, се забележува дека бројката, кога ќе се запише во ќелијата, е прикажана без децимали,
бидејќи таа за сега се смета за општ внес (т.е. запишана е, ама не е форматирана). Се кликнува со десен
клик на глувчето на ќелијата во која се наоѓа некој податок и се избира Format Cells. Се појавува опцијата
за форматирање на ќелијата т.е. податокот во неа. Прво ќе се појави опцијата Numbers, каде што се бира
начинот на прикажување на податоците во ќелиите. Може, помеѓу останатото, да се избере податоците
во ќелијата да се прикажат како текст, број, валута, датум, време и уште неколку опции. Кога ќе се
избере форматирање како број (Number), може да се одреди на колку децимали податокот ќе се
прикаже. Друг важен дел на Format Cell опцијата е форматирање на фонтот (работата со овие опции е
иста како во Word).
Визуелно уредување

Уредувањето на изгледот на ќелијата може да се подели на два дела: на уредување на содржината на


ќелијата и уредување на самата ќелија. Уредувањето на содржината на ќелијата се однесува на фонтот,
бојата и големината на буквите, а тоа сето е обработено во поглавјето за Word. Што се однесува со
уредувањето на самата ќелија, тука може да се смени бојата на ќелијата со наредбата Fill Color (пред тоа
да не се заборави да се селектира ќелијата или ќелиите кои треба да се обојат). Можно е да се направи
рамка на табелата така што се селектира со наредбата Borders и се одредува саканиот начин на
врамување. Иако не е можно, како што е случајот со табелите во Word, да се менуваат големините на
поедините ќелии, може да се менува ширината на редовите и колоните. Начинот на менување е ист како
кај табелите во Word, со таа разлика што не се става стрелката на маргината на самата ќелија, туку на
маргината на редот или колоната.

Сортирање

Понекогаш е пожелно податоците да се наредат во колони од најмалиот до најголемиот (или обратно).


Тоа се прави со помош на наредбата Sort . Само се означува колоната која се сортира и се кликнува на
иконата.

Графици

Графиците се одличен алат за приказ на податоците кои на тој начин можат да бидат презентирани на
многу појасен и попрепознатлив начин, отколку само со сирови бројки. Една од најдобрите особини на
графиците во Excel е таа дека тие се, како и формулите, динамични, т.е. дека графикот е врзан за
податоците, и со промена на податокот се менува и тој самиот – значи, кога еднаш ќе се направи график
и треба да се сменат податоците од кои тој е направен, не е потребно повторно да се прави график,
бидејќи тој со секоја промена на податоците и сам се менува.

Ако се стави график во самостојна работна страница со опцијата Add new sheet, тогаш
треба да се запомни дека таа страница ќе биде наменета само на графикот и нема да
можат да се впишат нови податоци.
Извор на податоци

Податоците за графиците се податоци кои се наоѓаат во Excel табелите.

Постои неколку мали работи на кои треба да се внимава кога се спремаат податоци за график. Треба да
се внимава податоците да бидат на едно место (податоците да се наредени во редови или колони), а не
да се раштркани по целиот работен лист – и од таквите податоци можно е да се направи график, но
полесно е да се направи со податоци кои се правилно средени и позиционирани. Кога ќе се спремат
податоците, само се селектираат и се кликнува на иконата Chart Wizard. Ќе се појави ново мени кое води
низ процесот на правење график.

Поделба на графиците

Excel има голем избор на различни видови на графици, а секој од тие видови има и неколку подвидови.
Секој вид график има своја намена т.е. најдобар е за прикажување на одреден вид податоци. Така, Pie
графикот е најдобар за приказ на проценти, а Bar графикот за прикажување на поголема група на
податоци. Посебно внимание ќе му посветиме на XY Scatter графиците (иако постапката за форматирање
и уредување е иста за сите графици). Позади ова чудно име се крие обичен XY график, кој е многу чест за
приказ на лабораториски податоци. Го избираме типот на график и кликнуваме Next. Ќе се појави делот
кој се занимава со изворот на податоци за графикот. Иако изворот на податоци би можел да се запише
дури сега, попрактично е да се селектира изворот на податоци, па потоа да се почне изработка на
графикот. Ако кликнеме повторно на Next, ќе се појават Chart Options, каде може да го запишеме
насловот на графикот и имињата на вредностите на оските. Ако повторно кликнеме на Next, ќе се појави
последната опција во изработката на графикот – каде графикот ќе биде сместен. Можеме да го сместиме
во моменталната работна страница (што е веќе и селектирано), можеме да го ставиме во некоја друга
работна страница или можема да го сместиме во негова посебна работна страница, ако ја избереме
опцијата As new sheet.

Специфичностите на копирањето во Word се обработни во поглавјето за Word.

Уредување на графиците
Кога треба да уредите одреден дел од графикот (на пр. бојата на позадината) доволно е двапати да
кликнете на делот од графикот кој сакате да го уредите и ќе се појави опција за уредување. Опцијата на
целиот график може да се уредува така што на графикот се кликнува со десен клик и се избира
наредбата Chart Options. Многу пати се случува графикот да има многу празен, т.е. неискористен
простор. На пр. ако се работи за график чии што податоци почнуваат од 6, а вашиот график почнува од 0.
Тоа може да се избегне ако два пати се кликне на x или y оската и се избере Scale. Овде може да се
одреди почетокот (минимумот) и крајот (максимумот) на броевите на оската.

Во XY Scatter графикот понекогаш е потребно да се нацрта правец (т.е. средна вредност) кој отприлика ги
спојува сите точки. Таа права се вика Trendline и се добива така што треба се кликне десното копче на
било која точка на графикот и да се избере Add Trendline. Во новото мени може да се избере видот
(бидејќи не е нужно trendline да биде права – може да биде и крива), ако под Options се избере опцијата
Display equation on chart (оваа опција ќе ја прикаже равенката на правата на графикот, од што може да
се видите местото на сечење со оската) и се кликне OK.

Копирање на графици и табели во други програми

Кога треба да се копира табела или график во некоја друга програма, само треба да се означи и да се
кликне на Copy.
Креирање на презентации

Microsoft Power Point

Power Point е последната програма од Office пакетот која ќе биде претставена во оваа скрипта. Нејзината
примарна цел е правење презентации.

Интерфејс

Интерфејсот помеѓу различните Office програми не се менува, што многу го олеснува снаоѓањето во
целиот пакет. Самиот интерфејс на Power Point е најмногу сличен со оној на Word. Содржи алатки и
команди кои се веќе споменати во Word, така што работата во Power Point е прилично едноставна.

