You are on page 1of 6

НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 2

КРЕИРАЊЕ НА БЛОКОВИ ВО AUTOCAD

ВОВЕД

Елементите како што се трансформатори, генератори, одводници на пренапони,


раставувачи, прекинувачи итн. се составен дел на скоро секоја енергетска шема и нивното
цртање отпочеток при потребата од нивно внесување на цртеж може да одзема доста време. Од
тие причини, препорачливо е на некој начин да се скрати процесот па поради тоа е пожелно да
се креираат библиотеки со готови елементи кои потоа само ќе се повикуваат од истите и како
готови ќе се внесуваат во цртежот. AutoCAD-от содржи и таква опција која елементите од еден
цртеж ги групира во таканаречен блок, кој потоа може да се сними на било каков преносен
медиум и да се користи понатаму во било кој друг цртеж. Исто така често пати во една
енергетска шема се случува да постојат и по неколку исти елементи со различни
карактеристики. Програмот овозможува и внесување на тие елементи во шемата и потоа
доделување на соодветни карактеристики специфични за елементот. Тоа се постигнува на тој
начин што при дефинирањето на блокот, на истиот му се доделува ткн. атрибут (додавка)
којшто се користи за внесување на параметрите на елементот кој е опишан со блокот. Овие
додавки може понатаму да се употребуваат и повикуваат во програми за работа со бази на
податоци, програми за пресметки или текст едитори.

ДЕФИНИРАЊЕ НА АТРИБУТИ (ДОДАВКИ)

Атрибутите се дефинираат по исцртувањето на елементите кои ќе бидат содржани во


блокот. Прво што треба да се направи е да се додадат атрибутите кои ќе ги прикажуваат
основните карактеристики на компонентата претставена со блокот. По активирање на
командата Draw-Block-Define attributes се појавува прозорец чиј изглед е прикажан на сликата
подолу.

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -1-


НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 2

Во рамките на групата Mode се наоѓаат неколку квадратчиња за потвда и тие го имаат следното
значење:

-Invisible контролира дали атрибутот ќе се прикаже на цртежот;


-Constant се креира атрибут кој содржи константна вредност која се доделува за време на
креирањето;
-Verify му посочува на програмот да ги провери вредностите на атрибутот при
внесувањето и да го праша корисникот дали се точни;
-Preset му посочува на програмот да при внесување на блок, на атрибутот автоматски му
додели вредност дефинирана при креирањето на истиот. За разлика од опцијата
Constant, оваа вредност може подоцна да се промени;

Возможно е да бидат сите четири опции вклучени, а можат и сите четири опции да бидат
исклучени. Со исклучок на опцијата Invisible ниту една од другите опции не може да се менува
откако атрибутот станува составен дел на блокот.
Во рамките на групата Insertion point се дефинира точка во однос на која се сместува
атрибутот. Внесувањето на таа точка може да биде со внес на координати во полињата означени
со X, Y и Z или пак со селектирање на точка на цртежот (Pick point).
Во рамките на групата Text options се врши избор на фонт, порамнување, висина и
поставеност на текстот кој се содржи во атрибутот.
Во рамките на групата Attribute се наоѓаат три полиња кои го имаат следното значење:

-Tag име на атрибутот што не смее да содржи празни места;


-Prompt се внесува текст за повикување кој се појавува во командната линија при
внесување на блок кој го содржи овој атрибут;
-Value вредност на атрибутот;

На дното од самиот прозорец се наоѓа поле Align before previous attribute definition, кое ако е
вклучено, му наложува на програмот наредниот атрибут да го постави под претходниот.
Опцијата не се користи при создавање на првиот атрибут од причини што нема во однос на што
да се подреди истиот.
По завршување на овој циклус од наредби, атрибутот ќе биде внесен на цртежот и на истиот ќе
биде претставен со својот tag а не со својата вредност и тоа ќе остане така се додека атрибутот
не биде внесен во блокот. Понатамошното дефинирање на атрибути е исто како и
горенаведеното, со таа разлика што сега се активира и опцијата Align before previous attribute
definition што ќе овозможи поставување на наредните атрибути под претходно дефинираните.

