You are on page 1of 8

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.

ДОО
Друштво за градежништво, промет и услуги
Борис Трајковски бр. 111, Скопје, Македонија
Тел./факс: + 389 (0)2 3109 795, 3246 281
geing@geing.com.mk I www.geing.com.mk

ПРИРАЧНИК
за изработка на надолжни и попречни
профили во AutoCAD Civil 3D

Подготвил:
Даниел Јованчевски, дипл.геод.инж.
Прирачник за изработка на надолжни и попречни профили во AutoCAD Civil 3D

Цел
Овој прирачник овозможува следење и контрола на главните чекори во
постапката за изработка на надолжни и попречни профили врз геодетска
ситуација со ДТМ. Наменет е за полесно и побрзо вклопување во работата на
одделение геодезија.

Постапка

1. За изработка на надолжни и попречни порфили потребно е да имаме веќе


претходно креиран дигитален теренски модел (ДТМ), врз кој што сакаме
да ги пуштиме профилите.
2. Со обична полилинија повлекуваме врз ДТМ-от каде сакаме да ни биде
оската за која што ќе го пуштиме надолжниот профил.

3. По истата оска треба се пушти стационажа (Alignment)


Alignment – Create Alignment from Polyline – ја селектираме полилинијата
(по селектирањето на полилинијата имаме можност да го прилагодуваме
почетоткот и крајот на стационажата во двете насоки со командата
REVERSE која што самата ни се нуди со појавување на бела стрелка на
средината од полилинијата веднаш по нејзиното селектирање)

Даниел Јованчевски 2
Прирачник за изработка на надолжни и попречни профили во AutoCAD Civil 3D

4. Во подменитео “Alignment Label Set” од претходното мени кое што ни се


појавува “Create Alignment Object” автоматски имаме можност да ги
подесуваме растојаниата од минор и мајор цртките на стационажата.

Даниел Јованчевски 3
Прирачник за изработка на надолжни и попречни профили во AutoCAD Civil 3D

1
4

5. После креирањето на стационажата (Alignment) и претходно креираниот


ДТМ (Surface) можеме да ги пуштиме надолжниот и попречните профили.
Profiles- Create Profile from Surface

6. Во менито кое што ни се појавува “Create Profile from Surface” треба да


дефинираме од која стационажа (Аlignment) т.е оска и од кој ДТМ (Surface)
ќе биде пуштен надолжниот профил.

Даниел Јованчевски 4
Прирачник за изработка на надолжни и попречни профили во AutoCAD Civil 3D

1 2

7. После “Draw in profile view” командата ни се отвара менито “Create Profile


View” каде што има подмениа за дотерување и моделирање на изгледот
на профилот, подесувања на размерот, грид мрежата и сл. По
завршување на сите подесувања со командата “Create Profile View” и
означување со клик во просторот каде што сакаме се исцртува
надолжниот профил.

8. После креирањето на надолжниот профил можеме да ги пуштиме по


истата оска попречните профили на места само каде што ние сакаме или
пак на меѓусебно еднакво растојание.

Даниел Јованчевски 5
Прирачник за изработка на надолжни и попречни профили во AutoCAD Civil 3D

Sample Line – Ја селектираме полилинијата (оската) – Enter – OK (на


менито кое што ни се појавува)
Ни се појавува курсер кој што ни овозможува возење по оската и со
кликање на местата каде што сакаме може да ги дефинираме попречните
профили со внесување на вредности за ширините на профилите лево и
десно (left/right swath width) по наша желба.

Доколку сакаме да пуштиме поголем број на попречни профили на


меѓусебно еднакво растојание тоа го правиме во менито “Sample Line
Tools” – By range of Station - Sampling Increments” со задавање на
вредностит за растојаниата помеѓу профилите.

Даниел Јованчевски 6
Прирачник за изработка на надолжни и попречни профили во AutoCAD Civil 3D

После стискање на ОК копчето попречните порфили автоматски ни се


претставени на меѓусебното растојание кои што ние сме им го
дефинирале.

9. После дефинирање на местата и бројот на попречните профили истите


треба да ги исцртаме со командата Section View – Create Multiple View -
Create Section View и со кликање во просторот каке што сакаме истите да
ни бидат исцртани.

Даниел Јованчевски 7
Прирачник за изработка на надолжни и попречни профили во AutoCAD Civil 3D

Даниел Јованчевски 8

You might also like