1.Намален приказ на страниците, 2.Алатна лента за погледи 3.Страница на презентацијата

За да започне презентацијата, треба да се стисне F5 на тастатурата, или во менито Slide Show да се


избере View Show

Нова презентација
При отварање на нова презентација се нудат неколку опции. Може да се отвори празна презентација,
или презентација која веќе има поставено означени места за разни содржини (содржините може да се
разликуваат од текст до анимација и филм), што е корисно кога не се сака да се троши премногу време
на составување на изгледот на презентацијата. Тие, веќе создадени тагови на содржина (layout-
распоред), подоцна може да се користат во нови страници на презентации каде може да се додаде готов
layout преку менито Format.

Внес на податоци

Кога се внесуваат податоци, наједноставно е да се избере распоред кој најповеќе одговара (ако се сака
да се внесе само текст, тогаш распоред кој содржи само текст итн.). Едноставно се клика на елементот и
се почнува да се работи со него (на пример, кога пишува на објектот click to add text, едноставно се клика
и пишува - истиот принцип важи за слики и други медиуми).

Уредување на податоци

Уредувањето на податоци е исто како во Word.

Вметнување на слики

Вметнувањето на слики (од clipart или од медиум) се врши исто како во Word.

Ефекти

Она што го разликува Power Point од сите други програми од Office пакетот (особено од Word, со кој дели
многу заеднички карактеристики) е неговата способност да се анимира содржината на документот, на
начин кој е едноставен, интуитивен и не бара претходно знаење на анимација. Од друга страна, овие
анимации изгледаат навистина добро и можат да помогнат во презентација на некоја содржина.

Мало предупредување:

Кога корисниците откријат барем дел од опциите на Power Point, почнуваат се повеќе и повеќе да
употребуваат анимација и пратечки звуци. Иако голем дел од оваа програма е тесно поврзана со
анимација, при изработката на презентација потребно е да се земат предвид неколку работи:

Бидете сигурни дека ефектите кои ги користите не се пренападни, да не траат премногу долго и да не се
повторуваат пречесто; намалете ја употребата на звучни ефекти на минимум, бидејќи тие се во најголем
дел од случаите (освен можеби на самиот почеток или крај) непотребни и штетни за презентацијата. Не
заборавајте дека создавате презентација заради податоците кои сакате да ги презентирате, а не заради
ефектите. Всушност, ако некоја презентација е полна со ефекти, концентрацијата на луѓето за кои сте ја
работеле презентацијата ќе се фокусира на неа, а не на информациите и на тој начин презентацијата ќе
ја загуби смислата.

Секој елемент на Power Point може да има ефект. Земаме наједноставен пример. Ако сакате да додадете
ефект на наслов, тоа ќе го направите со кликнување на десното копче на глувчето на него и избирање на
командата Custom Animation.
Тука можете да одберете:

 тип на анимација - постои голема разлика во изборот на анимации помеѓу различни верзии на
Power Point, така да нема да бидат опишани поединечни ефекти, па можете да се обидете сами
со вашата верзија и да видите кои од нив ќе ви се допаднат, а кои не.
 нејзиното времетраење - обично избор меѓу куса и долга анимација.
 звук со анимација - ако мора
 начин на почеток - избор помеѓу начинот On Click, што значи дека ефектот нема да започне (а со
тоа и ефектите по него) додека не кликнете на глувчето. Другата опција е After Previous, што
значи дека ефектот ќе започне веднаш штом ќе заврши ефектот пред него.
 Редослед на ефектите – една од поважните опции; имено, битен е редоследот по кој ќе се
појавуваат елементите во презентацијата, бидејќи не е сеедно дали прво ќе се појави последниот
дел од текстот, а потоа насловот.

Работа со страниците на презентацијата

Секогаш може да се додаде нова страница со командата New Slide од менито Insert. Може да се избрише
некоја страница ако се кликне на неа со десното копче на глувчето и се избере Delete Slide. Секоја
страница може да има своја боја на позадината. Таа се менува ако се кликне со десното копче на
глувчето на страната и се избере Background (се појавува опцијата apply и apply to All – втората ќе ја
постави избраната боја на позадина на сите страници).

Може да се форматира страницата и со употреба на веќе готови уредувања. Повторно, со кликање со


десното копче на глувчето на страната и избирање Designe Templates (или Slide Designe - зависи од
верзијата на Power Point). Сега може да се избере меѓу готови дизајни, што уште повеќе го забрзува
создавањето на презентации. Меѓу страниците на презентацијата може да постојат анимации на премин.
Тие можат да се изберат со десен клик на страницата во левата листа на страници и избор на Slide
transition.

Тука повторно, можете да изберете некој тип на ефект, времетраењето и други опции. И тука е многу
важна опција начинот на почетокот на ефектот (т.е., транзицијата кон следната страница). Тука има избор
помеѓу преоѓање со клик на глувчето (On mouse click) или по извесно време (Automatically after).
Повторно, не претерувајте со ефектите, особено не со звук. Исто така, постои и команда која избраниот
ефект го припишува на сите страни (Apply to All Slides).
Бази на податоци

Основната дефиниција на базите на податоци е дека тие се регулиран збир на податоци со правилна
структура. Во пракса , тоа значи дека податоците во рамките на една база на податоци се поставени
точно на одредено место, со одредени симболи. Целта на базите на податоци се самите податоци, или
поточно, нивната обработка и класификација. На пример, обидете се да ги напишете сите телефонски
броеви што ги користите, заедно со информациите за сопственикот, во еден Word документ, како обичен
текст. И да напишете повеќе од 200 броеви, заедно со дополнителните информации (комплети), сепак,
можете релативно лесно да се снајдете во таква листа. Но, замислете дека сега имате повеќе од 10.000
комплети на такви информации. Како би нашле некој одреден број, особено ако знаете само еден дел на
информациите (на пример , име или адреса )? Сите овие едноставни, но исто така и посложени,
проблеми се решаваат со помош на бази на податоци, кои ни дозволуваат да ги уредуваме податоците,
без оглед на нивниот број.

Во Office пакетот, Access е наменет за креирање и манипулирање со бази на податоци. Тој му припаѓа на
типот на релациски бази на податоци.

Самите податоци се чуваат во табели слични на оние во Excel, а потоа табелите се поврзани преку
логички релации. Со цел да се дознае некоја информација, се создава посебен вид на пребарување
(query), кое ги пребарува податоците по критериуми што се однапред зададени и ги прикажува
резултатите. Употребата на query за пребарување е само наједноставен пример на употреба на бази на
податоци , бидејќи со нивно користење може да се извршат сите математички операции (синтаксата е
донекаде слична на Excel) и многу форми на сортирање и обработка на податоците.