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -2-


НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 2

ДЕФИНИРАЊЕ НА БЛОКОВИ

Откако се дефинирани сите атрибути кои треба да бидат доделени на блокот, може да се
премине на креирање на блокот. Тоа се прави со наредбите Draw-Block-Make (или пак со
испишување на наредбата Block во командната линија) по што се отвара прозорец како тој
прикажан на сликата подолу.

Во полето одредено за име на блокот (Name) се внесува името на блокот. Со кликнување


на иконата Select object програмот преминува на цртежот кадешто се одбираат елементите и
сите атрибути кои треба влезат во состав на блокот. На крајот е потребно да се одреди
референтна точка на блокот (Base point). Тоа е точка во однос на која веќе дефинираниот блок
понатаму се внесува на цртежот. Со кликнување на иконата Pick point се извршува тоа
дефинирање.
Во групата Preview icon се дефинира икона која му се доделува на блокот или не. Во
опаѓачката листа Insert units се избира мерната единица во која блокот понатаму ќе се внесува
на цртежи. Потоа се кликнува OK и бидејќи дефинираниот блок содржи атрибути, на
мониторот се појавува следниот прозорец, прикажан на сликата подолу. Тука е можно да се
менува вредноста на атрибутите кои постојат и кои се однесуваат за соодветна компонента
претставена со блокот. По кликнување на OK се завршува со дефинирање на блокот.
Со блоковите понатаму се работи исто како да се работи со еден единствен елемент (на
пр. линија, круг, многуаголник и слично). Понатаму, сите атрибути кои ги содржи блокот се
претставени со своите вредности.

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -3-


НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 2

Можно е да се изврши и промена на вредноста на некој од атрибутите во блокот,


доколку некој од нив е внесен по грешка или пак неговата вредност е различна од претходно
внесената. Со двојно кликнување на текстот кој припаѓа наатрибутите, се отвара прозорец како
тој прикажан на сликата подолу, во кој можат да се вршат корекциите.

Вака создадениот блок, постои како готов и претставува составен дел од цртежот и е
зачуван во рамките на неговата датотека. Доколку формираниот блок треба да се користи и во
други цртежи, неопходно е истиот да се зачува на некој медиум како посебна датотека. За таа
цел се повикува наредбата Export од менито File по што се отвара стандарден Windows
прозорец за зачувување на документи каде што се внесува името на блокот и се одбира

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -4-


НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 2

екстензијата на документот (треба да биде од тип *dwg). По зачувување на блокот, сега е можно
овој блок да се користи и во други цртежи.
Внесувањето на блокот во други цртежи сега е возможно со повикување на наредбата
Block од менито Insert по што се прикажува прозорец како тој на сликата подолу. Тука се
определува точката на внесување на блокот, размерот и поставеноста на цртежот.

ЗАДАЧА:

Да се исцртаат следните елементи прикажани на сликата:

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -5-


НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ И ОСВЕТЛЕНИЕ ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА 2

1. Да се креира блок за приказ на нисконапонски енергетски кабел кој во себе ќе


содржи два атрибута, еден за ознака на кабелот и друг за должина на кабелот.
2. Да се креира блок за приказ на осигурувач со топлив вметок кој во себе ќе содржи
два атрибута, еден за тип на осигурувачот и друг за номинална струја.
3. Да се креира блок за приказ на приклучница кој во себе ќе содржи еден атрибут
кој се однесува на типот на приклучницата.
4. Да се креира блок за приказ на светилка кој во себе ќе содржи два атрибута, еден
за производителот на светилката и друг за моќноста на светилката.
5. Да се креира блок за приказ на трансформатор кој во себе ќе содржи три
атрибута, еден за производителот на трансформаторот, друг за моќноста и трет за
шема и група на соединување.
6. Да се креира блок за приказ на трифазен мотор кој во себе ќе содржи пет
атрибути, еден за тип на моторот, друг за моќност, трет за напон, четврт за
коефициент на полезно дејство и пет за фактор на моќност.
7. Документот да се зачува и предаде на наредниот час од вежбите.

Дипл.ел.инж.Јовица Вулетиќ -6-

You might also like