You are on page 1of 19

Запознавање со програмата за обработка на текст

Наставник: Мирослав Маркоски


Цели на наставната единица

 Да ја активираат програмата за пишување и


обработка на текст (MS Word, и Open Office
writer)
 Да ги препознаваат елементите на прозорецот
на програмата
 Да знаат да определат кои ленти со алатки ќе
бидат активирани односно прикажани
 Да определат кои алатки да бидат прикажани
 Да определат дали линеарите да бидат
прикажани или не
 Да знаат да ја затворат програмата
Обработка на текст
За да може на компјутерот да се пишува и уредува текст, се користат
посебни програми, познати под името уредувачи на текст. Најпознат
уредувач на текст, кај нас, е уредувачот Word на фирмата Microsoft. Затоа,
често се среќава под името Microsoft Word.

Мicrosoft Word го нарекуваме уште и MS Word или само Word. Word


се користи за изработка и за уредување на документите. Изработка на
документ е внесување текст преку тастатурата, а уредување е
определувањето на конечниот изглед на текстот.

Word има многу можности, едноставен е за користење и се учи


лесно. Набрзо ќе можеш да пишуваш состави, песни, писма, да
изработуваш интересни покани за роденденски и за други забави, честитки
за празници, пофалници, дипломи, ќе можеш сам/а да си направиш
распоред на часовите и многу други интересни нешта.

Start →All Programs → MS Office →MS Office Word


Апликации →Канцелариски → Open Office Writer
Работниот прозорец на MS Word
Работниот прозорец на Writer
Елементи на прозорецот
Најголемиот простор го зазема работната површина, која на- ликува на
празен бел лист хартија на кој внесуваш текст.
Насловната лента (title bar) го содржи името на апликацијата и тековниот
документ од левата страна.
Лентата со менија (menu bar) овозможува пристап до сите наредби и
опции во програмата. Менијата содржат наредби групирани според намената.
Стандардната лента (standard bar) содржи алатки со кои се обезбедува
многу побрз пристап до наредбите, како печатење, зачувување и други.
Лентата за форматирање (formatting bar) содржи алатки со кои се
обезбедува многу побрз пристап до наредбите за уредување текст.
Статусната лента (status bar) дава информации за докумен- тот, како што се
позиција на курсорот, број на страниците и број на тековната страница.
Линеарите (rulers) определуваат колкави ќе бидат ширината и висината на
текстот.
Лентите за движење (scroll bars) овозможуваат движење низ текстот за да
ја видиме целата содржина на документот.
Курсорот (cursor) е вертикалната црта што трепка и го опре- делува
местото каде што ќе се внесе текст во документот.
Лентата за цртање (drawing bar) содржи алатки со кои можеш да вметнеш
графички елементи во документот.
Ленти со алатки во MS Word
Ленти со алатки во Writer
Текстуален документот е фајл креиран во
текст процесорот. Може да се состои од една или
повеќе страници. Наставката на документот креиран
во Word е .doc додека на документот во Writer е .odt.
Во програмата може паралелно да се работи со
повеќе документи.
Елементи на мени лентата

 File - работа со документот (отварање нов, отварање постоечки


документ, меморирање, затварање, печатење, уредување на изгледот
на страната и сл.)

 Edit - работа со текстот преку селектирање, копирање,


отсекување,поставување, бришење, пронаоѓање текст и сл.

 Insert - внесување слики, дијаграми, броеви на страниците и сл.

 Format - уредување на текстот

 Table - работа со табеларен приказ на текст и сл.

 View - можност за активирање на различни погледи на


текстуалниотдокумент.
Различни погледи на текстуалниот
документ

 Normal – Поглед за внесување и уредување и форматирање на текстот


–без маргини, број на страници и слично.

 Web Layot („Веб изглед“) – поглед на документот кога тој треба да се


постави како веб страница на Интернет.

 Print Layout („Изглед за печатење“) – поглед кој овозможува да се види


како ќе изгледа документот како испечатена страница. Ги прикажува
маргините и бројот на страници.

 Outline – поглед кој се користи за преглед на структурата и деловите


(наслови, поднаслови и слично) на долги документи.

 Reading Layout – Поглед на документ за читање на документот на


екран
Зголемување и намалување на
избраниот поглед

Програмата овозможува зголемување или намалување на


избраниот приказ на текстот на екран. Зголемувањето овозможува
одреден дел од текстот да биде подобро видлив со неговите детали.
Намалувањето овозможува да се види поголем дел од документот на
екранот. Големината на погледот на листот се избира со алатката Zoom
(Зумирај) од лентата Standard (Стандарден) или View → Zoom (Приказ →
Зумирај).
Приспособување на работната средина

Прикажување на лентите

Прикажување на линеарите

Слично, линеарите ќе ги вклучиш со наредбата Ruler од менито View.


Кога е прикажан, линеарот ќе биде означен со знакот

Поместување на лентите
Приспособување на работната средина

Прикажување на алатките на лентите


Приспособување на работната средина
во writer

Прикажување на лентите

Доколку не ги гледаш лентите на екранот, вклучи ги со наредбата


Алатници од менито Приказ.
Во листата прикажаните ленти се означени со знакот . Кликни на
лентата што сакаш да биде прикажан.

Прикажување на линеарите

Линеарите ќе ги вклучиш со наредбата Линијари од менито Приказ.


Кога е прикажан, линеарот ќе биде означен со знакот
Поместување на лентите
Приспособување на работната средина
во writer

Прикажување на алатките на лентите


Затворање на програмата
Microsoft Word

Од програмата Microsoft Word можеш да излезеш на


повеќе начини:

со кликнување на наредба Exit од менито File;

сo кликнување на копчето (Close) од насловната


лента;
со комбинација на тастерите Alt+F4.
Затворање на програмата Open
Office WRITER
Од програмата Open Office Writer можеме да излеземе на неколку начини:
Преку менито ДАТОТЕКA и наредбата ИЗЛЕЗ
сo кликнување на копчето (затвори) од насловната лента;
со комбинација на тастерите Alt+F4.
Отворете ја web страницата (dropbox
фајлот):

https://
www.dropbox.com/sh/
elf7bryvc0me3e2/
AABiLG-
Kd5nZwEGoLElfV5r5a?
dl=0
И изработајте ја домашна работа бр.1.
Домашната работа во MS WORD
документ да се испрати на е-маил:
miroslav.markoski@hotmail.com

You might also like