Денес, базите на податоци се столбот на која било обработка на податоци и анализа, но го овозможуваат
и функционирањето на современиот Интернет.

Графички приказ на релациите во една мала база на податоци


Веб прелистувачи (web browser-и)

Овие програми се наменети за прегледување на веб страни. Спрема застапеноста, во моментов


најпопуларни програми се Opera, Internet Explorer (во натамошниот текст IE), Firefox, Safari и Google
Crome. Покрај овие програми, исто така треба да се спомене Netscape, кој иако во моментов малку
присутен, бил некогаш најшироко користен веб прелистувач. Секој прелистувач има свои добри и лоши
страни , па корисникот одлучува кој ќе користи и со кој неговата работа ќе биде најудобна.

Интерфејс, предности и недостатоци

Иако на прв поглед овие програми се визуелно слични, тие се разликуваат по способностите,
можностите за додатоци, стабилноста и многу други фактори.

IE доаѓа со Windows, а исто така може да се преземе бесплатно од Интернет. Поради тоа што е дел на
најпопуларниот оперативен систем, има најголема база на корисници. Firefox неодамна стана многу
популарна замена за IE, бидејќи ги решава некои од неговите главни недостатоци, како што се брзината
и значајните слабости кои водат до големи проблеми со компјутерски вируси, што го загрозува
функционирањето на целиот оперативен систем.

За разлика од него, Opera почна да освојува се повеќе клиенти, заради нејзината леснотија на употреба,
брзина , стабилност и можноста за додатоци. Имено, Опера доаѓа со свој e-mail прелистувач, кој е
исклучително лесен за употреба и ги содржи сите потребни опции за еден просечен корисник . Опера, од
верзијата 8.50 , како и другите популарни веб прелистувачи, е потполно бесплатна.

По ред надолу: Internet Explorer, Netscape, Firefox и Opera


Сега, кога се претставени популарните прелистувачи, можат да се претстават и нивните заеднички
делови. Секој прелистувач всушност поседува едноставни контроли: Address bar каде се внесува
Интернет адресата, икони за Back - назад (враќање на претходната страна), Forward - напред (враќање на
следната страна) и Stop - стоп (икона за запирање на секаква активност на прелистувачот). Сите други
команди се сметаат за напредни.

Прелистувачи за e-mail

Друг тип на пребарувачи се пребарувачи за електронска пошта (e -mail).

Креирање на електронска пошта

Изгледот на програмата за електронска пошта е различен, но стилот на нејзиното пишување и основните


елементи не се променети веќе 20-тина години. Како и со вистинската пошта, за успешно да се испрати
пораката треба да се напише кому таа порака оди. За тоа служи полето To:; тука се внесува e -mail
адресата на личноста на која се испраќа пораката (адресата е во форма ime@nekade.com). Полето Subject
служи да се внесе предметот на пораката (краток опис на содржината на пораката/насловот). Останатиот
простор е резервиран за самата порака (на сликата тоа е просторор со сина боја).

Интерфејс, предности и недостатоци

Постојат голем број на прелистувачи, кои се наменети за различни групи на корисници. Ова е всушност
еден од критериумите кога се одлучува кој ќе се користи. Дали е потребен прелистувач само за е-пошта
(на пример М2, кој е дел од Opera) , прелистувач за e-mail и адресар (Outlook Express), или е потребен
прелистувач кој има напредни функции на адресарот, меморандум, календар итн (Outlook). Секој од
овие прелистувачи е меѓу најдобрите, ако не и најдобар во својата категорија, па единствениот
вистински совет при изборот на прелистувач е да се избере оној, чии опции ќе бидат најдобро
искористени.
По ред надолу: Outlook express, Opera M2 и Outlook
Графички програми

Програмите од оваа група се наменети за цртање, обработка на слики и дизајнирање. Постојат два
формата на графички датотеки: векторски и растерски. Модерните графички програми не се стриктно
векторски или растерски, туку се способни да манипулираат со двата типа на дадотеки.

Формати

Векторските формати на сликата, како што се нпр. .cdr на Corel, .fla на Flash, или .dwg форматот кој го
користат различни CAD програми, користат графички елементи кои се опишани со математички равенки.
Тоа првенствено овозможува помали големини на дадотеки, но овозможува и намалување и
зголемување на сликите (или некои нејзини делови) без губење на квалитетот на сликата. Негативна
страна на овој формат е намалената можност точно да се прикажат реалните предмети. Векторските
цртежи се употребуваат во техничко цртање, припрема за печат, анимации на Интернет, кои мораат да
бидат многу мали.

оригинална растерска форографија векторска верзија на истата фотографија

За разлика од векторските, растерските формати се “вистински слики”, во смисла да можат точно да ги


прикажат реалните објекти. Растерската слика се чува во форма на матрица на битови (податоци, во овој
случај точки), во која секој бит е опишан со информации за позицијата, боите и осветлувањето. Еден од
најзначајните растерски форми е .bmp (битмапа, односно матрица на битови).

Негативната страна на овие формати е нивната големина.Проблемот со величината на дадотеките се


решава со отфрлање на непотребните елементи. Посебните варијации на растерските формати, што се
.jpg или .gif, можат значително да ја намалат величината на сликата со отфрлање на деловите кои
помалку влијаат врз квалитетот на сликата.

Вектроски програми

Постојат повеќе векторски програми (како и растерски). Најпознати се Corel Draw и Adobe Illustrator,
бидејќи ги содржат сите елементи и алатки кои се потребни за создавање и работа со векторските
формати.

Corel Draw и Adobe Illustrator имаат доста сличен интерфејс и алатки, а разликите меѓу програмите се во
опциите со кои може да се манипулираат предметите и во некои аспекти на начинот на кој програмите
функционираат. Тешко е да се каже дека еден програм е подобар од другиот, зошто секој од нив има
некои лоши и некои добри особини, а изборот е на корисниците кои одлучувааат кој програм повеќе им
одговара. Како и кај повеќето професионални програми, корисниците се одлучуваат за еден од
програмите заради навиките во работата.

Corel Draw Adobe Illustrator

Двете програми имаат исклучителна способност за работа со текст и разни геометриски облици. Типични
примери на работи кои се работат со овие програми се техничкото цртање, создавање разни елементи
за печатење, како визит карти, брошури, насловници на книги и т.н.

Посебна група векторски програми се оние за векторска анимација, како што е Macromedia Flash. Flash
служи за создавање анимација и навигациски елементи за web страници кои се базирани на векторски
елементи. Поради тоа, анимациите се многу мали и многу брзо се извршуваат, дури и на постарите
компјутери.
Macromedia Flash

Сите овие програми може да му послужат секому за некои основни задачи, ама за било какво нивно
напредно користење (чисто заради големиот број опции), потребно е одредено време за учење.

Растерски програми

Изборот на растерски програми е уште поголем од изборот на векторски, посебно во последните


неколку години кога и дигиталната фотографија многу напреднала и се јавува се поголема потреба за
домашна обработка. Типични примери за растерски програми се Adobe Photoshop и Corel Photo-Paint.
Повторно изборот меѓу овие програми го прават корисниците, бидејќи секој од нив има свои добри и
лоши карактеристики. Секој од програмите има голема група алатки за различни намени и голема група
на филтери, со помош на кои се работат ефекти и измени на фотогорафиите.
VISIO

Основна намена на програмата Visio е изработка на технички цртежи. Иако постојат различни програми
кои имаат слични намени, Visio е дел од Office пакетот и со останатите програми има сличности, што
овозможува корисниците кои работеле со останатите програми во пакетот, брзо да се префрлат на Visio.
Една од основните предности на Visio програмата е големата база на готови форми (Shapes). Базата
содржи голема лепеза на различни готови форми (од геометриски форми до делови на индустриски
погони и опрема) кои може да се бираат спрема потребите. Употребата на готови елементи значително
го забрзува процесот на создавање на различни технички цртежи.

Нов документ

Кога програмата ќе се отвори, веднаш се нуди избор на категоријата на која припаѓа цртежот кој се
работи. Ако се одбере некоја од категориите, програмата сама ќе ги отвори соодветните готови форми
(Shapes). Алтернативно, корисникот може сам да отвори нов документ со наредбата File>>New>>New
Drawing. Во тој случај, тој сам избира која готова форма (Shapes) ја сака. Основните параметри на
документот може да се постават со наредбата File>>Page Setup. Од најважните опции, тука е изборот на
големина на работната површина (под Print Setup и/или Page Size) и изборот на размер. Размерот во
принцип не е толку битен кога се цртаат едноставни форми, блок,дијаграми или нешто слично (во тие
случаи може слободно размерот да се стави 1:1). Но, размерот почнува да биде битен кога се црта нпр.
нацрт на индустриски погон. Кога еднаш се избере размер кој одговара, секој готов елемент кој се
употребува ќе биде автоматски префрлен во тој размер и тоа без потреба за дополнителни подесувања.
Секој документ, како и кај Excel, може да има повеќе листови. Нов лист (нова страница) се додава со
наредбата Insert>> New page.
Shapes (готови форми)

Готовите форми се една од најважните особини на Visio програмата, која овозможува значајно
забрзување и олеснување на целиот процес на цртање, нпр. не е потребно да се црта некој стандарден
дел од индустриската опрема (како што се вентили, пумпи, вентилатори) бидејќи тие се дел од базата на
форми и доволно е само да се употребат.

Готовите форми се поделени во повеќе категории кои се достапни со наредбата File>>Shape. Потребно е
само да се избере потребната категорија (или повеќе) за понатамошна работа.

Кај употребата на готовите форми важно е да се знае дека тие се влечат од нивното место на работната
површина. Ако се сака да се употреби одредена форма, мора да се кликне формата со левото копче на
глувчето, да се држи копчето притиснато и да се одвлечете формата на работната површина. Дури потоа
со таа форма може да се манипулира.

За пример се зема правоаголник кој се наоѓа под Basic shapes во Block diagram делот на менито Shapes.
Кога ќе се одвлече на работната површина, може со него да се манипулира. Начинот на манипулација со
објектите е сличен со останатите програми на Office пакетот и другите графички програми. Кога ќе се
кликне на објектот со левото копче на глувчето, ќе се појави опција за смалување, ротација и
зголемување. Кога ќе се кликне на објектот со десното копче на глувчето, ќе се појави опција за
обработка на тој објект. На пример, ако е потребно да се смени бојата на објектот, доволно е да се
кликне десен клик и да се избере Format>> Fill и ќе се појави мени со сите потребни опции.
Внес и обработка на текст

Внесот и обработката на текст се многу слични со останатите Office апликации. Доволно е да се одбере
Text tool и да се кликне негде на работната површина. Ќе се појави празен простор во кој се впишува
саканиот текст.

Друг начин за внес на текст е двократен клик на било која готова форма. Формата со тоа се селектира,
потоа десен клик на глувчето и се избира “Format text”. Сите опции поврзани со обработка на текст треба
да се познати од предходните поглавја.

Поврзување формите со линии

Понекогаш е потребно поврзување на одредени форми со линии, за да се означи нивната поврзаност.


Постапката во принцип е едноставна. Се создаваат форми кои треба да се поврзат и се избира Connector
Tool. Се клика лев клик на глувчето на работ на почетната форма и се повлекува линија - се до работ на
завршната форма. Изгледот на линиите може да се дефинира, како и се останато во програмата, со десен
клик на линијата и од менито Format се избира наредбата Line.
Компјутерски мрежи

Историски развој

Во раниот развој на компјутерската ера, кога имало само неколку компјутери (кои сo своите димензии,
трошоци за развој и одржување биле достапни само за мал број на елитни истражувања - и цивилни и
воени), концептот на размена на информации помеѓу компјутерите бил само дел од некоја теоретска
дискусија без никаква практична цел. Сепак, развојот на технологијата (првенствено развојот на
микропроцесорот) ја зголемува улогата и она што е повеќе битно, бројот на компјутери во употреба, па
почнува да се шири идејата за размена на информации помеѓу два или повеќе компјутери. Како и
повеќето нови технологии, првата употреба на оваа идеја била за воени цели. Во екот на Студената
војна, американската војска го создала системот на компјутери во својот командантен центар со кој се
поврзани првите облици на мрежата технологија. Нивната цел бела далеку од истражување. Имено,
најважната карактеристика на таквите мрежи (и оваа функција се уште е основниот принцип на
организација на мрежна конекција) била да податокот е поделен на неколку делови ("пакети") за да се
дојде до дестинацијата на различни начини. Ако еден пакет не пристигне на дестинацијата (во случај да
патот по кој е тргнат е блокиран), компјутерот кој прима податоци едноставно праќа барање за нов пакет
(што може да пристигне на некој друг начин). Ова значи дека дури ако некоја од патеките е прекината,
податоците се уште имаат добри шанси да стигнат до целта (идејата на системот е одржување на
синџирот на команда во случај на нуклеарен напад).

Првaта цивилна мрежа, наречена ARPA-net, започнала со работа кон крајот на 1969 година и се
користела за да се поврзат 4 универзитети во Калифорнија, Стенфорд и Јута. Првата јавна демонстрација
била во 1972 година, кога на јавноста и е овозможено полесно истражување, на тогаш веќе проширена
мрежа, преку компјутери во Вашингтон. Во текот на следните 20 години мрежата се ширела и
технолошки напреднала, заедно со слични проекти и во Европа и Јапонија, што резултирало во
создавањето на интернетот каков што го знаеме денес.

Поделба на компјутерските мрежи

Поделбата на компјутерските мрежи може да биде по неколку критериуми. Ако се делат мрежите
според меѓусебното растојани не компјутерите, тогаш најзначајни се локалните мрежи (LAN - Local Area
Network) и мрежите со широк опсег (WAN - Wide Area Network). За WAN мрежите најважен претставник е
самиот Интернет.

Кај начинот на поврзување, доминантни се два приоди. Компјутерот може да комуницира преку сервер,
во кој случај на барањата за информации се испраќаат кон серверот, серверот манипулира со нив
(испраќа понатамошни барања кон други сервери, ги обработува податоците со некоја апликација, итн)
и ги праќа резултатите назад кон компјутерот од кој барањето е добиено. Овој метод на комуникација е
начинот на кој функционираaт Интернетот и WAN мрежите. Другот метод на комуникација е директен,
односно компјутерите помеѓу себе комуницираат директно, како рамноправни делови на мрежата (Peer
To Peer - рамноправна комуникација).
Peer To Peer (или P2P ) мрежите се многу популарни за размена на датотеки (аудио, видео, софтвер),
какви што DC (Direct Connect) или Exeem. Спротивно на тоа, програмите како што се Е-donkey и E-mule
користат сервер структура заради поголема база на клиенти, но со намалување на брзината.

P2P структурата во голема мерка се користи во помали мрежи, или во случај кога се знае точно каде се
наоѓа некоја информација. Многу е важна и физичката структура (или топологија) на мрежата.
Компјутерските мрежи можат да бидат поврзани на многу начини. Наједноставниот начин е директно
поврзување со ист компјутерски кабел (Bus Network). Ваквата структура е обично присутна во мали и
привремени мрежи и многу брзо се поставува. Недостатоци на овој пристап се: сите компјутери ја
користат истата комуникациска линија, комуникациската брзината се намалува со зголемување на бројот
на компјутери во мрежата и неправилности на кабелот ја ослабуваат или оневозможуваат работата на
мрежата.

За да се избегнат недостатоците при создавање на поголеми и постојани мрежи, се користи разгранета


топологија, во форма на ѕвезда или во форма на матрица, која е многу постабилна, побрза и економски
поисплатлива.

Протоколи

Протоколи се всушност делови од компјутерски код кој содржи инструкции за тоа како да се постапува
со некој податок или датотекa и што да се прави со нив во мрежна околина. Протоколите се
универзални, односно во мрежа може да се поврзaт компјутери со различни оперативни системи и со
различна структура (на пример, преку мрежата може да биде поврзан некои PC и Apple). Да не постои
таа универзалност на протоколите, големите мрежи, како Интернет, не би можеле да постојат.

Хиерархиски приказ на најважните мрежни протоколи

IP
Интернет протокол (IP) е основниот метод на комуникација помеѓу два компјутера. Тој е одговорен за
праќање и примање пакети на податоци, но нема контрола врз квалитетот на преносот. Со други
зборови, протоколот не гарантира дека некој пакет, или група на пакети, ќе пристигнат до нивните
дестинации без грешки. Ако апликацијата бара гаранција, тогаш мора да се користи TCP.

Друга важна улога на Интернет протоколот е да се одреди IP адресата на компјутерите поврзани во


мрежа. IP адреса е уникатен број на секој компјутер кој се користи за идентификација (нешто слично на
единствен матичен број).

На пример, IP адресата на Меѓународниот Славјански Универзитет е

TCP

TCP (Transmission Control Protocol) е дополнителен дел на IP протоколот и е одговорен за правилни и


побрзи праќања и примања на податоци. TCP обезбедува контрола врз квалитетот на податоците и
обезбедува решавање на проблемите кои се случуваат ако одреден пакет на податоци не пристигне на
дестинацијата.

FTP

File Transfer Protocol - протокол за транспорт на датотеки. Ова е множество од команди кое овозможува
споделување на датотеки помеѓу оддалечени компјутери. Овој протокол е дел од TCP, наменет
исклучиво за пренесување на датотеки помеѓу два оддалечени компјутери и обезбедува силна контрола
на квалитетот (ваква силна контрола е потребна бидејќи што поголема е датотеката, се зголемува
можноста за грешки поради губење на податоци), а истовремето и голема брзина на пренос на
податоците.

HTTP

HTTP (HyperText Transfer Protocol) е дел од TCP, кој е најодговорен за трансфер на податоци на Интернет.
Неговата главна улога е давање и извршување на барањето. Наједноставен пример за ова е
секојдневното прелистување на веб страници. Прелистувачот испраќа барање за некоја страница на
серверот каде што се наоѓа страницата (тоа се случува кога ќе ја напишете адресата на страницата, или
кога ќе кликнете на линкот). Серверот тогаш ѓи пронаоѓа потребните податоци и ги испраќа назад до
прелистувачот.

POP / Mail (SMTP)

Овие се протоколи кои се користат за испраќање (SMTP) и примање (POP) e-mail пораки.

E-mail

Една од најраспространетите методи на модерни комуникации е сигурно e-mail. Како и многу добри
пронајдоци, e-mailот се појавил сосема случајно, како нуспроизвод од напорите за забрзување на
комуникација помеѓу луѓето и компјутерите. Како компјутерските мрежи почнале брзо да се развиваат,
се барале ефикасни начини за испраќање на пораки (т.е. инструкции) на оддалечени компјутери и така
се создале првите форми на e-mail пораки и протоколи кои ги контролираат. Но, многу брзо луѓето
започнале да комуницираат меѓусебно со e-mail пораки, и оттогаш овој начин на комуникација се шири
многу брзо.

Технологии на поврзување

Под овој термин сместени се технологии кои се користат за создавање компјутерски мрежи, но и за
моментално поврзување два компјутери или компјутери со други уреди.

Enthernet (LAN/WLan)

Терминот Ethernet вклучува протоколи (софтверска страна) и физички уреди (хардверска страна) за
поврзување на компјутери во мрежа. Ова е најраширениот и најдобар начин на градење издржливи и
стабилни мрежи, но е доволно флексибилен, што овозможува моментално (привремено) да се поврзат
два компјутери во случај, на пример, да треба да се префрли нешто од еден компјутер на друг.

Во повеќето случаи поврзувањето е многу едноставно, ако компјутерите го поседуваат потребниот


хардвер. Само се поврзува кабелот и оперативниот систем треба да го стори останатото (Ethernet
технологијата е развиена пред појавата на компјутери за домашни корисници и е толку распространета,
што е составен дел на сите современи оперативни системи). Со развојот на технологијата возможно е и
безжично поврзување на компјутерите. Оваа поврзаност се нарекува WLAN (Wireless Local Area Network -
безжична локална мрежа) и од LAN се разликува само по тоа што сигналите не се пренесуваат преку
жица од, туку по пат на радио фреквенции.

IR

Ова е комуникација базирана на инфрацрвени фреквенции. Овој тип на комуникација е одомаќен веќе
неколку децении кај далечинската контрола на апаратите за домаќинство. Во последните години, оваа
технологија се применува за пренос на податоци на кратки растојанија, особено помеѓу уредите како
што се мобилни телефони и компјутери. Примарните недостатоци на технологијата се малиот домет и
тоа што меѓу уредите не смее да постои пречка, т.е. мора да постои оптичка видливост - "line of sight"
(што е разбирливо, бидејќи станува збор за трансфер на податоци по пат на светлост).

Bluetooth

За разлика од инфрацрвената конекција, Bluetooth за комуникација користи радио бранови, што


обезбедува зголемен опсег и намалено влијание на пречките (без "line of sight"). Bluetooth е развиен од
страна на компанијата Ериксон во 1997 година, за потребите на комуникација помеѓу мобилни телефони
и компјутери (и подоцна помеѓу мобилни телефони и разни додатоци за нив). Денес, оваа технологија
широко се користи за поврзување различни уреди од мобилните телефони и компјутери, преку
периферни компјутерски уреди (глувчиња и тастатури), до принтери и дигитални камери.

Интернет
HTML

HTML (HyperText Markup Language) не е протокол, туку програмски јазик, на кој се напишани веб
страните. Тој постои заради универзалноста на Интернетот. Вообичаено е дека датотека создадена во
еден оперативен систем не е читлива во друг. Доколку веб-страните би се создавале само за еден
оперативен систем, тоа би било во спротивност со универзалноста на Интернетот. За да не се случи тоа,
тука е HTML, кој е еднакво читлив на сите оперативни системи.

Историјат на Интернетот

Корените на Интернетот се во ARPANET, американскa одбранбена мрежа создадена во 1969 година.


Првата TCP/IP мрежа е направена на 1 јануари 1983, така што овој датум е земен за датум на
создавањето на Интернетот. Во тоа време Интернетот можеле да го употребуваат универзитетите,
војската и некои други државни организации во САД и бил наречен NSF (National Science Fondation =
Национална научна фондација). Интернетот се нашол во комерцијална употреба дури во 90-тите години.

Во август 1991 година CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот
World Wide Web, а две години подоцна се претставени и HTTP протоколот и HTML кодот. Беше создадено
првото мрежно место на CERN. А веќе во 1993 година беше создаден и првиот графички
пребарувач Mosaic web browser 1.0. Во 1996 Интернетот веќе станал популарен и започнал да се
употребува за комерцијални и приватни потреби. Така што, според последните статистики направени
на 1 јануари 2006 год., Интернетот го користат една милјарда луѓе.

Интернетот претставува множество од служби кои работат врз поврзани сметачки мрежи низ целиот
свет, со што се овозможува брза размена на информациите, односно податоците, преку
постоечките телефонски линии.

Англискиот поим „интернет“ е добиен како кратенка од INTERnational NETwork - INTERNET што во превод
би значело меѓународна мрежа. А во неа се вклучени милиони луѓе од светот.

Интернетот како мрежа постои веќе триесетина години, меѓутоа со појавата на WWW Интернетот станува
она што го знаеме денес.

Во почетокот на Интернетот било комплицирано барањето на податоци, корисниците биле принудени


рачно да ги испишуваат наредбите. Поголем број корисници не сакале или не ги знаеле наредбите.

Затоа во 1989 година Тим Бернерс-Ли од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија
CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на
податоците помеѓу луѓето, т.е. сѐ уште само на научниците бидејќи 1989 година сеуште немало голем
број на домашни сметачи и имало многу мал број на корисници на Интернетот.

На крајот на 1990 година почнал да се развива и самиот проект WWW. Започува со развој на првата
програма за пристап на Интернетот со едноставно име WWW. Оваа програма работела со текстуално
пребарување. Кон крајот на 1992 година, веќе постоеле 50тина сервери за WWW. Набрзо е напишан и
првиот прегледувач со графички приказ Viola, а напишана е и првата верзија на HTML (Hyper Text Marcup
Language), толку поедноставна од денешната, но постоењето на хипер врски за поврзување на
документите овозможува лесно пребарување и сосема доволна достапност на информациите.

Почетокот на 1993 година Marc Andreessen од NCSA (National Center for Supercomputing Applications)
напишал и друг таков пребарувач, наречен Mosaic. Marc 1994 година основа фирма Netscape
Communications и покрај Тим Бернерс се смета за најзначаен човек за развојот на WWW.

При крајот на 1994 година, проектот за развој на WWW го презема Конзорциумот W3 кој заеднички го
основале CERN и MIT (Massachusetts Institute of Technology).

1994 година еволуира и HTML кој во верзијата 2.0 донесува поддршка за некои клучни новини како што
се: формулари и обрасци. Истата година излегува и првата верзија на Netscape кој донесува една многу
важна новост, прикажување на JPEG слики (другите прелистувачи биле ограничени само на GIF-ови).

1995 година Netscape излегува со верзијата 1.1 и воведува додатни новости, меѓутоа надвор од
важечките стандарди за HTML јазик. Внесува свои тагови, како што се оние за позадини и табели. Иако
ова предизвика бројни расправи за исправноста на таквата постапка, Netscape-овите ознаки почнуваат да
владеат на мрежата.

1995 година излегуваат и Windows 95 од фирмата Microsoft, која тоа време не беше свесна за важноста
на Интернетот, па поради тоа, како додаток, исфрла слаба верзија на Internet Explorer прелистувач.

1996 година Netscape исфрла верзија по верзија, на што Microsoft одговара со Internet Explorer 2.0, кој
најавува создавање на уште еден моќен прелистувач, јака конкуренција на популарниот Netscape.

После неуспешни стандардизации на HTML 3.0, W3 дига раце од HTML, за после излегување на Internet
Explorer 3.0, кој е многу подобар од истобројната верзија на Netscape, да се врати на следењето на
развојот на HTML стандардот, по што излегува HTML 3.2.

1997 година излегува четвртата верзија на HTML јазикот, а на пролет истата година, двете фирми
исфрлаат свои пребарувачи со бројот 4.0.

1998 година под надзор на W3 конзорциумот, конечно излегува HTML 4.0 во три подверзии:

 HTML 4.0 Strict – наменет за употреба на каскадни стилски страници (CSS);


 HTML 4.0 Transitional – има презентациски можности и
 HTML 4.0 Frameset – за употреба на рамки

19 декември 2000 година W3 конзорциумот официјално ги издава xHTML 1.0 стандардите.


Домени и адресирање

Секој мрежно поврзан компјутер има свој уникатен идентификациски број. Тоа е неговата IP адреса.
Иако тоа е неопходно за правилно функционирање на софтверот и самите компјутерски мрежи, на
луѓето не им е баш практично да памтат бесмислени низи на броеви. За решавање на овој проблем
развиен е системот на домени, кој служи како начин за полесно памтење на Интернет адресата. Секако е
полесно да се запамети www.google.com отколку 173.194.35.131.

За да функционира системот, потребни се компјутери кои содржат информации за IP адресата на


компјутерот и неговиот еквивалент на доменската адреса. Нив ги има многу затоа, што секој мрежно
поврзан компјутер помни кои адреси ги посетил. Меѓутоа, ниту еден сервер ги нема адресите од сите
домени, бидејќи тоа е апсолутно невозможно. Сепак, серверот е програмиран така да активно бара
адреса за која примил барање. На пример, ако се сака да се пристапи на страната
www.mindwaredesign.com, компјутерот од кој се сака да пристапи на страната не ја знае нејзината
адреса, па праќа барање до серверот на Интернет провајдерот, ни тој сервер не ја знае точната адреса,
но ја знае адресата на серверот кој ја има оваа информација. Резултатот од оваа потрага (што може да
помине низ неколку десетици сервери, а трае само секунда или две) се праќа назад на почетниот
компјутер, кој потоа комуницира директно со бараниот сервер и веб-страницата започнува да се вчитува.

Адресите се формирани слично како и поштенските адреси: име, презиме, улица, број итн. Знаеме дека
кога патува некое писмо, прво се гледа државата, потоа местото, улицата, бројот и на крајот името на
примачот. Слично е и во Интернетот. Секоја држава има своја единствена меѓународна адреса т.е.
кратенка наречена код. На пример, кодот за Македонија е .mk за Грција .gr за Франција .fr, Велика
Британија .uk итн. Кога патува некое писмо, откако ќе ја видиме државата потоа го бараме местото. Но
бидејќи во секоја држава има многу различни места, адресите на Интернетот не се земени по места туку
по дејности, бидејќи дејностите , како што се образование, стопанство, управа итн. ги има во секоја
држава. Овие дејности се наречени домени. Во Интернетот постојат 6 домени. Нивните имиња се
кратенки од англиското име за дејноста и тоа:

 - edu – за образование
 - com – за стопанство
 - gov -- за управни органи и установи
 - mil – за војска
 - org -- за непрофитни организации
 - net -- за сметачки мрежи

За улица се земени организациите и подорганизациите во дејноста. Така, во образованието во


Македонија постојат повеќе организации и подорганизации како што се универзитетите и факултетите.
На пример името на гимназијата „Јосип Броз - Тито“ на Интернетот е јбт, а на некоја гимназија е ДСУ.
Овие имиња всушност се имиња на поддомени. На пример некој студент на некој фалкултет си дал
Интернетот име Гоце тогаш неговата адреса е goce@jbt.dsu.edu.mk. Знакот @ (мајмунче) означува
припадност, што значи Гоце припаѓа на, односно е поддомен на jbt.dsu.edu.mk овој домен е под-домен
на dsu.edu.mk, кој пак е под домен на доменот за образование edu.mk, а тој е поддомен на доменот mk,
кој е поддомен на Интернетот.
Структура на Интернетот и поврзување

Основната карактеристика на Интернет (освен големината) е неговата структура во која нема централен
сервер или точка на спојување. Интернетот работи на принципот "сите поврзани на сè" што значи да се
се поврзе со компјутер не е потребно директно да се поврзе со него, туку доволно е "да се најде"
компјутер во близина на него, а тој потоа ќе се поврзе со саканиот компјутер (а со тоа и првиот преку
него). Во пракса, на пример, кога некој сака да погледне некој веб-сајт, неговите податоци (во двата
правци) ќе патуваат низ повеќе од 20 точки, за да дојдат до компјутерот на кој е страната, а потоа
повторно да се вратат.

Насочување на пакети по пат на разни степени (слоеви) на Интернет сервери.

Поврзувањето најчесто се врши преку посредник, таканаречен провајдер. Тоа е фирма која обезбедува
Интернет така што корисникот го поврзува со другите провајдери, од другите земји од светот.
Провајдерот располага со брз сервер и со специјална опрема, а за своите услуги наплаќа од
корисниците. Корисниците е потребно да си купат ИП адреса односно корисничко име и лозинка со кои
ќе можат да се поврзат на Интернетот. Во Македонија постојат разни провајдери, меѓу кои МТ-
нет, КејблТел, Оне, У-нет, Теле-кабел, Мол, Цкѕстар и многу други.

Постојат различни начини на поврзување на Интернетот, и тоа:

 на бирање (dial-up) врска со брзина до 54 кБ/с


 ISDN со брзина до 128 кБ/с
 ADSL со брзина до 8 кБ/с
 кабелски со брзина до 10 Мб/с
 Сателитско Интернетот (сообраќај само во еден правец, преземање) до 16.000 Мб/с
 wi-fi (бежична врска) со брзина до 300 кБ/с

Иднината на Интернетот

Структурата на денешниот Интернет е развиена пред 40 години и, иако сеуште продолжува да


функционира добро, постои потреба да се развијат нови технологии кои ќе му овозможат многу побрза и
постабилна работа на Интернетот во иднина. Интернетот првично бил развиен за размена на текстуални
датотеки и податоци. Сите други форми на мултимедијални содржини, со кои се карактеризира
Интернетот денес, се всушност само надополненија на основниот скелет.

Развојот на Интернетот е поделен во два правци, од кои првиот се занимава со брзината на трансферот
на податоци. Тоа е здружен проект на повеќе од 100 универзитети во светот и се нарекува Интернет 2. Во
времето на дизајнирање на првите компјутерски мрежи и малку подоцна и на самиот Интернет, се
претпоставувало дека за некој значителен напредок во брзината (а овие претпоставки произлегуваат од
времето кога просечната брзина на пренос на податоци била околу 3KB/s) ќе биде потребена сосема
друга физичка структура на мрежите. Таа претпоставка е точна, но испаднало дека старата технологија,
базирана на бакарни проводници, е многу поотпорна отколку што се чинело пред неколку децении. Но,
со брзиот раст на мултимедијалните содржини на Интернет, комуникацијата базирана на бакарни
проводници го достигнала својот лимит. Тоа била главната причина за започнување на проектот
Интернет 2. Во 1996 година започна да се создава една нова мрежа наречена Интернет 2, односно 200
универзитети формираа непрофитна организација (UCAID) The Unuversitis Corporation for Advanced
Internet Development, и уште 20 најјаки ИТ компании во светот како: Microsoft, HP, IBM, Sun microsustem,
Red Hat и многу други се поврзаа и направија супер брза мрежа наречена Аблине. Сите овие фирми,
универзитети и други државни установи денес се поврзани со Интернет 2, односно со врска брза 10 ГБ/с,
врска 150.000 пати побрза од денешната. Така на пример еден двд филм од 4 ГБ може да се симне за 5
секунди. Корисници на оваа мрежа можат да бидат само организации членки на Интернет 2, односно
оние кои ќе придонесат за развој на оваа мрежа, а членство на физички лица не е дозволено.
Партиципацијата чини 50.000 долари годишно.
Друг правец на развојот е поврзувањето на податоци и содржини. Првобитната идеја за создавањето на
HTML кодот е поврзување на сите достапни податоци. Поради некои технички ограничувања, HTML
страниците содржат само одредени делови (линкови) кои се поврзани со други веб страници и/или
содржини. Еден од проектите на универзитетот во Манчестер се обидува тоа да го поправи. Идејата на
проектот е да се создаде технологија која овозможува секој збор на некоја страница да биде поврзан со
нешто (било тоа друга страница, речник, база на податоци или сите од овие можности одеднаш). Многу
важен резултат од овој пристап може да биде конвертирање на пасивните корисници (т.е. поголемиот
дел од Интернет корисниците кои користат само информации, но во никој случај не создаваат) во
активни. Корисниците, всушност, ќе бидат во можност да креираат врски помеѓу концепти и содржини, а
со тоа се во можност да создадат нови содржини. Иако овој проект, и сличните на него, се во рана фаза,
јасно ја означуваат едната од насоките во која Интернетот во иднина би можел да се развива.

Опасност и заштита

Бројни се примерите низ човековата историја на злоупотреба на технологијата. Ништо подруго не е и со


компјутерските технологии, а посебно со оние врзани за комуникациите. Компјутерското доба донесе со
собе голем пораст на количините на добиени информации, а со тоа и потреба за нивната заштита,
бидејќи веќе денес одредени аспекти на животот (нпр. финансиски) постојат само како виртуелни
информации, без визстински, опипливи трагови. Баш заради осетливоста на ваквите и сличните
информации и опасностите кои се се поприсатни, мора да се преземат барем основните мерки за
заштита.

Вируси, црви и spyware

Ова се имињата на поголемиот дел од деструктивните програми или парчиња на код, кои добро ги
имитираат своите биолошки имењаци.

Вирус е самореплицирачка програма, чија цел е уништување на податоци и/или нивни модификации. Тој
дејствува како биолошкиот вирус. Кога го "инфицира" компјутерот (преку e-mail, некои од медиумите
или на друг начин) прво се множи и се обидува да зарази што поголем број компјутери. Повеќето вируси
ќе влезат во e-mail пребарувачот и ќе испратат свои копии на сите луѓе во адресарот и ќе се обидат да се
прошират и на други компјутери, ако "заразениот" компјутер е во мрежа. А потоа ќе почнат да ги
извршуваат своите задачи, што во повеќето случаи значи бришење на податоците или уништување на
оперативниот систем.

За разлика од вирусите, на кои им е потребна друга програма за развој и размножување, црвите се


автономни и значително посложени програми, кои можат да се прилагодат на своето опкружување.
Можат на себе да носат неколку потпрограми кои потоа ги отпуштаат за да ја завршат својата мисија, која
е во повеќето случаи многу деструктивна. Дури и ако немаат некои дополнителни потпрограми и ако
сами не делуваат на системот кој го заразуваат, нивното размножување е голем проблем, бидејќи ја
забавува работата на мрежата преку која се шират.

Повеќето автори на црви и вируси ги искористуваат слабостите во оперативните системи (првенствено на


Windows), за да произведат поуспешни програми и затоа еден од најдобрите совети за заштита (заедно
со неотворањето на e-mail прилози од непознат испраќач) е редовно да се инсталираат сите нови
ажурирања на оперативниот систем. Во овој случај, тоа очигледно го намалува ризикот од заразување.

За разлика од деструктивната природа на вирусите и црвите, spyware има само задача да прибира
информации, но работи без знаење и дозвола на корисникот. Главната цел е собирање на личните
податоци на корисникот, како што се имиња, адреси, броеви на кредитни картички, итн.

Антивирусни програми
Овие програми се специјално дизајнирани за борба против вируси, црви и други опасни програми.
Многу е битно секој компјутер има антивирусна програма (и покрај тоа што повеќето се плаќаат, постојат
и многу добри бесплатни верзии) и таа антивирусната програма да биде редовно ажурирана со
информации за новите вируси, бидејќи само на овој начин може успешно да се спротистави на новите
верзии кои се произведуваат секој ден.

Firewall

Кога ќе се поврзат на Интернет, повеќето корисници никогаш не се свесни дека тие не оствариле една,
туку неколку истовремени конекции. Компјутерот истовремено остварува неколку врски кои му служат
за пренос на податоци, а тие врски можат да се користат од програми за кои никој и не знае дека се
поврзани на Интернет (како spyware или црвите). Уште поголем поголем ризик претставува можноста
некој да "влезе" во компјутерот на некој корисник и да ги користи неговите податоци, или да направи
промени во неговиот систем, а корисникот воопшто да не биде свесен за тоа. За да се спречи оваа
ситуација, постои firewall – огнен ѕид. Firewall е заедничко име за група на програми кои ги контролираат
врските кои ги воспоставува компјутерот и не дозволува нивно неовластено користење (т.е. ги блокира
сите врски, било влезни или излезни, за кои не е дадена дозвола). Заедно со некоја антивирус програма,
firewall-от е задолжителен додаток на било кој компјутер што пристапува на некоја мрежа или Интернет.

You might also like